Прејди на содржината

Ликовен критичар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ликовен критичар или критичар на уметност е лице чија специјалност е да вреднува или опишува уметнички дела. Пишаните критики (рецензии) се издаваат по весници, списанија, книги или мрежни места. колекционерите и патроните на уметноста често се користат со советите што им ги даваат ликовните критичари.

Ликовниот критичар оди по изложби, галерии, музеи или ликовни студија каде ги гледа делата кои потоа ги критикува.

Професионалните ликовни критичари имаат остро око и темелно познавање на историјата на уметноста. Меѓутоа знаењето само по себе не значи дека критичарот ќе знае дали едно уметничко дело, изложба или уметник ќе се истакне во историјата како со својата величина.

Многу од денес славните уметници не биле признаени за такви од страна на ликовните критичари во нивното време, често од причина што нивниот стил не бил сфатлив или посакуван во тоа време. наспроти ова, некои критичари, наречени критичари-поборници се занимавале со толкување и промовирање на нови уметнички движења — пример е Роџер Фрај, поборник за постимпресионизмот.

Некои славни ликовни критичари

[уреди | уреди извор]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]