Сеск Фабрегас

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Францеск Фабрегас)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шпанија Сеск Фабрегас
Cesc Fabregas vs Maccabi Tel-Aviv, Sep 2015.jpg
Лични податоци
Полно име Францеск Фабрегас и Солер[1]
Роден на 4 мај 1987 (1987-05-04) (воз. 31 г.)[1]
Роден во Виласар де Мар, Шпанија
Висина 1.75 м (5 ст 9 ин)[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси
Број 4
Младинска кариера
Матаро
1997–2003 Барселона Барселона
2003–2004 Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2011 Арсенал Арсенал 212 (35)
2011-2014 Барселона Барселона 96 (28)
2014- Челси Челси 119 (14)
Репрезентација
2002–2003 Шпанија Шпанија U16 8 (1)
2003–2004 Шпанија Шпанија U17 14 (7)
2005 Шпанија Шпанија U20 5 (0)
2004–2005 Шпанија Шпанија U21 11 (2)
2006– Шпанија Шпанија 110 (15)
2004– Каталонија 3 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 03
13, 14 август 2011 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 03:13, 14 август 2011 (UTC)

Франсеск „Сеск“ Фабрегас Солер (шпански: Francesc "Cesc" Fàbregas Soler) (изговор [ˈsɛsk ˈfaβɾəɣəs suˈɫeʁ̞]) (роден на 4 мај 1987 во Аренис де Мар, Каталонија, Шпанија)[2][3] е каталонски и шпански фудбалер кој игра во центарот на средниот ред на фудбалскиот клуб Челси и за за фудбалската репрезентација на Шпанија. Фабрегас ја започнал кариерата во академијата на ФК Барселона, но многу брзо потпишал за Арсенал во септември 2003 година. Во првата сезона во Англија не настапувал многу за Топчиите, но по повредите на неколку клучни играчи од средниот ред во сезоната 2004–05, добил повеќе време на теренот. Набргу Цеск станал еден од редовните стартери и плејмејкер. Поставил неколку нови клупски рекорди, добивајќи репутација на добар техничар, со одлично чувство за подавање и клучен дел од составот на Арсенал. Во меѓународниот фудбал првпат дебитирал за составот на Шпанија за играчи до 17 години на Светското Првенство во Финска. Благодарејќи на неговите добри настапи за клубот, бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Светското Првенство во 2006 година. Во 2006 година, Фабрегас потпишал долгорочен договор со Арсенал со времетраење од осум години, кој бил прекратен во 201, кога тој потпишал со Барселона.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Фабрегас почнал да игра фудбал во академијата на ФК Барселона. За време на неговата младинска кариера, играл во одбранбениот и средниот ред, а сепак бил успешен стрелец, понекогаш постигнувал и над 30 голови во сезона.[4] Но Цеск не играл ни еден натпревар за првиот тим на Камп Ноу.[5] Чувствувајќи дека во Барселона ќе има ограничени опции, и помали шанси да игра во првиот тим,[6] решил да стане член на Арсенал. Договорот со Лондонскиот клуб го потпишал на 11 септември, 2003 година.[3] На почетокот, животот во главниот град на Англија му се видел тежок, но набрзо се спријателил со колегата Филип Сендерос, кој му помогнал да се навикне на новата средина.[7] Со своите 16 години, Фабрегас не размислувал за пробивање во првиот тим, тој се угледувал на постарите играчи Патрик Виера и Жилберто Силва и се фокусирал на тренирањето и на изучувањето на англискиот јазик.[7] Набрзо го одиграл и својот прв натпревар за Арсенал, на 23 октомври 2003 година на Хајбери во натпревар од Лига Купот против Ротерам Јунајтед. Со тој настап тој станал најмладиот играч кој настапил во првиот тим на Арсенал, на возраст од 16 години и 177 дена.[8] Потоа станал и најмладиот стрелец во историјата на Арсенал со голот во победата од 5:1 против Вулверхемптон, исто така во Лига Купот.[9] Иако Арсенал ја освоил лигата без пораз во сезоната 2003–04,[10] на Фабрегас не му бил доделен медал бидејќи не играл ни еден натпревар во лигата.[11]

