Будимпешта
Од горе, лево кон десно, поглед кон градот со Дунав, Сечењиевиот ланчен мост, Плоштад на хероите, Унгарскиот парламент, Рибарските кули, базиликата Св. Иштван и панорама од ридот Гелерт со замокот Буда од лево. | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Будимпешта на картата на Унгарија | |||
Координати |
| ||
Часовен појас - лето |
CET CEST | ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Будимпешта Budapest | ||
Прекари | „Бисерот на Дунав“ „Кралицата на Дунав“ „Срцето на Европа“ „Град на слободата“ | ||
Мото - изворно |
A Duna gyöngye, A Duna királynője | ||
Стари имиња | Буда Будим Обуда Пешт | ||
Портал | budapest.hu | ||
Управа | |||
Земја | ![]() | ||
Регион | Централна Унгарија | ||
Округ | Будимпешта | ||
Градоначалник | Иштван Тарлош (Фидес-ХНПУ) | ||
Географија | |||
Површина | 525,16 km² | ||
Надморска височина | 102 m | ||
Население | |||
Население | 1 712 210 HCSO (2009) | ||
Густина | 3232 ж./km² (2007) | ||
Етнички групи | главно Унгарци (за подетални информации види секција Етнички групи) |
Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Унгарија[1] и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар.[2] Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556[3], што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км².[4] Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.[4][5]
Аквинк (Aquincum) кој преставува келтскa колонија[6] е и директниот потомок на Будимпешта[7], станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија.[6] Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура[8] во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење[9], со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола[10]. Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.
Почитувана како една од најубавите градови на Европа,[1][11][12] нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот.[11][13] Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.
Содржина
- 1 Историја
- 2 Географија
- 3 Спорт
- 4 Население
- 5 Окрузи
- 6 Економија
- 7 Главни знаменитости
- 8 Острови
- 9 Бањи
- 10 Транспорт
- 11 Трговски центри
- 12 Сместување
- 13 Образование
- 14 Интернационални врски
- 15 Будимпешта како тема во уметноста и во популарната култура
- 16 Галерија
- 17 Поврзано
- 18 Извори
- 19 Надворешни врски
Историја[уреди | уреди извор]
Познатата историја на Будимпешта почнува со римскиот град/колонија познат под името Аквинк (Aquincum), основан околу 89 година од новата ера, на место на стара келтска населба во близина на местото каде што настанала Обуда. Аквинкум од 106 година, па сè до крајот на IV век бил главен град на римската провинција Долна Панонија. На местото на денешна Пешта бил изграден градот Контра или Транс Аквинкум (Contra Aquincum или Trans Aquincum).
Областа околу 900 година ја освоиле Унгарците, кои после еден век го формирале Кралството Унгарија. Кoга ја уништиле Монголите во 1241 година, Пешта веќе била значајно и големо место, и поради тоа повторно била брзо изградена, но Будим бил седиште на кралскиот двор од 1247, а во 1361 година станал главен град на Унгарија. Периодот на ренесансата доста влијаел за развитокот на градот. Значителе дел на градбите вклучувајќи ја и библиотеката се изградени во тој стил.
Османлиите го освоиле поголемиот дел на Унгарија во XVI век, и го прекинале развојот и растот на градот: Пешта од југ ја зазеле во 1526 година, а Будим 15 години подоцна. Додека Будим бил седиште на турскиот управник, Пешта била многу запуштена до 1686 кога ја освоиле Хабсбуршките владетели.
Пешта од 1723 година била седиште на административниот апарат на кралството, кој најмногу растел во XVIII и XIX век, и иницирал изразит раст во XIX век.

Спојувањето на трите региони под една администрација, кое било иницирано од страна на унгарската револуционерна влада во 1849, брзо било поништено по повторното воспоставување на власт во тој регион на Хабсбурците. Конечно оваа одлука била спроведена од страна на автономната унгарска кралска влада, воспоставена под дејство на Австроунгарија во 1867 година. Бројот на станари во „обединетата“ престолнина пораснал во периодот од 1840 до 1900 година на 730 000.
Во XX век, поголем дел од станарите на градот бидел дел од преградието Ујпешт (Нова Пешта). Таа двојно го зголемила бројот на вкупното населенио во градот помеѓу 1890 и 1910 година. Поголем дел од индустријата на земјата се концентрирала во градот. Човечките загуби на Унгарија од Првата светска војна, а потоа и губењето на што повеќе територии од кралството (1920) како причини задале само привремен удар на бројот на населението, а Будимпешта станала престолнина на малата, но сега суверена држава. До 1930 подолгото градско јадро броело милион станари, со додатни 400 000 во предградијата.
