Егер
Eger Егер | ||
---|---|---|
![]() | ||
| ||
Држава | ![]() | |
Округ | Хевеш | |
Управа | ||
• Градоначалник | Ласло Хабиш | |
Површина | ||
• Вкупна | 92,2 км2 (356 ми2) | |
Население (2009) | ||
• Вкупно | 56.429 | |
• Густина | 610,8/км2 (15,820/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 3300 | |
Повик. бр. | 36 | |
Мреж. место | http://www.eger.hu/ |
Егер (унгарски: Eger, германски: Erlau, словачки: Jáger, латински: Agria) — град во северна Унгарија со население од околу 56.000 луѓе.
Егер е главен град и административен центар на округот Хевеш и се наоѓа во североисточна Унгарија помеѓу гората Бука и Матра. Познато е туристичко место со термални извори. Во градот постои метална, прехранбена и хемиска индустрија како и винарски пазар.
Областа на денешниот Егер била населена уште од камено време. Во раниот среден век во градот се населиле германски и словенски племиња. Во 10 век дошле Унгарците кои ја освоие егерската област. Егер станал важно место околу 1009 година, за време на владеењето на првиот унгарски крал Иштван I (или Стефан I). Во тоа време била подигната римокатоличката епископија во градот. Градот пострадал за време на монголските напади во 1242 година и потполно бил уништен. За време на владеењето на Матијаш Корвин, го достигнал врвот за време на ренесансата и станал значаен град во Унгарија за тој период. Во 16 век цврсто се бранел од нападите на Отоманското Царство, но Отоманците успеале да го освојат Егер во 1596 година и со него владееле 91 година, сè до 1687.
После ослободувањето од отоманската власт (од тој период е зачувано минаре кое е високо 35 m), во текот на 18 век претежно бил изграден во барок стил. Поранешната миноритска црква (1758-1771) се вбројува во една од најубавите монументи на Унгарија. Православната црква во градот (1784-99) важи за една од најголемите православни цркви во Унгарија и позната е по богатиот иконостас (1789-1791). Денеска е музеј на црковнословенската култура на градот.
Во периодот од 16 до 19 век во Егер имало многу Срби, Грци и Власи. Двајца Хрвати, Фрањо Франкопан и Антун Вранчиќ, биле римокатолички епископи во Егер. По градот Егер е именувана и егерската епархија која за време на пеќката патријаршија била јасеверната православна епархија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Егер“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (англиски) (унгарски) (германски) (француски) (холандски)
- egercity.hu Мрежно место за Егер со туристички информации, карти и програми (англиски) (унгарски)
- [1]
- Eszterházy College Колеџот Естерхази (унгарски) (англиски)
- egervaros.hu
- Воздушна фотографија: Егер
- Стара поштенска карта на Егер (колекција на градската библиотека)
- Слики од Егер
- Егер туристички тури
|