Владимир Путин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Владимир Путин
Vladimir Putin - 2006.jpg

Во служба
Стапил
7 мај 2012
Премиер Виктор Зубков
Димитриј Медведев
Претходник Димитриј Медведев
Во служба
31 декември 1999 – 7 мај 2008
31 декември 1999 – 7 мај 2000
Премиер Михаил Касјанов
Виктор Кристенко
Михаил Фрадков
Виктор Зубков
Претходник Борис Елцин
Наследник Димитриј Медведев

Во служба
8 мај 2008 – 7 мај 2012
Претседател Димитриј Медведев
Заменик Игор Шувалов
Претходник Виктор Зубков
Наследник Виктор Зубков (Acting)
Во служба
9 август 1999 – 7 мај 2000
9 август 1999 – 16 август 1999
Претседател Борис Елцин
Заменик Виктор Кристенко
Михаил Касјанов
Претходник Сергеј Степашин
Наследник Михаил Касјанов

Претседавач на Советот на министри на Русија-Белорусија
Во служба
Стапил
27 мај 2008
Претходник нема

Генерален секретар на Единствена Русија
Во служба
Стапил
1 јануари 2008
Претходник нема

Претседател на Единствена Русија
Во служба
1 јануари 2008 – 30 мај 2012
Претходник Борис Гризлов
Наследник Димитриј Медведев

Директор на ФСБ
Во служба
25 јули 1998 – 29 март 1999
Претседател Борис Елцин
Претходник Николај Ковалов
Наследник Николај Петрушев
Лични податоци
Роден(а) Vladimir Vladimirovich Putin
7 октомври 1952 (1952-10-07) (61 г.)
Ленинград, Советски Сојуз
(денес Санктр Петербург, Русија)
Партија КПСС (пред 1991)
Наш дом - Русија (1995–1999)
Единство (1999–2001)
независен (1991–1995; 2001–2008)
Единствена Русија (2008–денес)
Сопружник Људмила Путина
Деца Марија
Екатерина
Образование Ленинградски универзитет
Вероисповед Руска православна црква
Потпис Потпис на
Портал Матична страница
Воена служба
Припадност  СССР
Род КГБ
Служба 1975–1991
Чин подполковник

Владимир Владимирович Путин (руски: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин, роден на 7 октомври 1952 година) е руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.[1][2].

Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесетите години[3][4]. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите три пати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%.[5][6][7][8][9][7][6][10]. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз[11][12][13][14].

Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска суперсила.[15][16]. Освен тоа, Путин подржал и развој на нуклеарната и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестиции[17] донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.

Во Русија, лидерството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг[18]. Според некои, голем дел од неговите дела се карактеризирале како недемократски[19]. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор,[20][21][22], кое Путин категорично го негира.

Рани години[уреди]

Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација)[23] како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години[24]. Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде често пати престојувал и самиот Владимир Путин.[25].

Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот принц на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да стане Путин[26].

Во својата автобиографија Во прво лице[24] кое се базира на интервју со Путин, се зборува за скромниот живот на Путин кој живеел во комунален стан во Ленинград. На 1 септември 1960 година тој започнал да оди во училиштето број 193 кое се наоѓало спроти неговата куќа. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сеуште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.

Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет.[27]. Неговата докторска тема била под наслов "Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи" според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика.[28]. Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година[29]. Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Анатолиј Собчак во тоа време бил доцент и предавал на Путин[30].

Кариера во КГБ[уреди]

Путин се приклучил во КГБ во 1975 година, по дипломирањето, и бил подложен на обука од една година во 401-то училиште во Охта, Ленинград. Тој потоа продолжил да работи кратко време како контраразузнавач пред да биде префрлен во главната дирекција на КГБ каде меѓу своите должности му биле следење на странски државјани и на конзуларните функционери во Ленинград.[31][32]

Во периодот од 1985 до 1990 година, Путин од страна на КГБ бил пуштен во Дрезден, Источна Германија.[33] По падот на источногерманската влада, Путин бил повикан да се врати во Ленинград, каде во јуни 1991 година започнал да работи во Ленинградскиот државен универзитет кај заменик-ректорот Јуриј Молчанов.[34], односно на вториот ден од неуспешниот Агустовски пуч против советскиот претседател Михаил Горбачов.[35] Путин подоцна за овие настани изјавил: „Штом започна ударот, јас веднаш одлучив на која страна ќе бидам“ и покрај тоа што неговиот избор бил тежок, бидејќи претходно најголемиот дел од својот живот работел во органите на КГБ.[36]

