Даниел Ѓурта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Ѓурта
Лични информации
Целосно имеДаниел Ѓурта
Прекар(и)Дани
Националност Унгарија
Роден на4 мај 1989 (1989-05-04) (30 г.)
Роден воБудимпешта, Унгарија
Висина1.84 метри
Тежина77 килограми
Спорт
ДисциплиниГрадно
КлубПК Јово

Даниел Ѓурта (роден 4 мај, 1989 во Будимпешта)[1] е унгарски пливач кој се натпреварува во дисциплината 200 м градно. Познат како Дани, тој имал само 15 години кога освоил сребрен медал (со време од 2.10.80) на 200 м градно на Летните олимписки игри 2004.

Ѓурта, за разлика од неговите ривали Брендан Хансен и Косуке Китаџима на 200 м градно во Атина, пливал релаксирано и релативно споро првите 100 м забрзал на вторите 100 м. Хансен и Китаџима пливале брзо на стартот и се обиделе да издржат до крајот, но Ѓурта пливал комплетно различна трка. Најпрво пливал споро, а потоа последните 100 метра ги пливал како "воз".

На 12 август, 2008 тој поставил Олимписки рекорд во преелиминациите на 200 м градно на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг.[2] Неговиот рекорд бил срушен следниот ден од Китаџима во полуфиналето. Ѓурта во финалето пристигнал петти на целта.

На Светското првенство во водени спортови 2009 тој освоил златен медал на 200 м градно, победувајќи го Ерик Шантеу во последните метри. Тој бил прогласен за Унгарски спортист на годината за ова постигнување.

Две години подоцна Ѓурта успешно го одбранил златниот медал на Светското првенство во водени спортови 2011, со што станал само вториот човек што ја одбранил светската титула на 200 м градно по Дејвид Вилки од Велика Британија,[3] кој ги освоил првите две светски титули, во 1973 и 1975.

На Летните олимписки игри 2012 тој освоил златен медал и постигнал светски рекорд на 200 м градно[4] По трката, тој понудил копија од својот олимписки златен медал на родителите на несреќно загинатиот светски шампион Александер Дале Оен во негова чест, гест многу ценет од страна на семјството на Оен. Дале Оен кој бил првак на 100 м градно починал само два месеци пред олимписките игри од срцев удар.[5] [6] [7]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Во 50 метарски базени најдобрите испливани времиња на Ѓурта се:

  • 100 м градно: 59.53 (29 јули 2012, Лондон)
  • 200 м градно: 2:07.28 (1 август 2012, Лонодн) Олимписки и Светски рекорд

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dániel Gyurta Biography and Olympic Results“. Sports-reference.com. конс. 29 July 2011. 
  2. Lonsbrough, Anita (12 август 2008). „Records tumble in breastroke and relays“. The Telegraph. конс. 29 јули 2011. 
  3. „Daniel Gyurta Overtakes Kosuke Kitajima for 200 Breast Gold“. Swimming World Magazine. 29 July 2011. конс. 29 July 2011. 
  4. „London Olympics: Gyurta wins 200m breaststroke gold in world record“. Архивирано од изворникот на 2012-08-02. конс. 02-08-2012. 
  5. „ani Gyurta will send a replica of his Olympic gold to Dale Oen’s family“. конс. 04-08-2012. 
  6. „Daniel Gyurta makes copy of gold medal for family of Norway's Alexander Dale Oen“. конс. 04-08-2012. 
  7. Ѓурта испратил копија од својот златен медал на родителите на починатиот пливач Дале Оен

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Кристијан Шпренгер
Светски рекордер
200м градно

1 август 2012–моментално
На должноста
Претходник
Кристијан Шпренгер
Светски рекордер
200м градно (25м)

13 декември 2009–моментално
На должноста
Награди
Претходник
Атила Вајда
Унгарски спортист на годината
2009
Наследник
Кристијан Берки