Околу третина од 200 000 Евреи во Будимпешта биле убиени за време на нацистичкиот геноцид за време на германската окупација во Втората светска војна. Градот драстично бил рушен за време на советската опсада во зимата 1944, а се опоравил во 1950-тите и 1960-тите. Будимпешта за време на 1980-тите ја поделила судбината со градовите во другите европски држави, кога бројот на станари се намали под дејство на емиграцијата и намалениот наталитет.
Географија[уреди | уреди извор]
Површината на Будимпешта од 525 км² лежи во централна Унгарија оградена со населби натрупани во округот Пешта. Престолнината се протега на 25 и 29 километри во правец југ-север, односно исток-запад. Реката Дунав навлегува во градот од север; подоцна ги опкружува двата острова, Обуда и Маргит.[4] Третиот остров Чепел е најголем од дунавските острови на Будимпешта. Реката што ги дели двата дела на градот е 230 m долга на најтесната точка во Будимпешта. Пешта лежи на рамното земјиште од Големата котлина, додека Буда е на ридесто земјиште.[4] Највисоката точка на врвовите во Будимпешта е врвот Јанос на 527 метри надморска височина. Најниска точка е линијата на реката Дунав која се наоѓа на 96 метри надморска височина. Шумите на Буда врвовите се еколошки заштитени.
Клима[уреди | уреди извор]
Градот има променливо умерена клима која се одликува со снежното време на Трансданубија, променливата континентална клима на рамната и отворена Голема котлина на исток и скоро полу медитеранското бреме на југ.[14]
Климатски податоци за Будимпешта | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 18.1 (64.6) |
19.7 (67.5) |
25.4 (77.7) |
30.2 (86.4) |
34.0 (93.2) |
39.5 (103.1) |
40.7 (105.3) |
39.4 (102.9) |
35.2 (95.4) |
30.8 (87.4) |
22.6 (72.7) |
19.3 (66.7) |
40.7 (105.3) |
Прос. висока °C (°F) | 1.2 (34.2) |
4.5 (40.1) |
10.2 (50.4) |
16.3 (61.3) |
21.4 (70.5) |
24.4 (75.9) |
26.5 (79.7) |
26.0 (78.8) |
22.1 (71.8) |
16.1 (61) |
8.1 (46.6) |
3.1 (37.6) |
15.0 (59) |
Сред. дневна °C (°F) | −1.6 (29.1) |
1.1 (34) |
5.6 (42.1) |
11.1 (52) |
15.9 (60.6) |
19.0 (66.2) |
20.8 (69.4) |
20.2 (68.4) |
16.4 (61.5) |
11.0 (51.8) |
4.8 (40.6) |
0.4 (32.7) |
10.4 (50.7) |
Прос. ниска °C (°F) | −4.0 (24.8) |
−1.7 (28.9) |
1.7 (35.1) |
6.3 (43.3) |
10.8 (51.4) |
13.9 (57) |
15.4 (59.7) |
14.9 (58.8) |
11.5 (52.7) |
6.7 (44.1) |
2.1 (35.8) |
−1.8 (28.8) |
6.3 (43.3) |
Најниска забележана °C (°F) | −25.6 (−14.1) |
−23.4 (−10.1) |
−15.1 (4.8) |
−4.6 (23.7) |
−1.6 (29.1) |
3.0 (37.4) |
5.9 (42.6) |
5.0 (41) |
−3.1 (26.4) |
−9.5 (14.9) |
−16.4 (2.5) |
−20.8 (−5.4) |
−25.6 (−14.1) |
Прос. врнежи мм (ин) | 38.5 (1.516) |
36.7 (1.445) |
37.4 (1.472) |
47.2 (1.858) |
64.5 (2.539) |
69.8 (2.748) |
50.4 (1.984) |
49.5 (1.949) |
42.7 (1.681) |
46.9 (1.846) |
59.9 (2.358) |
49.3 (1.941) |
592.8 (23.339) |
Извор: www.met.hu[15] |
Спорт[уреди | уреди извор]
Градскиот парк на Будимпешта го има едно од најголемите површини со мраз. Тој е дом на унгарското бенди. Б групата од Светското првентство во Бенди 2004 било одржано баш на ова место [2], како и Светското бенди првенство за жени од 2007 [3]. Будимпешта е исто така дом на Будимпешта Хонвед ФК, спорстки клуб најдобро познат по неговиот фудбалски тим.