Фабрегас на натпревар против Шефилд Јунајтед во 2006

Првите настапи за првиот тим на младиот Шпанец, надвор од Лига Купот, биле во почетокот на сезоната 2004–05. Првиот натпревар во сезоната за него бил против Манчестер Јунајтед за Комјунити Шилд. По повредата на Виера, Фабрегас го зазел неговото место и имал четири последователни стартови во Премиер Лигата. Шпанецот добил пофалби за настапите на тие натпревари, во кои постигнал и еден гол во победата од 3:0 против Блекбурн Роверс, со што станал најмладиот стрелец во историјата на Арсенал на натпревар од лигата.[12][13] Со дополнителните повреди на Еду и Џилберто Силва, тинејџерот добил повеќе шанси да игра во сите натпреварувања.[2][6] Во Лигата на Шампионите, станал вториот најмлад стрелец во историјата на натпреварувањето по постигнувањето на третиот гол во победата од 5:1 против Розенборг.[14] Сезоната ја завршил освојувајќи го својот прв трофеј со Арсенал, играјќи во стартниот состав во финалето на ФА Купот, кога Арсенал го порази Манчестер Јунајтед на пенали.[15]

Редовен стартер[уреди | уреди извор]

По заминувањето на Виера за Јувентус, Фабрегас станал редовен во централниот дел на средниот ред покрај Џилберто Силва. Во сезоната 2005-06 година забележал 49 настапи во сите натпреварувања.[11] И покрај младоста, редовно бил критикуван за неговите настапи во првиот тим. Бидејќи Фабрегас имал помала градба и играл со помала агресивност, споредено со Виера, на почетокот имало сомнежи за неговата способност да ја пополни празнината која настанала со заминувањето на французинот.[16] Сепак, Фабрегас го наметнал сопствениот стил на игра и ги импресионирал познавачите на фудбалот во натпреварот од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид и Јувентус.[17][18][19] Против вториот, го постигнал првиот гол и му асистирал на Тјери Анри за вториот,[17] истовремено докажувајќи дека може да игра против цврсти и груби играчи од средниот ред како Виера.[19] Фабрегас играли во финалето на Лигата на Шампионите против неговиот матичен клуб Барселона, но Арсенал го загубил натпреварот со 2:1,[20] со што сезоната 2005–06 година завршила без трофеј за Арсенал.

Фабрегас прославува гол со своите соиграчи.

Почестите настапи на Фабрегас и неговите одлични изведби довеле до шпекулации за можен трансфер во летниот преоден рок; Реал Мадрид изразил желба да го потпишат Шпанецот и покрај неговиот долгорочен договор со Арсенал,[21] но менаџерот на Арсенал Арсен Венгер изјавил дека Арсенал не се заинтересирани за продажба.[22] Во септември 2006, кога Фабрегас имал уште 6 години до крајот на договорот, Арсенал му понудил нов осум годишен договор, кој Фабрегас го потпиша на 19 октомври 2006.[23] Договорот бил невообичаено долг, но Фабрегас ги спомнал Венгер и стилот на игра на Арсенал како причини за неговата долгорочна заложба во клубот.[24][25]

Сезоната 2006–07 година била уште една за добивање на искуство за младиот состав на Арсенал и за Фабрегас. Клубот повторно не успеа да освои ни еден голем трофеј. Но Фабрегас се истакна како еден од клучните креативни играчи во составот, настапувајќи на сите натпревари во Лигата.[11][26] Фабрегас ја започнал сезоната за Арсенал со два гола на гостувањето кај Динамо Загреб, натпревар од квалификациите за Лигата на Шампиони кој заврши 3:0.[27] Во Премиер Лигата имал 13 асистенции, што му донело второ место на табелата на асистенти.[11][26] Ја завршил сезоната со неколку индивидуални награди, вклучително и наградата Златно Момче, која ја доделува Италијанскиот весник ТутоСпорт, според мислењето на спортски новинари од цела Европа.[28] Бил именуван и во Тимот на Годината на УЕФА за 2006,[29] и беше прогласен за млад играч на месецот во Англија за јануари 2007 година.[30] Исто така, бил номиниран и за Играч на Годината и Млад Играч на Годината според АПФ (Асоцијацијата на Професионални Фудбалери), но не ја доби ни едната.[31] Во јуни 2007 година, бил именуван за Играч на Годината на Арсенал со 60% од гласовите.[32]