Рана политичка кариера[уреди]

Санкт Петербург[уреди]

Во мај 1990 година, Путин бил назначен за советник за меѓународни прашања на тогашниот градоначалник и негов пријател Анатолиј Собчак. На 28 јуни 1991 година бил назначен за шеф на Комитетот за надворешни односи на канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург, со одговорност да ги промовира меѓународните односи и да привлече странски инвестиции. Во тоа време Путин се нашол под истрага од страна законодавниот дом во градот. Според членовите на комисијата, Путин дозвол извоз на метали во вредност од 93.000.000 $, во замена за надворешна помош во храна што никогаш не пристигнала[37][38]. И покрај препораката на Европската комисија дека Путин треба да биде отпуштен, Путин останал на позицијата шеф на Комитетот за надворешни односи до 1996 година[39][40].

Москва[уреди]

Во 1996 година, Анатолиј Собчак бил поразен на изборите во Санкт Петерсбург за градоначалник. Путин бил повикан во Москва и во јуни 1996 година станал заменик-шеф на претседателскиот кабинет за управување со имот, каде на чело се наоѓал Павел Бородин. На таа позиција останал до март 1997 година.

На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именувал Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, каде на таа позиција останал до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначил за шеф на ФСБ, каде се задржал до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Прв премиерски мандат[уреди]

На 9 август 1999 година, Владимир Путин бил назначен за еден од трите заменик-премиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин станал премиер поставен од страна на Ворис Елцин.[41]. Елцин исто така изјавил дека сака да го види Путин како негов наследник на претседателската функција. Подоцна Путин се согласил да се кандитира за претседател[42]. На 16 август Државната дума го одобрило неговото назначување за премиер со 233 гласа, наспроти 84 против, 17 воздржани[43]. По неговото именување, тогаш непознатиот Путин за поголемата руска јавност, аналитичарите очекувале дека неговиот мандат нема да трае долго, слично како и неговите претходници.

Како главни противници застанале московскиот градоначалник Јуриј Лужков и поранешниот премиер Евгениј Примаков, кој веќе воделе кампања да го заменат Елцин од претседателската позиција. Популарноста на Путин во голема мера се зголемила кога Исламската меѓународна бригада ја започнала Дагестанската инвазија, главно поради неговата непопустливост во однос на конфликтот на Северен Кавказ.

Вршител на должност[уреди]

На 31 декември 1999 година, Елцин неочекувано поднел оставка од позицијата претедател на Руската Федерација. Според уставот, Путин станал в.д. претседател.

Претседателската должност Путин ја потпишал на 31 декември 1999 година. Освен ова била потпишана и гаранција за поранешниот претседател на Руската федерација и членовите на неговото семејство.[44][45], според која нема да бидат покренети обвиненија за корупција против претседателот во заминување.

Додека неговите противници се подготвувале за изборите во јуни 2000 година, оставката на Елцин резултирала со претседателски избори кои биле закажани во март 2000 година, на кои Путин победил со 53% од гласовите[46].

Прв претседателски мандат[уреди]

Владимир Путин бил инаугуриран за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал дектет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.

За време на неговиот прв мандат, тој започнал да се справува со моќта на дел од поранешните олигарси на Елцин, како што се Борис Березовски, кој според самиот него му помогнал на Путин да влезе во претседателскиот кабинет и ја финансирал кампањата на Путин[47][48].

Во периодот од 2000-2004 година завршила т.н. Јукос афера, период во кој Путин започнал отворена војна со најголемиот дел од руските олигарси. Според оваа зделка, на олигарсите им било дозволено да го задржат поголемиот дел од своите имоти во замена за нивна експлицитна поддршка на владата[49][50] .

Еден од првите поголеми предизвици на Путин дошол по потонувањето на подморницата Курск каде тој бил жестоко критикуван. Во декември 2000 година Путин го променил и законот за националната химна на Русија. Химната ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990 година. Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера. Новиот текст бил составен од страна на Александар Василевич Александров со мали измени од Сергеј Михалков кој претходно бил автор на текстот на двете верзии од советската химна[51][52].

