Андонис Влахакис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Antonios Vlahakis (Kapetan Litsas).jpg
Роден 12 октомври 1874
Паница, Грција
Починал 7 мај 1906
Осничани, Грција

Андониос или Андонис Влахакис (Αντώνης Βλαχάκης) бил андарстки капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и ученик во Борбата за Македонија.

Биографиј[уреди | уреди извор]

Влахакис е роден 1874 година во селото Мирсини (Паница во областа Мани на Пелопонес. Како грчки војник учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година, бил ранет во битката кај Фарсала и поради тоа бил одлкуван со сребрен крст.

Во септември 1905 година формирал чета од 48 души и заминал за МАкеоднија. Дејствувал во реонот на Костенаријата под псевдонимот капетан Лицас. Во селото Старичани, тој се судрил со Митре Влаот, војвода на Македонската револуционерна организација [1].

На 20 декември 1905 година, Лисац заедно со четата на капетан Лукас го нападнал селото Езерец, при нападот биле изгорени две куќи и биле убиени неколку души од селската милиција. На 1 јануари 1906 година соединетата чета на Лисац и Лукас повторно го нападнале Езерец, но андартите биле одбиени од страна на Фарсала и селската милиција [2][3].

По овој судир Влахакис се вратил во Атина за да ја реорганизира својата чета и во април 1906 година се вратил во Македонија со 85 души.

На 7 мај 1906 година андарстката чета на Андонис Влахакис и подпоручикот Леонидас Петропулакис го нападнала селото Осничани од Жиковишкиот манастир. Нумо Кировски и Кољо Бараков, членови на реонската чета на Македонската револуционерна организација, застанале на чело на селската чета и се судриле со андартите, во судирот учествувал и Тана Кировска [4]. Борбата траела неколку часа, а во неа биле убиени андарстките водачи Влахакис и Петропулакис. Со доаѓањето на аскерот, андартите се повлекле [5] Според грчки извори андартските загуби се 15 убити и 11 ранени.[6].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Αντώνης Βλαχάκης - Καπετάν Λίτσας
  2. Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996
  3. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.196, стр.220. Според Силянов нападението е станало на 9 януари.
  4. „Илюстрация Илинден“, 1937 г., бр.88, стр.11
  5. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, стр.221.
  6. Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996