Население[уреди | уреди извор]
Вака изгледа историскиот развиток на населението во Будимпешта, почнувајќи од 1870 година:

Година | Население |
---|---|
1870 | 302.085 |
1880 | 402.706 |
1890 | 560.079 |
1900 | 861.434 |
1910 | 1.110.453 |
1920 | 1.110.453 |
1930 | 1.442.069 |
1941 | 1.712.791 |
1949 | 1.590.316 |
1956 | 1.764.000 |
1958 | 1.560.079 |
1960 | 1.804.606 |
1970 | 2.001.083 |
1980 | 2.059.226 |
1990 | 2.016.681 |
2001 | 1.712.791 |
2005 | 1.695.814 |
2009 | 1.712.210 |
2010 | 1.721.556 |
Етнички групи[уреди | уреди извор]
Население по националност според пописот од 2001 година.[16]:
- Унгарци - 1.631.043 (91,2%, 56,75% во 1880)
- Германци - 18.097 (1%, 34,3% во 1880)
- Роми - 14.019 (0,8%, 0% во 1880)
- Словаци - 4.929 (0,3%, 6,1% in 1880)
- Други (главно Полјаци, Грци, Романци) - 16.762
- Без одговор (непознато) - 93.071
Според Demographical Portrait проценката за населението во 2009 изгледа вака: 95,6% домородни Унгарци (91% етнички Унгарци, 4,6% Роми) и 4,4% странци (етнички Унгарци од Трансилванија, Романија, Војводина и Србија).[17]
Религии[уреди | уреди извор]
Население според деноминации:[18]
- Римoкатолици - 808.460 (45,5%, 67,4% in 1880)
- Калвинисти - 224.169 (12,6%, 6,1% in 1880)
- Лутеранисти - 46.449 (2,6%, 5,5% in 1880)
- Грчки католици - 28.901 (1,6%)
- Евреи - 9.468 (0,5%, 19,7% in 1880)
- Атеисти - 347.209 (19,5%)
- Други (главно Христијани) - 26.681
- Без одговор (непознато) - 286.584
Окрузи[уреди | уреди извор]
На почетокот откако се обединиле трите града во 1873 година, Будимпешта имала 10 окрузи. На 1 јануари 1950, Будимпешта се обединила со неколку соседни градчиња и бројот на окрузите се зголемил и тоа на 22 (Град Будимпешта). Во тоа време се направила и промена во редот, како и во големината на окрузите. Денеска постојат 23 окрузи, 6 во Буда, 16 во Пешта и 1 на островот Чепел. Секој округ може да биде поврзан со еден или повеќе делови на градот кои се именувани според поранешните градчиња во состав на Будимпешта.[19]
Економија[уреди | уреди извор]
Околу Будимпешта е концентрирана речиси 60% од индустријата на Унгарија. Тука се центрите за машинство, металургија и лесна индустрија. Повеќе индустриски претпријатија се наоѓаат во населбата Ујпешт и Обуда. Многу светски компании за производство на домашна опрема ги имаат сместено своите фабрики тука.
Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Нео-готскиот парламент, освен другите работи кои што ги поседува, ја поседува и Светата Круна на Унгарија. Базиликата Свети Стефан (или Свети Иштван), каде што се чува Светата десна рака на пронаоѓачот и оформувач на првата унгарска држава Стефан I или Иштван I е исто така голема атракција. Унгарската кујна како и кафе културата се дел од главните знаменитосто на Будимпешта. Кремеш е првата кремпита направена специјално за кралицата Сиси. Денеска уште постојат римски остатоци во „Музејот Аквинкум“ како и остатоци од историски мебел во Замок-музејот „Нагитетени“
Буда замокот и реката Дунав, како и нејзините два брега се официјално признати и заштитени како Светско наследство на УНЕСКО.
Поранешната Кралска палата е исто така еден од симболите на Унгарија – и претставувал сцена за борби и војни од XIII век па наваму. Денеска на ова место се наоѓаат два импресивни музеја како и „Националната библиотека на Унгарија“. Соседната Сандор палата содржи канцеларии како и официјалната вила на Претседателот на Унгарија. Друго обележје на Будимпешта е Црквата Св. Матијас која е стара околу седумстотини години. Веднаш до неа се наоѓа споменик на првиот крал и пронаоѓач на Унгарија Св. Стефан, а позади се наоѓаат Рибарските кули, од каде што се добива голем панорамски поглед врз целиот град. Статуите на Турул, митската птица која е заштитник на Унгарија, се наоѓаат во округот замок и дванаесеттиот округ.
Во Пешта најголема знаменитост претставува авенијата Андраси. Булеварите Кодали и Октогон од двете страни се оградени со големи продавници и згради кои се споени едни до други. Помеѓу нив и Плоштадот на хероите, куќите се одделени и поврзани заедно. Под сево ова се наоѓа најстарата континентална европска метро станица, станица од која повеќето денешни станици го презеле изгледот. Плоштадот на хероите доминира со статутите на сите унгарски кралеви и врвни луѓе значајни за историјата на Унгарија, како и со гробот на непознатиот војник. Од страните се наоѓаат „Музејот на убавите уметности“ и „Палатата на уметноста“, а позади е Градскиот парк отворен со Замокот Вајданхуниад. Еден од бисерите на авенијата Андраси е Унгарската оперска куќа. Паркот на статуите, чија тема се статуите од комунистичката ера е сместен надвор од центарот и до него може да се стигне со јавен транспорт.