Сезоната 2007–08 почнала со голема несигурност за Арсенал. Најдобриот клупски стрелец Тјери Анри си заминал за Барселона, а имало и шпекулации околу иднината на Венгер во клубот.[33] Фабрегас веднаш знаел дека ќе стане најважниот играч на Арсенал, но изјавил дека е подготвен да се соочи со тој предизвик.[34] Одлично ја започнал сезоната, постигнувајќи голови покрај вообичаените асистенции,[11] и вебсајтот soccernet му го препишал раниот успех на Арсенал на младиот Шпанец.[35] Неговиот почеток му ја донело и наградата на O2 Играч на Месецот од навивачи на Арсенал за август, септември и октомври,[36] како и Играч на Месецот од Премиер Лигата за септември.[37] Додека Арсенал ја предводел табелата во Премиер Лигата се до март, Фабрегас придонеч многу и во Лигата на Шампионите; во вториот натпревар против Милан, постигна гол при крајот на натпреварот со што го донел Арсенал во четвртфиналето.[38] На 11 април 2008, Фабрегас повторно бил номиниран за наградите Играч на Годината и Млад Играч на Годината според АПФ;[39] при што ја добил наградата за млад играч на годината и бил именуван во Тимот на Годината според АПФ.[40]

Барселона[уреди | уреди извор]

Цеск Фабрегас го комплетирал трансферот во Барселона откако ставил потпис на петгодишен договор во кој има откупна клаузула вредна 200 милиони евра.

Шпанска Репрезентација[уреди | уреди извор]

Иако редовно игра за Шпанија,[2][41] репрезентативната кариера на Фабрегас започна уште на младинско ниво. На Светското Првенство за играчи до 17 години кое се одржа во 2003 година во Финска, заврши како најдобар стрелец и покрај тоа што играше во средниот ред, и беше изгласан за најдобар играч на турнирот.[5] Шпанија заврши на второ место зад Бразил.[42]

Откако стана еден од клучните играчи на Арсенал во неговата втора сезона во клубот, Фабрегас набрзо доби повик во сениорскиот состав на Шпанија. Селекторот на Шпанија Луис Арагонес откако ги забележа неговите перформанси во лигата на Шампионите во 2006, го повика тинејџерот во составот за пријателскиот натпревар против Брегот на Слонова Коска.[43] На тој натпревар, Фабрегас стана најмладиот играч кој настапил за Шпманија во последните 70 години.[2] Доби поволни критики за неговото деби и учествуваше во акцијата по која беше постигнат првиот гол од победата со 3:2 против Слоновите.[2][44]

На 15 мај, 2006, Фабрегас беше избран во составот на Шпанија за Светското Првенство во Германија. За време на турнирот, влезе од клупа на првите два натпревари од групата, и придонесе со асистенција во победата од 3:1 против Тунис.[45] Потоа стартуваше заедно со остатокот од резервите на Шпанија (вклучително и тогашниот соиграч од Арсенал Хозе Антонио Рејес) во третиот натпревар од групата против Саудиска Арабија.[46] Доби место во стартниот состав на првиот натпревар од Нок-аут фазата против Франција, на местото на Маркос Сена, но Шпанија загуби со 3:1.[47] Фабрегас стана и најмладиот играч кој настапил за Шпанија на Светско Првенство кога влезе како замена за Луис Гарсија во 77 минута за време на победата од 4:0 против Украина на 13 јуни, 2006; тогаш имаше 19 години и 41 ден.[48] Беше и номиниран за Најдобар Млад Играч на Светското Првенство, но таа награда му припадна на Лукас Подолски од Германија.[49]

На Еуро 2008, Фабрегас го доби дресот со број 10, наместо 18 кој претходно го носеше.[50] Иако настапи најчесто како замена, Цеск имаше голем удел во успехот на Шпанија. Својот прв репрезентативен гол го постигна на натпреварот против Русија кој заврши 4:1, тој имаше и асистенција на истиот натпревар.[51] Шпанија победи на сите три натпревари од групата, по што се сретна со Италија во четвртфиналето. На тој натпревар Фабрегас го постигна победничкиот пенал откако натпреварот заврши 0:0 и покрај продолженијата.[52] Во полуфиналето, Шпанија ја порази Русија со 3:0, Фабрегас имаше две асистенции.[51] По овие настапи, тој доби стартна позиција во финалето против Германија, Шпанија го доби натпреварот со 1:0; ова беше првиот трофеј на Шпанија по 1964.[53] За неговиот труд, Фабрегас беше именуван во Тимот на Првенството, состав од 23-ца избран од техничкиот тим на УЕФА.[51]

Стил на игра[уреди | уреди извор]

Фабрегас оди да изведе корнер.