Многумина во рускиот печат и во меѓународните медиуми предупредиле дека смртта на околу 130 заложници во спасувачката операција на специјалните сили во текот на Московската театарска заложничка криза сериозно ќе му наштети на популарноста на претседателот Путин. Меѓутоа, кратко време по опсадата, рускиот претседател уживал рекорден процент на популарност од 83%, односно 83% од Русите се изјасниле дека се задоволни од Путин и неговото справување со опсадата[53].

Неколку месеци пред изборите, Путин го отпуштил Касјанов и го назначил Михаил Фрадков за нов премиер на земјата. Сергеј Иванов станал министер за одбрана. Во 2003 година бил одржан референдум во Чеченија за усвојување на новиот устав кој ја декларира републиката како дел од Русија. Чеченија постепено се стабилизирала со одржувањето на парламентарните избори[54][55].

Втор претседателски мандат[уреди]

На 14 март 2004 година, Путин бил реизбран за претседател на земјата, освојувајќи 71% од гласовите[46].

Во почетокот на септември 2004 година се одвила Бесланската заложничка криза каде биле убиени повеќе од 300 луѓе, повеќе од нив деца. По крајот на овој терористички акт, Путин покренал иницијатива за директен избор на гувернерите и претседателите на руските земји од страна на Претседателот на Руската Федерација и истиот ќе биде одобрен од страна на регионалните законодавни тела[56][57].

Во 2005 година, Националниот приоритетен проект бил основан за подобрување на здравствената заштита на Русија, како и подобрување на образованието, домувањето и земјоделството. Како резултат на тоа во 2006 година следувало зголемување на платите во здравството и образованието како и одлуката за модернизација на опремата во двата сектора во 2006 и 2007 година[58]. Во 2006 година Путин најавил и поголеми породилни бенифиции и поголема државна подршка за грижа на жените. До 2012 година, демографските програми на Владата довеле до зголемување за 45% на породилните бенефиции за родено второ дете, 60% зголемување за трето дете и.т.н[59].

Континуираното кривично гонење на тогаш најбогатиот човек во Русија, претседателот на Јукос Михаил Ходорковски за измама и даночно затајување, беше видено од страна на меѓународниот печат како одмазда кон Ходорковски[60].

Путин бил критикуван на западните земји како и од страна на руските либерали за напад врз слободата на медиумите во Русија. На 7 октомври 2006 година, Ана Политковскаја, новинарка која изложила корупцијата во руската војска и нејзиното однесување во Чеченија, била застрелана пред влезот на нејзината зграда. Смртта на Политковскаја предизвикало негодување во западните медиуми со обвинувања дека во најдобар случај Путин не успеал да ги заштити независните медиуми во земјата[61][62] Кога бил прашан за убиството на Политковскаја во интервју за германскиот телевизиски канал АРД, Путин изјавил дека нејзиното убиство носи многу повеќе штета на руските власти од самото нејзиното пишување и известување[63].

Во 2007 година биле организирани протести од опозициската група Друга Русија[64] предводени од поранешниот шаховски шампион Гари Каспаров и национално-болшевичката лидер Едвард Лимонов. По претходно предупредување, демонстраците во неколку руски градови биле исполнети од страна на полициската акција и апсење на околу 150 луѓе кои се обиделе да ги пробијат полициските линии[65].

На 12 септември 2007 година, Путин ја распуштил Владата по барање на премиерот Михаил Фрадков. Виктор Зубков бил назначен за нов премиер.[66]. Во декември 2007 година, Единствена Русија освоила 64,24% од гласовите за Државната дума според изборните резултати.[67], наспроти најголемиот конкурент, Комунистичка партија на Русија, која освоила 12% од гласовите[68].

На 8 февруари 2008 година, Путин одржал говор пред на Државниот совет на Руската Федерација под наслов "Стратегија за развој на Русија до 2020 година"[69]

Втор премиерски мандат[уреди]

По крајот на својот втор мандат, Путин според законот немал право да бара трет последователен претседателски избор. Првиот заменик-премиер Димитриј Медведев бил избран за негов наследник. На 8 мај 2008 година, само еден ден по предавањето на претседателството на Медведев, Путин бил назначен за премиер на Русија одржувајќи ја својата политичка доминација во земјата[70].