Градот е домаќин на најголемата синагога во Европа (Дохани уличната синагога),[20] како и втората најголема работилница во светот.[21] Синагогата е сместена во еврејскиот округ одалечена само неколку блока од центарот на Будимпешта. Градот исто така се гордее со третиот најголем парламент во светот, некогаш дури бил и најголем. Третата најголема црква во Европа (Есзтергом базилика), како и вториот најголем Барок замок во светот.
Во 2010 година, светски најголемата панорама била направена во (и на) Будимпешта.[22]
Острови[уреди | уреди извор]
Во реката Дунав се наоѓаат седум острови: Шипјард, Маргарет, Чепел, Палотај сзигет (сега полуостров), Непзигет, Харос-сзигет и Молнар-сзигет.
Најпознати острови се:
- Островот Маргит е долг 2,5 км и зафаќа површина од 0.965 километри квадратни. Островот се состои од парк и е популарна рекреатицвна атракација како за туристите, така и за локалците. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север). Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото (најчесто за време на викендите), најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот, или одат на рекреација со шише алкохол клупа или во трева (оваа форма на завава некогаш се нарекува забава на клупа)
- Островот Чепел е најголемиот остров во Дунав на унгарска територија. Долг е 48 км, широк од 6 до 8 км и зафаќа површина од 257 км².
- Хајогиари-сзигет (или Обудаи-сзигет) е остров кој е подигнат од човек, лоциран во третиот округ. Овој остров е домаќин на повеќе активности како бордање, скијање на вода преку денот, а за ноќниот живот се грижат дискотеките на негова територија. Ова е островот каде што познатиот Сзигет Фестивал се одржува, на кој има околу 100 изведби во една година, а го посетуваат околу 400.000 луѓе. Многу проекти се планираат за изградба на овој остров. Дел од нив се: најголем забавен центар во Европа, згради за живеење, хотели, казина и морнарница.
- Лупа-сзигет е најмалиот остров на Будимпешта, лоциран во северниот регион.
Бањи[уреди | уреди извор]
Една од причините поради што Римјаните први ја колонизирале областа која се наоѓала западно од реката Дунав и го оснавале нивниот регионален главен град кај Аквинкум (сега дел од Обуда во северна Будимпешта) е можноста да ги користат и уживаат во термалните извори. И денеска сѐ уште постојат урнатини на огромни бањи кои што биле изградени за време на тој период. Денешните бањи кои што биле изградени за време на отоманскиот период (1541-1686) се користеле и за бањање и за медицински услуги, и некои од нив дури се користат и денеска. Будимпешта во 1920-тите, доби репутација за град на бањите, поради економскиот потенцијал кој се вложувал во бањите. Како резултат на тоа во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“. Денеска бањите најмногу се користат од странана постарата генерација на луѓе, но со исклучок, во бањите „Магична бања“ и „Синтрип“ постојат т.н. диско клубови на вода каде што помладите преферираат да одат за време на летата. Градењето на „Кирали бањите“ започнало во 1565 година и поголем дел од зградата која е присутна денеска датира од оттоманскиот период, вклучувајќи ја познатата купола базен.
„Бањите Рудас“ не се бањи кои се одлична централна положба - тие се поставени на крива теста линија земја помеѓу ридот Гелерт и реката Дунав и претставуваат одличен пример на архитектура која датира од отоманскиот (или турскиот) период. Главната карактеристика е октогоналниот базен, кој добива светлина од купола со пречник од 10 м, поддржана од осум столбови.
Бањите и хотелот „Гелерт“ биле изградени во 1918 година, иако во минатото на истото место имало турски бањи, а во средниот век на истото место имало болница. Во 1927 бањите биле проширени со цел да се изгради брановиот базен како и уште едната бања кој била додадена во 1934 година. Со неговите шарени мозаици, мермерни столбови, обоени прозорци и скулптури, несомнено претставува еден од најубавите бањски комплекси во Будимпепта.
„Бањите Лукакс“ исто така се наоѓаат во Буда и тие се турски според „потеклото“, но сепак тие биле повторно подигнати кон крајот на XIX век. Во исто време биле подигнати и бањите и центарот за медицински третмани. Од 1950-тите овие бањи се сметаат за центар на интелектуалците и артистите.
„Сзеченуи термалните бањи“ претставуваат еден од најголемите бањнски комплекси во цела Европа, и единствената „стара“ термална бања која се наоѓа во Пешта. Внатрешната медицинска бања датира од 1913 година, а надворешните базени од 1927. Во целиот бањски комплекс има атмосфера на величественост која се добива од специфичните светла, најголеми базени кои потсетуваат на римските бањи, помалите бањски кади кои потсетуваат на бањската култура на античките Грци, како и сауните и нуркачките базени кои се превземени од традицијата која се развивала во Северна Европа. Трите надворешни базени (од кои едниот е базен за забава) се отворени целата година, дури и во зима. Внатре има околу десет посебни базени, а тука се и на располагање различни видови медицнски третмани.