Доведен во Арсенал како младинец кој постепено требаше да се развие преку настапи во Лига Купот, Фабрегас ненадејно се најде во стартниот состав, по повредите на Виера, Џилберто Силва и Еду во сезоната 2004-05. Фабрегас најчесто функционира како плејмејкер и неговата најсилна страна се подавањата. Како еден од најпосакуваните млади таленти во фудбалот, тој е опишуван како витален дел од првиот тим на Арсенал, со неговата визија, креативност и несебичност кои придонесуваат во играта на Арсенал, притоа покажувајќи зрелост која не е карактеристична за неговите години.[2][3][5][6][32][34][54][55] Што се однесува до прекините, тој е еден од најредовните изведувачи на корнери и слободни удари во тимот.

Во интервјуа, Фабрегас има изјавено дека иако Виера му служел како ментор и играч на кој се угледувал,[56] сепак тој својата игра ја базира на неговиот херој од детството и сограѓанин Јосеп Гвардиола.[7] Во смисла дека се разликува од неговите претходници на истата позиција во Арсенал, преферирајќи умешност пред сила.[7][16] На почетокот ова му донесе критики поради неговата лесна градба и помалку агресивниот стил на игра,[16][19] па дури и поранешниот колега Ешли Кол го критикуваше Шпанецот велејќи дека тој е „недокажан“ и дека припаѓа во „перолесна категорија“ во автобиографијата.[57]

Сепак, статистиките на фабрегас се подобрија со тек на времето, и тој прифати по агресивен стил на игра. Неговата значајност како кретивната сила во тимот се одсликува и во податокот кој вели дека Фабрегас имаше 16 асистенции во сезоната 2006–07.[11] И самиот признава дека постигнувањето голови му беше слаба страна во првите неколку сезони во Арсенал; слабиот степен на реализација беше општ проблем кај Арсенал во претходните две сезони.[54] Ова се промени на почетокот на сезоната 2007–08 кога Фабрегас постигна 11 голови во првите 16 натпревари, менаџерот на Арсенал, Венгер, тврди дека младиот шпанец ќе биде како Мишел Платини, Француски играч од средниот ред познат по честите голови.[58][59] Поради неговата возраст, има загриженост поради бројот на натпревари кои ги игра за тимот и за репрезентацијата во изминатите неколку сезони, и се стравува од премореност и повреди доколку не добие адекватен одмор,[43][60] но во неговата шестгодишна кариера во Арсенал нема претрпено ни една посериозна поовреда.

Клупски статистики[уреди | уреди извор]

(заклучно со 28 април 2008)
Клуб Сезона Лига Куп[61] Европа Вкупно
Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции
Арсенал 2003–04 0 0 0 3 1 0 0 0 0 3 1 0
2004–05 33 2 4 8 0 0 5 1 0 46 3 4
2005–06 35 3 5 2 1 0 13 1 0 50 5 5
2006–07 38 2 13 6 0 2 10 2 1 54 4 16
2007–08 32 7 19 3 0 1 10 6 3 45 13 24
2008-09 7 2 0 0 0 0 4 0 2 9 1 2
2009–10 25 14 15 1 0 1 7 3 3 33 17 19
Career totals 185 31 66 24 2 4 55 13 13 264 46 83

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Арсенал

  • Освојувач
    • ФА Куп: 2004–05
    • Комјунити Шилд: 2004–05


  • Второ место
    • Лига на Шампиони: 2005–06
    • Лига Куп: 2006–07
    • Комјунити Шилд: 2005–06

Шпанија

  • Освојувач
  • Второ место
    • ФИФА Светско Првенство до 17: 2003
    • УЕФА Европско Првенство до 17: 2004

Индивидуални

  • Асоцијација на Професионални Фудбалери (АПФ)
    • Играч на Месецот во Премиер Лига: January 2007, September 2007
    • Млад играч на годината според АПФ: 2007–08
    • Тим на Годината според АПФ: 2007–08
    • Тим на првенството на ЕУРО 2008
  • Европа
    • Тим на годината според УЕФА: 2006
    • Тим на првенството според УЕФА: 2008
    • Награда Браво (Еквивалент на Ballon d'Or за играчи до 21 година): 2006
    • Европско Првенство до 17 години, Златен играч според УЕФА: 2004
  • Арсенал
    • Играч на сезоната според O2/Arsenal.com: 2006–07, 2007–08[62]

Други проекти[уреди | уреди извор]

