7 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31  

7 мај — 127-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (128-и во престапна година). Остануваат 238 денови до крајот на годината.

Настани:

Грб на универзитетот МГУ „Ломоносов“ во Москва
1755  На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука.
1838  Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија.
1929  За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939  Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“.
1993  Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999  Бомбардирана кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
2012  Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија.

Родени:

1711  Дејвид Хјум — шкотски филозоф и економист.
1833  Јоханес Брамс — германски композитор - романтичар.
1840  Петар Илич Чајковски — руски композитор, еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1841  Гистав Ле Бон — истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“.
1861  Рабиндранат Тагоре — индиски поет и мислител.
1892  Јосип Броз - Титојугословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
1901  Гари Купер — американски глумец.
1919  Ева Перон — сопруга на претседателот на Аргентина, Хуан Перон.
1940  Артур Блајт — американски џез-музичар.
1951  Карлос Аломар — порторикански гитарист.
1986  Евгениј Воронов — руски кошаркар.
1993  Ајла Томљановиќ — австралиска тенисерка.
1995  Џек Хендри — шкотски фудбалер.
1997  Јури Тилеманс — белгиски фудбалер.

Починале:

1840  Каспар Давид Фридрих — најистакнат сликар на германскиот романтизам.
1906  Андонис Влахакис — андартски капетан.
1924  Димитар Благоев — бугарски политичар
1925  Тодор Паница — бугарски револуционер, деец на ВМОРО