Транспорт[уреди | уреди извор]
Аеродром[уреди | уреди извор]
Меѓународниот аеродром Liszt Ferenc е најголемиот во земјата. Има два терминали кои се оддалечени од себе неколку километри. Помалиот, терминалот 1 е место каде што слетуваат low cost компаниите. Значително поголемиот терминал 2 е поделен на 2А каде слетуваат Malev, Air Malta, Moldavian Airlines, CSA Czech Airlines, Carpatair и 2В на којшто слетуваат сите останати компании.
Патишта[уреди | уреди извор]
Будимпешта е најзначајниот унгарски патен терминал; сите главни автопати се сместени таму. Градот е и главен железнички терминал.
Прстенскиот пат M0 околу Будимпешта скоро беше комплетиран и им овозможува на луѓето да одат околу Будимпешта од исток до запад и од север до југ, сепак нема директен пат од запад до север - мора да се оди преку југ.
Јавен транспорт[уреди | уреди извор]
Јавниот транспорт на Будимпешта е овозможен од БКВ.[23] Јавниот транспорт во Будимпешта и не е толку скап. Билетот за превоз чини 0.75 евра во коиск или 0.85 евра доколку се купи во возило. Доколку планирате да го шетате целиот град, убава опција е и дневниот билет кој чини 4,6 евра, блок од 10 билети (6,6 евра) или тродневен билет (9,7 евра).
Метрото се состои од три линии - М1 (југозапад-североисток), М2 (исток-запад) и М3 (север-југ). Тоа е е во добра состојба и е едно од првите во светот. На линијата М1 сѐ уште се користат старите дрвени вагони, кои се нарекуваат и милениумски, бидејќи првата линија била изградена 1896 година на 1000 годишнината од унгарската нација.
Трамвајот е најдоброто превозно средство за туристи. Поспоро е од метрото, но и поинтересно бидејќи за време на возењето може панорамски да се разгледува градот.
Таму каде што не оди трамвајот, одат автобусите. Будимпешта има густа мрежа на автобуски линии. Ноќните автобуси се добро организирани и обично тргнуваат на секои 15 до 60 минути од 23-04 часот.
Железнички станици[уреди | уреди извор]
Унгарските главни железнички станици се раководени од страна на МАВ. Постојат три главни железнички терминали во Будимпешта, Келети (која оди кон исток), Ниугати (која оди кон запад) и Дели (која оди кон југ), раководејќи и со домашните и меѓународните шински сервиси. Будимпешта беше една од главните станици на „Ориент Експрес“ кога сообраќал на линијата Виена-Париз. Постои и предгратска железничка станица која е работи под името ХЕВ.
Водни патишта[уреди | уреди извор]
Реката Дунав тече низ Будимпешта на нејзиниот пат кон Црното Море. Реката е доста пловна па поради тоа Будимпешта историски преставува најзначајно пристаниште (кај Чепел). Во летните месеци брод со подводни крила, плови на релација кон Виена и назад.
Трговски центри[уреди | уреди извор]

Будимпешта изобилува со хипермаркети како Аuchan, Tesco и Cora каде што храната е евтина, а изборот е огромен. За електронски апарати се задолжени Electro World и Media Markt. Особено интересен е трговскиот центар Nagy Vásárcsarnok каде што цените не се фиксни.
Сместување[уреди | уреди извор]
Во Будимпешта постои сместување од сите категории и цени. Најскапите хотели се во близината на кралската палата, додека најефтините се од другата страна на реката, во предградието на Пешта.