Фабрегас беше главна улога во негова еднократна телевизиска програма, „Шоуто на Цеск Фабрегас: Nike Live“, која се прикажа на 19 мај 2008. Програмата беше спонзорирана од Најк и беше прикажана на Скај Спорт. Шоутп се состоеше од неколку скечови со Фабрегас и некои од неговите колеги од Арсенал како Филип Сендерос и Никлас Бентнер, како и менаџерот Арсена Венгер, родителите на Фабрегас и ѕвездата на Мала Британија Мет Лукас.[63]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Francesc Fàbregas i Soler - Spain“, WC2010Virgin (посет. 3 јуни 2010 г).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Francesc Fabregas profile, ESPNsoccernet, accessed 27 June 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „espn“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. 3,0 3,1 3,2 PLAYER PROFILE, arsenal.com, пристапено 20 мај 2007.
  4. Интервју за Arsenal.com (requires subscription), arsenal.com, пристапено 21 мај 2008.
  5. 5,0 5,1 5,2 Cesc Fabregas, uefa.com, пристапено 21 мај 2008.
  6. 6,0 6,1 6,2 The Young Gunner, thefa.com, 19 мај 2005, пристапено 21 мај 2008.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Marcotti, Gabriele and Balague, Guillem, "From Barcelona to Barnet: how a rising star learnt his trade", timesonline.co.uk, 28 февруари 2007, пристапено 21 мај 2008.
  8. Cesc Fabregas becomes Arsenal's youngest ever player, arsenal.com, 27 јануари 2006, пристапено 21 мај 2008.
  9. Arsenal youngsters thump Wolves, news.bbc.co.uk, 2 декември 2003, пристапено 21 мај 2008.
  10. CLUB RECORDS, arsenal.com, пристапено 21 мај 2008.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Francesc Fabregas history, soccernet.espn.go.com, пристапено 21 мај 2008.
  12. Hughes, Ian, "Fabregas the fabulous", news.bbc.co.uk, 27 август 2004, пристапено 21 мај 2008.
  13. Arsenal 3-0 Blackburn, soccernet.espn.go.com, 25 август 2004, пристапено 21 мај 2008.
  14. Haylett, Trevor, "Awesome Arsenal progress in style, uefa.com, 7 декември 2004, пристапено 21 мај 2008.
  15. Arsenal 0-0 Man Utd (aet), news.bbc.co.uk, 21 мај 2005, пристапено 21 мај 2008.
  16. 16,0 16,1 16,2 Hubbard, Norman, "Arsenal's midfield muddle", soccernet.espn.go.com, 22 август 2005, пристапено 21 мај 2008.
  17. 17,0 17,1 Arsenal 2-0 Juventus, news.bbc.co.uk, 28 март 2006, пристапено 21 мај 2008.
  18. Sheringham, Sam, "Spain Teenager Fabregas Sparks World Cup Rally, Wows Maradona", bloomberg.com, 20 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  19. 19,0 19,1 19,2 Harrold, Michael, "Fabregas plots Arsenal revival", uefa.com, 13 април 2007, пристапено 21 мај 2008.
  20. Haslem, Andrew, "Barca comeback denies Arsenal", uefa.com, 17 мај 2006, пристапено 21 мај 2008.
  21. Kendall, Mark, "Real confident of securing Cesc's signature", msn.skysports.com, 4 јули 2006, пристапено 21 мај 2008.
  22. Wenger: Fàbregas is not for sale, he is Arsenal's future, arsenal.com, 12 јули, 2006, пристапено 21 мај 2008.
  23. Fàbregas signs new Arsenal deal, news.bbc.co.uk, 19 октомври 2006, пристапено 21 мај 2008.
  24. Harris, Chris, "Fabregas - Our style of play makes me so happy", arsenal.com, 22 октомври 2006, пристапено 21 мај 2008.
  25. Adams, Tom, "Cesc staying grounded", skysports.com, 27 октомври 2006, пристапено 21 мај 2007.
  26. 26,0 26,1 Arsenal are the ultimate 'second half' team, arsenal.com, пристапено 21 мај 2008.
  27. Clarke, Richard, MATCH REPORT, arsenal.com, 8 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  28. Lipton, Martin, "HE'S FAB IN POLL", mirror.co.uk, 2 декември 2006, пристапено 21 мај 2008.
  29. Your Team of 2006 revealed, uefa.com, 19 јануари 2006, пристапено 21 мај 2008.
