Владимир Величковски
Владимир Величковски | ||
Роден | 7 мај 1949 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Националност | македонец | |
Занимање | Историчар на уметноста, професор |
Владимир Величковски (7 мај 1949, Скопје) — македонски историчар на уметноста, професор, ликовен критичар.[1].
Животопис[уреди | уреди извор]
Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1997), а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Бил професор на Филозофскиотфакултет во Скопје. Значаен во 80-те години за проблематизирањето на новите појави во македонската ликовна уметност.
Творештво[уреди | уреди извор]
Неговата главна критична мисла е дека во Македонија е редуцирана и потценета ликовната критика како активност. Гаснењето на интересот и на медиумите оди во прилог на гаснење на ликовната критика, а со тоа и на развојот на националната култура[2].
Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје ја издала книгата на Владимир Величковски „Уметнички критики и есеи“, која е петтиот том со истоимен наслов на овој автор. Книгата содржи текстови пишувани и објавувани по 1973 година, од кога тој интензивно се занимава со ликовна критика. Оттогаш до денес, тој претставува најдоследниот и најтемелниот хроничар на ликовниот живот во Македонија, вреднувајќи ги преку ликовната критика и есејот сите позначајни настани, изложби, појави, тенденции и слично. Владимир Величковски досега објавил повеќе од четириесет дела од областа на ликовните уметности, од кои најголемиот дел се монографски изданија. Тој по вокација е сликар, а е и автор на повеќе тематски и групни изложби[3].