Образование[уреди | уреди извор]
Будимпешта е унгарскиот главен центар на образование и претставува дома на повеќе универзитети:
- „Универзитет за Технологија и економија“
- „Универзитет Корвинус“
- „Еотвос Лоранд“
- „Универзитет Семмелвеис“ (медицински универзитет)
- „Свети Иштван, факултет за ветеринарни науки“
- „Бизнис факултет - Будимпешта“
- „Пазмани Петар Католички Универзитет“
- „Кароли Гаспар - Универзитет на Унгарската Реформирана Црква“
- „Еврејски Теолошки Универзит - Универзитет за Еврејски Студии“
- „Централен Европски Универзитет“
- Андраси Гуила - Унивезитет за германски јазик“
- „Мохоли-Наги - Универзитет за Уметност и Дизајн“
- „Лизт Ференк - Академија на Музиката“
Хронолошка историја на Будимпешта[уреди | уреди извор]
Година | Настан |
---|---|
П.н.е. | Неолитски, енеолитски-, бронзени и железни култури, Келтите направиле свои населби во денешна Будимпешта. |
I век | Римјаните ги пронашле населбите познати како Аквинкум, Контра-Аквинкум и Кампона. Аквинкум станал најголемиот град во Дунавскиот регион и еден од главните градов на Панонија. |
V век | Година на Хуните. Нивниот водач Атила изградил град за него тука (денешна Будимпешта) според последните извори. |
896 | После пронаоѓањето на Унгарија, Арпад, лидер на Унгарците, се населува во „градот на Атила“, односно Аквинкум. |
X век | Од седум до десет унгарски племиња колку што биле на број, четири се населиле на територијата на денешна Будимпешта: Меѓер, Кесзи, Јено и Ниек. |
1046 | Епископот Гелерт умире во рацете на паганите на местото каде што денеска се наоѓа ридот Гелерт. |
1241 | За време на татарската инвазија, двата града биле уништени. Кралот Бела IV го изградил првиот кралски дворец на кралскиот рид во 1248 година. Новиот град го зема името Буда од неговиот претходник (денеска Обуда). Пешта била заградена со градски ѕидови. |
1270 | Света Маргарет умира во манастир на Островот на зајаците (денешен Маргарет). |
1458 | Матијас Корвиниј бил избран за нов крал. За време на неговото владеење Буда станала главната точка на европската Ренесанса. Умрел во 1490 година, откако Виена била освоена во 1485 г. |
1541 | Почеток на отоманската окупација. Отоманските паши изградиле голем број џамии и бањи во Буда. |
1686 | Буда и Пешта бил реосвоени од Отоманците под хабзбуршко водство. Двата града биле комплетно уништени во борбите. |
1690-ти | Неколку стотици Германци се населуваат. |
1773 | Бил избран првиот градоначалник на Пешта. |
1777 | Марија Тереза Австријска го префрлила „Будимпештанскиот факултет“ на кралскиот рид. |
20 мај 1795 | Игњат Мартиновиќ и други јакобински лидери се погубени на Вермезо или „Полето на крвта“. |
1810 | Оган во округот Табан. |
1825 | Почеток на реформаторската ера. Пешта станува културен и економски центар на државата. Првиот Национале театар бил изграден, заедно со „Унгарскиот Национален Музеј“ и Ланчаниот мост. |
1838 | Најголема поплава во последно време во март. Пешта била целосно поплавена. |
15 март 1848 | Почеток на револуцијата и војната за независност (1848-49). Пешта е заменета со Братислава која сега е главен град на Унгарија и седиште на владата и парламентот. |
1849 | Австријците го окупираат градот во ран јануари, но унгарската армија за национална одбрана го презема повторно во април, заземајќи ја тврдината во Буда на 21 мај, после 18 дневен отпор. Во јули, хабзбуршката армија повторно ги завзема двата града. |
6 октомври 1849 | Лајос Батијани, првиот унгарски премиер е погубен. |
1867 | Компромис меѓу Австрија и Унгарија. |
1873 | Поранешните градови: Пешта, Буда и Обуда се обединуваат, и со тоа унгарската столица е официјално воспоставена под името Будимпешта. |
1878 | Електрична струја е инсталирана во центарот на градот. |
1893 | Електрификацијата на цела Будимпешта е завршена |
1896 | Милениумски славења, Милениум метрото и мостот на слободата се отворени. |
1909–1910 | Уличната електрификација е проширена и во предградијата, блиските градчиња и села добиваат градска струја. |
1910 | Се случува попис со резултати 880.000 луѓе во Будимпешта и 55.000 во најголемото предградие Ујпешт (сега дел од Будимпешта). Кога станува збор за религиите 60,9% се припадници на католицизмот, 23,1% се Евреи, 9,9% калвинисти и 5,0% лутеранисти. Ујпешт е составена од 65,9% католици, 18,4% Евреи, 9,7% калвинисти и 4,5% лутеранисти. Процентот на етнички Германци во Будимпешта е 9,0%, а во Ујпешт 5,7%, додека 2,3% од населението се изјаснува како словачко. |
1918–1919 | Револуција и 133 дена од формирањето на Унгарската Советска Република (март-август 1919) на чело со Бела Кун. Формирана е првата комунистичка влада во Европа после Октомвриската револуција во Русија. |
1924 | Подигната е Националната унгарска банка. |
1925 | Унгарското радио започнува со пренос. |
1933 | Растурањето на собранието на табанците започнува. |
