Давид А. Бадер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давид А. Бадер
Роден(а)4 мај 1969
Државјанство американско
Националност Американец
Полињасметачи со високи перформанси
УстановиТехнолочки факултет за копмјутери во Џорџија
ОбразованиеУниверзитетот во Мериленд
Докторски менторJoseph F. JaJa
ДокторандиMi Yan, Guojing Cong, Jinyang Liu, Matthew Sottile, Kamesh Madduri
Поважни наградиIEEE Fellow, NSF CAREER, Eagle Scout

Давид Бадер (4 мај 1969) е американски информатичар. Специјалност му е полето на високоделотворно сметање. Има зафршено факултет на универзитетот во Мериленд, и има освоено поголем број на награди.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дејвид А. Бадер е професор и извршен директор за компјутери со високи перформанси во технолошкиот факултет за компјутери во Џорџија. Исто така, Бадер беше избран за директор на првиот Sony Toshiba IBM, центар за надлежност на мобилниот процесор во институтот за технологија во Џорџија. Тој е соработник со IEEE, добитник на националната научна фондациска награда и почитуван говорник на IEEE компјутерското опшество. Неговите главни области на истражување се паралелни алгоритми, комбинаторна оптимизација, и пресметковна биологија и генетика.

Дејвид Бадер е експерт во дизајн и анализа на паралелни и повеќе јадрени алгоритми за апликации во реалниот свет како што се оние во компјутерската биологија. Добитник е на високо конкурентни награди од Националната Научна Фондација (NSF), IBM, Microsoft Research, Sony, и Sun Microsystems. Тој ко-претседавал поголем број на состаноци, IEEE меѓународната работилница за високи перформанси и компјутерска Биологија (HiCOMB), има напишано неколку поглавја во книги, и бил соуредник на специјално издание на списанието на Паралелно и дистрибуирано сметање на високоделотворна компјутерска биологија. Тој бил соавтор на над 90 статии во рецензирани списанија и конференции.

Образование[уреди | уреди извор]

Дејвид Бадер дипломирал во Liberty High School во Витлеем, Пенсилванија во 1987 година. Тој доби B.S. по компјутерско инженерство во 1990 година и M.S. по електротехника во 1991 година од Lehigh универзитетот во Витлеем, Пенсилванија. Тој тогаш доби докторат (Ph.D.) во полето електрично инженерство во 1996 година од Универзитетот на Мериленд. За време на неговите докторски студии, тој беше додипломски соработник за НАСА (1992-1996). Неговата работа беше за "дизајн и анализа на практични паралелни алгоритми за комбинаторни проблеми со апликации за обработки на слики. " По добивањето на својот докторат, тој беше награден со награда од националната научна фондација (NSF), постдокторски истражувања во експериментални компјутерски науки (1996-1997).

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 1998 до 2005 година, тој беше професор на универзитетот во Ново Мексико. Во 2005 година, Бадер се пресели во Џорџија Тех, каде што сега е редовен професор. Тој присуствувал и предавал на повеќе конференциски комитети поврзани со паралелна обработка, едитирано голем број списанија, објавено повеќе написи, и е соработник на IEEE компјутерското општество, и член на АЦМ. Бадер им служи на управниот комитет на меѓународното паралелно и дистрибуирана обработка на симпозиум (IPDPS) и HIPC конференции, и беше Општи ко-претседавач за IPDPS во 2004-2005 година, и заменик генерал за HIPC во 2002-2004. Дејвид претходно претседавал неколку конференциски комитети, и беше програмерски претседател за HIPC 2005 година, и програмерски заменик-претседател за IPDPS 2006 година. Бадер е генерал-директор на 24-тиот IPDPS, кој се одржи на 19-23 април 2010 година во Атланта, Џорџија. Бадер е уредник на неколку списанија, меѓу кои IEEE Трансакции на паралелни и дистрибуирани системи, IEEE DSOnline, паралелно компјутерски пресметки, и на АЦМ весник на експериментални алгоритми, и има објавено над 100 статии во списанија и конференции. Од јули 2003 до јуни 2007 година, Бадер исто така, беше претседател на техничкиот комитет на IEEE компјутерското општество за паралелна обработка. Во ноември 2006 година, Бадер беше избран од страна на Sony, Toshiba, и IBM, да го предводи првиот центар за компетенции на мобилни обработувачи. Бадер, исто така, работи на Internet2 истражувачкото советодавно тело. Бадер беше избран како соработник на IEEE во 2009 година. Од 2011 година, тој работи на проактивно пронаоѓање на инсајдерски закани користејќи графичка анализа.

Недамнешните трудови[уреди | уреди извор]

  • Советодавно тело, Internet2 (2007-/)
  • Помошен-уредник, Пренос на IEEE трансакции на паралелни и дистрибутивни системи (TPDS).
  • Помошен-уредник, ACM Весник за експериментални алгоритми.
  • Помошен-уредник, Паралелни Пресметки.
  • Помошен-уредник, ВЕсник за компјутерски науки.
  • Помошен-уредник (пронаоѓач), IEEE Дистрибутивни системи.
  • Член на управувачки комитет во:
  • IEEE меѓународен паралелен и дистрибутивен симпозиум (IPDPS), 2002–2006, 2009-2011.
  • IEEE меѓународна конференција за високоделотворни компјутери (HiPC), 2002–2007.
  • Меѓународен симпозиум за ефективни и експериментали алгоритми (WEA), 2005-/.
  • The Symposium on Application Accelerators in High Performance Computing (SAAHPC), 2008--/.
  • Меѓународен форум за следна генерација на повеќејадрени технологии (IFMT), 2008-/.
  • Генерален Претседател:
  • 24. IEEE меѓународен паралелен и дистрибутивен симпозиум (IPDPS, 2010), Атланта.
  • 23. IEEE меѓународен паралелен и дистрибутивен симпозиум (IPDPS, 2009), Рим, Италија.