4 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31  

4 мај — 124-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (125-и во престапна година). Остануваат 241 денови до крајот на годината.

Настани:

1494  Кристофер Колумбо пристига на Јамајка
1814  Наполеон Бонапарт пристига на островот Елба, каде што е протеран по својот пораз
1886  Во Чикаго се случуваат Хејмаркетските немири поврзани со штрајкот од Први мај
1904  САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1953  Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за „Старецот и морето“.
1979  Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Британија
1993  Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународниот сојуз за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

Родени:

1008  Анри Iкрал на Франција.
1881  Александар Керенски — руски политичар.
1900  Антун Аугустинчиќ — југословенски и хрватски вајар.
1909  Методи Поповски — македонски партизански командант.
1913  Катерина — грчка принцеза.
1921  Едо Муртиќ — хрватски сликар.
1928  Хосни Мубарак — претседател на Египет.
1929  Одри Хепберн — британска глумица со белгиско потекло.
1930  Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер.
1953  Нина Гопова — руска кану-спринтерка.
1953  Пија Задора — американска поп-пејачка и глумица.
1958  Кит Харинг — американски сликар.
1959  Валдемарас Хомичиус — литвански и советски кошаркар и тренер.
1969  Давид А. Бадер — американски информатичар.
1981  Александар Колобнев — руски велосипедист.
1981  Давид де ла Фуенте — шпански велосипедист.
1985  Бо Мекејлеб — македонски кошаркар од американско потекло.
1985  Фернандињо — бразилски фудбалер.
1987  Францеск Фабрегас — шпански фудбалер.
1988  Раџа Наинголан — белгиски фудбалер.
1989  Даниел Ѓурта — унгарски пливач.

Починале:

1453  Едвард — англиски принц.
1481  Караманли Мехмед-паша — османлиски државник.
1811  Николај Каменски — руски генерал.
1903  Гоце Делчев — еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
1903  Димитар Гуштанов — македонски револуционер.
1909  Тома Никлев — македонски револуционер.
1912  Пере Тошев — македонски револуционер.
1949  Валентино Мацола — италијански фудбалер.
1979  Бранко Зарески — македонски поет, критичар и публицист..
1980  Јосип Броз Тито — претседател на СФРЈ.
1993  Франце Штиглиц — словенечки и југословенски режисер.
2001  Васка Илиева — македонска изведувачка на народна музика.