19 март 1944 | Будимпешта е окупирана од Германците. Во тој период на окупација, имало околу 184.000 Евреи и помеѓу 65.000 до 80.000 христијани кои биле сметани за Евреи во градот. Помалку од половина од нив (околу 119.000) успеале да се спасат во тогашните минати 11 месеци. |
26 дек. 1944 - 13 фев. 1945 | Советските и романските ја опсадиле Будимпешта од 15 до 18 јануари. Германците кои се повлекувале ги уништиле си мостови на Дунав. На 18 јануари, Пешта целосно била окупирана од СССР. Буда замокот потпаднал под окупација на 13 февруари. Втората светска војна ги одзела животите на околу 200.000 жители на Будимпешта и видно го уништила градот. |
23 окт. - 4 ноем. 1956 | Настанува унгарска револуција, а завршува со инвазија на голема советска сила. |
1960-ти | Штетите настанати од војните во поголем број биле поправени. Главниот мост или мостот Елизабет бил завршен во 1965 година. |
1970–1972 | Првата фаза на исток-запад метрото започнува. |
1982 | Првата фаза на север-југ метрото започнува. |
1987 | Замок ридот и бреговите на Дунав се вклучени во листата на светско наследство на УНЕСКО. |
1990 | Градот е дом на 2.016.100 граѓани. |
2002 | Булеварот Андраси е вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Милениум метрото, и Плоштадот на хероите. |
2006 | Унгарски протести. |
2006 | 200 км од 1000 км во главно ниво, под раководство на локалната власт е се обновени после 80 км во претходната година. Најдолгите светски трамваји Siemens Combino Supras почнуваат со работа на Големиот Булевард, а до крајот на годината 150 Волво 7700 автобуси ги замениле застартените БКВ флоти. Реконструкцијата на метро линијата 2 завршила. |
2008 | Источниот дел на автопатот M0 заедно со мостот Меѓери околу градот е завршен и пуштен во употреба. Новиот северен железнички исто така бил завршен и пуштен во употреба. |
2008 | Во текот на годината, 400 км на пат[24] биле реконструирани како дел од програмот за реконструкција на патиштата во пар со цевки (греење и вода) и било извршено проширување или замена на канализацискиот состав на оние места каде што било потребно. |
2009 | Во периодот 2007-2009 била завршена комплетната реконструкција на Мостот на слободата[25] заедно со патеките во трамвајската зона. |
2009 | Почнала реконструкцијата на мостот Маргит[26] и е планирана да заврши во 2011. |
2010 | Центрите за прочистување на вода започнуваат со работа на нормален начин. |
2010 | Тунелот од метро линијата 4 е завршен. |
Интернационални врски[уреди | уреди извор]
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Будимпешта е збратимена со:[27][28][29]
Држава | Град | Округ / Регион / Држава | Датум |
---|---|---|---|
![]() |
Виена | Виена | 1990 |
![]() |
Сараево | Кантон Сараево | 1995 |
![]() |
Софија | Град Софија | |
![]() |
Пекинг | Пекинг | 2005[30] |
![]() |
Загреб | Загреб | 1994[31] |
![]() |
Париз | Париз | 1956 |
![]() |
Берлин | Берлин | 1992[32] |
![]() |
Франкфурт | Хесен | 1990 |
![]() |
Џакарта | Џакарта | 2009[33] |
![]() |
Тел Авив | Округ Тел Авив | 1989[34] |
![]() |
Фиренца | Тоскана | 2008[35] |
![]() |
Варшава | Полска | 2005[36] |
![]() |
Лисабон | Дистрикт Лисабон | 1992 |
![]() |
Букурешт | Букурешт | 1991 |
![]() |
Кошице | Регион Кошице | 1997[37] |
![]() |
Дежон | Дежон | 1994 |
![]() |
Бангкок | Бангкок | 2007 |
![]() |
Лавов | Украина | 1993[38] |
![]() |
Форт Ворт | Тексас | 1990[39] |
![]() |
Њујорк | Њујорк | 1992[40] |
Исто така некои од окрузите на градот се збратимени со мали градови или окрузи на некои други големи метрополи.
Партнерство[уреди | уреди извор]
Будимпешта како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Будимскиот крал и кралицата“ (Будимски краљ и краљица) - српска народна песна.[42]
- „Што се саит под Будима града“ - македонска народна песна.[43]
- „Ние, среќните пештанци“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[44]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Извори[уреди | уреди извор]
Користена литература[уреди | уреди извор]
- DK Publishing, Budapest: Eyewitness Travel Guildes (2007). DK Travel. 978-0756624354.
- Barber, Annabel (2004). Visible Cities Budapest: A City Guide. Somerset.
- Ungvary, Krisztian (2006). The Siege of Budapest: One Hundred Days in World War II. Yale University Press. 978-0300119855.
- Molnar, Miklos (2001). A Concise History of Hungary. Cambridge Concise Histories (Fifth printing 2008 издание). Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 9780521667364.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Beauty and the Feast“, Time, 18 март 2002 (посет. 22 мај 2008 г).
- ↑ „Budapest“. Encyclopædia Britannica. (2008). Encyclopædia Britannica, Inc.. (посет. 30 јануари 2008 г)
- ↑ „Gazetteer of the Republic of Hungary“ (PDF). Hungarian Central Statistical Office. 2009-01-01. конс. 2009-08-25.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Török, András. „Budapest“. Encarta. (посет. 6 април 2008 г)
- ↑ Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15.
