Унгарци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национално знаме на Унгарија и на Унгарците.

Унгарци (или уште нарекувани и Маѓари, на унгарски: magyarok) се етничка група, поврзани со нивната матична држава Унгарија, централно европска држава и нејзините земји претходнички (Кралството Унгарија и Народна Република Унгарија). Денеска во светот има околу 14 милиони Унгарци, од кои 10 милиони живееат во денешна Унгарија (од пописот од 2001)[1]. Околу 2.5 милиони Унгарци живеат во областите што му припаѓале на Кралството Унгарија пред Договорот од Тријанон од 1920, сега веќе дел од седумте соседи на Унгарија, како што се Романија, Словачка, Србија и Украина. Значителна група на луѓе со унгарско потекло живее во различни делови од светот (најголем дел од нив е во Соединетите Американски Држави), меѓутоа само мал дел од нив го зборуваат унгарскиот јазик и ги негуваат унгарските обичаи. Унгарците се поделени во неколку подгрупи според локалните лингвистички и традиционални обележја. Најголем дел од Унгарците се Римски католици.

Наводи[уреди]