Прејди на содржината

Милош Црњански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милош Црњански
Милош Црњански на српска поштенска марка од 2010 година
Роден/а26 октомври 1893
Чонград, Австроунгарија
Починат/а30 ноември 1977(1977-11-30) (возр. 84)
Белград, СФР Југославија
Занимањепоет, писател, новинар, дипломат
Јазиксрпски
Националностсрпска
Апсолвент наУниверзитет во Виена, Универзитет во Белград
Периодавангарда
Книжевно движењеекспресионизам
Значајни делаСелидби, Ламент над Белград, Дневникот за Чарнојевиќ, Роман за Лондон
Сопруг/аВида Ружиќ

Милош Црњански (Чонград, 26 октомври 1893Белград, 30 ноември 1977) — српски книжевник и еден од најзначајните творци на српската книжевност во XX век. Исклучителен е како поет, раскажувач, романсиер и публицист. Познат е и како ликовен критичар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Црњански е роден 26 октомври 1893 година во Чонград,[2] во Австроунгарија (денес Унгарија), во осиромашено градско семејство. Неговиот татко Тома бил чиновник кој поради своето темпераментно застапување на српската малцинска политика бил „протеран“ од Банат, од Иланџа (која Црњански ја нарекувал Иланчо, по нејзиното старо име) во Чонград, кој според Црњански бил некаков вид „тогашен чиновнички Сибир".[3] Неговата мајка се викала Марина Вујиќ, е родена во Панчево.[4]

Детство и образование

[уреди | уреди извор]
Милош Црњански како австроунгарски војник во 1914 година

Милош Црњански од 1896 година растел во Темишвар, во патријархално-патриотска средина што ќе му создаде култ кон Србија и нејзиното минато ќе го всади во неговата душа како најсилна реликвија. Најдлабока и најтрајна сензација на своите детски и младешки години доживеал во типично српски национални и верски содржини: црковно училиште, икони на свети Сава, темјан, православно српско гробје со ритуални погреби и задушници, вечерни приказни и песни за Србија, ајдукување и набивање на колец — сето тоа со детски емоции се претвора во траен немир и непресушен извор, надеж, радости, сомнежи, разочарувања и воскревања.

Основно училиште завршил во српска вероисповедна школа кај учителот Душан Бериќ во Темишвар. Матурирал во темишварска гимназија кај католичките фратри пијаристи. Според сопствените зборови, бил среден ученик до татковата смрт, односно до петтото одделение во гимназијата, а тогаш решил „во иднина да биде меѓу првите“, што и остварил. Во летото 1912 година заминал во Опатија, а потоа се запишал во речна експортна академија. Играл фудбал во клубот „Викторија“ на Сушак (источен дел на Риека).[3]

Во 1913 година се запишал на медицина во Виена но тој факултет никогаш не го завршил.

Првата песна „Судба“ Црњански ја објавил во сомборското детско списание „Голуб“ во 1908 година. Во 1912 година во сараевска „Босанска вила“ е печатена неговата песна „На почетокот беше сјај“ („У почетку беше сјај“).

Црњански и членовите на југословенската амбасада во Рим, 1939 година

Творештво

[уреди | уреди извор]

Најзначајни дела на Црњански се:

Влијание и значење

[уреди | уреди извор]

Во 1922 година, Иво Андриќ напишал песна со наслов „М. Цр.“, посветена на Црњански,[5] а исто така, Црњански е главниот лик во расказот „Смртта на Милош Црњански“ на Милорад Павиќ од 1986 година,[6] како и еден од двата главни лика во расказот „Заминување во Киленц“ (српски: Odlazak u Kilenc) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[7]

  1. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 337.
  2. „Сеоба“ Црњанског у Чонграду („Политика“, 19 мај 2010), Посетено на 13. 4. 2013.
  3. 3,0 3,1 Црњански за себе - Коментари со "Итака", во: Милош Црњански II, Српска књижевност у сто књига, књига 82, Матица српска/Српска књижевна задруга, 1972.
  4. Кицош и женскарош („Вечерње новости“, 16. октобар 2008)
  5. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 207.
  6. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 169-171.
  7. Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 115-128.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]