- ↑ 6,0 6,1 „Aquincum“. Encyclopædia Britannica. (2008). Encyclopædia Britannica, Inc.. (посет. 22 мај 2008 г)
- ↑ Sugar, Peter F.; Péter Hanák, Tibor Frank (1990). „Hungary before the Hungarian Conquest“. A History of Hungary. Indiana University Press. стр. 3. ISBN 025320867X. http://books.google.com/books?id=SKwmGQCT0MAC&printsec=frontcover&hl=hu#PPA3,M1. посет. 19 мај 2008 г.
- ↑ Drake, Miriam A.. (2003). „Eastern Europe, England and Spain“. Encyclopedia of Library and Information Science: 2498. CRC Press. (посет. 22 мај 2008 г)
- ↑ Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15
- ↑ . "A Roster of World Cities". Loughborough University. (консултирано на 2008-05-22)
- ↑ 11,0 11,1 „Nomination of the banks of the Danube and the district of the Buda Castle“ (PDF). International Council on Monuments and Sites. конс. 2008-01-31.
- ↑ Lyman, Rick. „Budapest Is Stealing Some of Prague’s Spotlight“, The New York Times, 3 октомври 2006 (посет. 29 јануари 2008 г).
- ↑ „World Heritage Committee Inscribes 9 New Sites on the World Heritage List“. Unesco World Heritage Centre. конс. 2008-01-31.
- ↑ „Budapest:When to go“. Lonely Planet. конс. 2008-04-06.
- ↑ „Monthly Averages for Budapest, Hungary (based on data from 1901–2010)“. Hungarian Meteorological Service. конс. 2010-06-04.
- ↑ „Population by nationalities“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. конс. 2008-05-30.
- ↑ „Budapest's population is increasing“. Index.hu. 2010. конс. 2010-03-30.
- ↑ „Population by religions, denominations“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. конс. 2008-05-30.
- ↑ {{{author}}}, Budapest Corner, {{{publisher}}}, {{{date}}}.
- ↑ Kulish, Nicholas. „Out of Darkness, New Life“, „The New York Times“, 30 декември 2007 (посет. 12 март 2008 г).
- ↑ „In the Neighbourhood: the Synagogue“. Hotel Ambra.
- ↑ http://www.70-billion-pixels-budapest.com/index_en.html
- ↑ Rail, Evan. „36 Hours in Budapest“, „The New York Times“, 12 август 2007 (посет. 29 јануари 2008 г).
- ↑ „Road Reconstruction Portal“. Official Webpage of the Local Government of Budapest.
- ↑ „Article on Infrastructural Investments“. Official Webpage of the Local Government of Budapest.
- ↑ „News on the reconstruction of Margaret Bridge“. Official Webpage of the Local Government of Budapest. 2008-06-10.
- ↑ „Sister City - Budapest“. Official website of New York City. конс. 2008-05-14.
- ↑ „Sister cities of Budapest“ (Hungarian). Official Website of Budapest. конс. 2008-01-31.
- ↑ „Who knows less about Budapest? A quiz with mayor candidates“ (Hungarian). Index. конс. 2008-01-31.
- ↑ „Sister Cities“. Beijing Municipal Government. конс. 2009-06-23.
- ↑ „Intercity and International Cooperation of the City of Zagreb“. © 2006–2009 City of Zagreb. конс. 2009-06-23.
- ↑ „Berlin's international city relations“. Berlin Mayor's Office. конс. 2009-07-01.
- ↑ „The Jakarta Post - Hungarian envoy builds new links with RI“. The Jakarta Post.
- ↑ „Tel Aviv sister cities“ (Hebrew). Tel Aviv-Yafo Municipality. конс. 2009-07-01.
- ↑ „Hízelgő a magyar fővárosnak: Firenze testvérvárosának fogadta“. Népszabadság (Hungarian). Ringier. 2008-05-17. конс. 2008-05-30.
- ↑ „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. конс. 2008-08-29.
- ↑ „Partnership towns of the City of Košice“ (Slovak). © 2007-2009 City of Košice Magistrát mesta Košice, Tr. SNP 48/A, 040 11 Košice. конс. 2009-07-12.
- ↑ [1]
- ↑ „Fort Worth Sister Cities“. fwsistercities.org. конс. 17 February 2010. Text " The world is ready. The time is now." ignored (помош)
- ↑ „NYC's Sister Cities“. Sister City Program of the City of New York. 2006. конс. 2008-09-01.
- ↑ „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. конс. 2009-07-19.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 83.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 19-20.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Будимпешта“ на Ризницата ? |
- Градски портал (англиски)
- Туристика служба на Будимпешта (англиски)
- Јавен превоз во Будимпешта (англиски)
- Будимпешта на Facebook (англиски)
![]() |
Статијата „Будимпешта“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |
|
|
|