  30. Benitez and Fabregas scoop awards, news.bbc.co.uk, 9 февруари 2007, пристапено 21 мај 2008.
  31. Arsenal 3-1 Man City: Fabregas inspires revival, soccernet.espn.go.com, 17 април 2007, пристапено 21 мај 2008.
  32. 32,0 32,1 'He showed he is the ultimate midfield player', arsenal.com, пристапено 21 мај 2008.
  33. Wenger signs new three-year Gunners deal, soccernet.espn.go.com, 7 септември 2007, пристапено 21 мај 2008.
  34. 34,0 34,1 How Fabregas plans to save Arsenal, football.guardian.co.uk, 25 август 2007, пристапено 21 мај 2008.
  35. Burying the ghost of Henry. soccernet.espn.go.com, 15 септември 2007, пристапено 21 мај 2008.
  36. Fabregas scoops O2 Player of the Month award, arsenal.com, 5 октомври 2007, пристапено 21 мај 2008.
  37. GUNNERS DUO CELEBRATE AWARDS DOUBLE, premierleague.com, 19 октомври 2007, пристапено 21 мај 2008.
  38. AC Milan 0 - Arsenal 2, news.bbc.co.uk, 5 март 2008, пристапено 21 мај 2008.
  39. Ronaldo heads shortlist for players' awards, soccernet.espn.go.com, 11 април 2008, пристапено 21 мај 2008.
  40. Ronaldo named player of the year, news.bbc.co.uk, 27 април 2008, пристапено 21 мај 2008.
  41. Naya, Ignacio, "Fabregas, Wenger's boy coming good", germany2006.com, пристапено 21 мај 2008.
  42. Brazil roar past brave Spain, Argentina take third, fifa.com, 30 август 2003, пристапено 21 мај 2008.
  43. 43,0 43,1 Harris, Chris, "Fabregas - Why I feel part of the Spain 'family'", arsenal.com, 28 март 2007, пристапено 21 мај 2008.
  44. Ivory Coast suffer defeat, news.bbc.co.uk, 2 март 2006, пристапено 21 мај 2008.
  45. Spain 3-1 Tunisia, news.bbc.co.uk, 19 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  46. Saudi Arabia 0-1 Spain, news.bbc.co.uk, 23 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  47. Spain 1-3 France, news.bbc.co.uk, 27 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  48. Spain 4-0 Ukraine, news.bbc.co.uk, 14 јуни 2006, пристапено 21 мај 2008.
  49. Germany's Podolski named top young player, cbc.ca, 7 јули 2006, пристапено 21 мај 2008.
  50. Veysey, Wayne, "Cesc Fabregas ready to talk tough with Arsenal", telegraph.co.uk, 28 мај 2008, accessed 10 June 2008.
  51. 51,0 51,1 51,2 Cesc in Euro 2008 Team of the Tournament, arsenal.com, accessed 6 август 2008.
  52. Spain beat Italy in penalty shootout, soccernet-akamai.espn.go.com, 22 June 2008, accessed 23 June 2008.
  53. Germany 0-1 Spain: Torres ends Spain's pain, soccernet.espn.go.com, 30 June 2008, accessed 30 June 2008.
  54. 54,0 54,1 Smith, Alan, "Fabregas puts his skates on in chase for perfection", telegraph.co.uk, 20 јануари 2007, пристапено 22 мај 2008.
  55. McIlvanney, Hugh, "Fàbregas a leader in waiting", timesonline.co.uk, 26 март 2006, пристапено 22 мај 2008.
  56. Townsend, Nick, "Spanish marvel blossoms", The Independent on Sunday, 2 октомври 2005, пристапено 22 мај 2008.
  57. Macintosh, Iain, "Completely Fab", The New Paper, 29 септември 2007.
  58. Wenger: Fabregas has the vision of Platini, arsenal.com, 19 септември 2007, пристапено 22 мај 2008.
  59. Wenger: 'This team is blossoming and growing', arsenal.com, 15 септември 2007, пристапено 22 мај 2008.
  60. van Wijk, Jim, "Fabregas in need of rest after season of hard work", sport.independent.co.uk, 29 март 2007, пристапено 22 мај 2008.
  61. Опфаќа ФА Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд.
  62. Fabregas is O2/Arsenal.com Player of the Season, arsenal.com, accessed 8 јули 2008.
  63. The Cesc Fàbregas Show: Nike Live nikelivefabregas.com, пристапено 22 мај 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]