Светската економска криза од 2008 година ја погодила и руската економија, прекинувајќи го протокот на евтини западни кредити и инвестиции. Ова се совпаднало и со тензиите меѓу западот и Русија по војната во Јужна Осетија и Грузија.

Сепак, големите финансиски резерви, акумулирани во изминатиот период од високите цени на нафтата помогнале на земјата да се справи со кризата и да продолжи со економскиот раст од средината на 2009 година. Самите антикризни мерки на руската влада биле пофалени од страна на Светската Банка[71]. Надминувањето на последиците од економската криза[59] како и стабилизирањето на големината на населението на Русија во периодот меѓу 2008 и 2011 година по големиот демографски пад на населението во 1990-тите биле најуспешните работи во текот на премиерскиот мандат на Путин.[59].

На конгресот на Единствена Русија кој се одржал на 24 септември 2011 година, Медведев официјално го предложил Путин за кандидат за претседател, понуда која Путин ја прифатил. По парламентарните избори од декември 2011 година, десетици илјади Руси протестирале против наводната изборна измама. Овиер протести биле најголемите во текот на доминацијата на Путин во руската политика. Демонстрантите барале поништување на изборните резултати[72].

Трет претседателски мандат[уреди]

На 4 март 2012 година, Путин победил на претседателските избори освојувајќи 63,6% од гласовите.[46]. И покрај превземаните чекори за изборна транспарентност, гласањето било критикувано од страна на руската опозиција и некои меѓународни институции. Неколку шефови на држави му ја честитале победата на Путин. Ху Џинтао му честитал на Путин за преземањето на функцијата и му посакал на рускиот народ поголеми достигнувања во развојот на нивната земја под раководство на Путин.[73]

Антипутински протести се одржале за време и непосредно по претседателската кампања. На 6 мај 2012 година, во Москва се собрале меѓу 8 000 и 20 000 демонстранти.[74][75] На 6 мај, околу 80 луѓе биле повредени во нередите со полицијата,[76] а 450 биле уапсени, плус околу 120 следниот ден.[77] .

Путин бил инаугуриран во Кремљ на 7 мај 2012 година. На првиот ден како претседател, Путин издал 14 претседателски декрети.

Во ноември 2013 година, во Сеул, претседателот на Светската теквондо организација, Чо Чунг Вон, го прогласил Путин за почесен мајстор по теквондо, со црн појас од деветти степен. На тој начин, Путин го надминал глумецот Чак Норис, кој е носител на црн појас од осми степен.[78]

Наводи[уреди]

  1. Putin Hails Vote Victory, Opponents Cry Foul RIAN
  2. „Elections in Russia: World Awaits for Putin to Reclaim the Kremlin“. The World Reporter. март 2012. http://www.theworldreporter.com/2012/03/elections-in-russia-world-awaits-for.html. конс. 1 март 2012. 
  3. McFaul, Michael; Stoner-Weiss, Kathryn (2010). „Elections and Voters“. White, Stephen. „Developments in Russian Politics 7“. New York: Palgrave McMillan. стр. 72. ISBN 9780230224490. 
  4. Krone-Schmalz, Gabriele (2008). „Der Präsident“ (на German). „Was passiert in Russland?“ (4 издание). München: F.A. Herbig. ISBN 978-3-7766-2525-7. 
  5. Guriev, Sergei; Tsyvinski, Aleh (2010). „Challenges Facing the Russian Economy after the Crisis“. Anders Åslund, Sergei Guriev, Andrew C. Kuchins. „Russia After the Global Economic Crisis“. Peterson Institute for International Economics; Centre for Strategic and International Studies; New Economic School. стр. 12-13. ISBN 9780881324976. 
  6. 6,0 6,1 Russians weigh Putin's protégé“, 3 мај 2008 (конс. 29 декември 2008).
  7. 7,0 7,1 Putin's Economy – Eight Years On. Russia Profile, 15 August 2007. Retrieved on 23 April 2008
  8. of Russia from 1992 to 2007 International Monetary Fund Retrieved on 12 May 2008
  9. Russia’s economy under Vladimir Putin: achievements and failures RIA Novosti Retrieved on 1 May 2008
  10. „RUSSIA AVERAGE MONTHLY ACCRUED WAGES OF EMPLOYEES“. Russia's Federal State Statistics Service. http://www.gks.ru/bgd/regl/b08_12/IssWWW.exe/stg/d01/07-08.htm. 
  11. „Oil & Natural Gas Sector in Russia: Fueling Growth“. Thomas White Intl. јануари 2011. http://www.thomaswhite.com/explore-the-world/bric-spotlight/2010/russia-oil-and-gas.aspx. 
  12. „Russian Economic Report“. World Bank. ноември 2009. http://siteresources.worldbank.org/INTRUSSIANFEDERATION/Resources/305499-1245838520910/rer20fulltext_eng.pdf. конс. 1 ноември 2009. 
  13. „The Putin Paradox“. Americanprogress.org. 24 јуни 2004. http://www.americanprogress.org/issues/2004/06/b99061.html. конс. 2 март 2010. 
  14. Rutland, Peter (2005). „Putin's Economic Record“. White, Gitelman, Sakwa. „Developments in Russian Politics“. 6. Duke University Press. ISBN 082233522012. 
  15. Russia, China in Deal On Refinery, Not Gas by Jacob Gronholt-Pedersen. Wall Street Journal, Sept 22, 2010
  16. Did A New Pipeline Just Make Russia The Most Important Energy Superpower By Far by Graham Winfrey. Business Insider, 6 Jan 2010
  17. ПОСТУПЛЕНИЕ ИНОСТРАННЫХ ИНВЕСТИЦИЙ ПО ТИПАМ Rosstat
  18. Индексы levada.ru
  19. Treisman, D. „Is Russia's Experiment with Democracy Over?“. UCLA International Institute. http://www.international.ucla.edu/article.asp?parentid=16294. конс. 31 декември 2007. 
  20. Andrew Osborn. „Fears Vladimir Putin will turn Russia into outright dictatorship“, 25 септември 2011 (конс. 25 септември 2011).
  21. Stephen Romei. „Putin the elected dictator is doomed, biographer claims“, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  22. David Miliband: Vladimir Putin Is A 'Ruthless Dictator'“, 3 април 2012 (конс. 3 април 2012).
  23. Biography at the Russia's Prime Minister web site, in Russian
  24. 24,0 24,1 „First Person“. trans. Catherine A. Fitzpatrick. PublicAffairs. 2000. стр. 208. ISBN 978-1-58648-018-9. 
  25. (Sakwa 2008, стр. 2)
  26. Pravda, English Edition, 05.11.2002
  27. theme: руски: «Принцип наиболее благоприятствуемой нации»Выпускники за 1975 год. Saint Petersburg State University's website. ("The principle of most favored nation").
  28. Mehdi, Ahmed (6 мај 2012). „Putin's Gazprom Problem“. ForeignAffairs.com. http://www.foreignaffairs.com/articles/137615/ahmed-mehdi/putins-gazprom-problem. конс. 11 мај 2012. 
  29. Владимир Путин. От Первого Лица. Chapter 6
  30. Pribylovsky, Vladimir (2010). „Valdimir Putin“ (на Russian). „Власть-2010 (60 биографий)“. Moscow: Panorama. стр. 132–139. ISBN 978-5-94420-038-9. http://scilla.ru/works/knigi/vlast2010.pdf. 
  31. (Sakwa 2008, стр. 8–9)
  32. Hoffman, David. „Putin's Career Rooted in Russia's KGB“, The Washington Post, 30 јануари 2000.
  33. „Putin set to visit Dresden, the place of his work as a KGB spy, to tend relations with Germany“. International Herald Tribune. 9 октомври 2006. http://www.iht.com/articles/ap/2006/10/09/europe/EU_GEN_Germany_Russia.php. 
  34. . Путин конечно поднел оставка како агент на КГБ со ранг на потполковник на 20 август 1991 година. Грешка во наводот: Ознаката <ref> определена во <references> има групен атрибут „“ кој не се јавува во претходен текст..
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg