Ренесанса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ренесанса (фр. за „преродба“)[1] е културно движење кое, во главно, го опфаќа периодот од XIV до XVII век, започнувајќи во Фиренца во доцниот среден век, а подоцна распространувајќи се низ цела Европа. Поимот многу поретко се користи за опишување на историската ера, но бидејќи промените на ренесансата не биле еднолични низ Европа, ова е општа употреба на поимот. Како културно движење, ренесансата се поврзува со оживувањето на учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во сликањето и постепената, но распространета образовна реформа. Најчесто, поради оваа интелектуална преобразба ренесансата се смета за мост помеѓу средниот век и новиот век. Иако ренесансата видела многу револуции во многу интелектуални занимања, како и општествени и политички пресврти, најверојатно е најдобро позната по сиот развој во уметноста и по придонесите на учените луѓе како Леонардо да Винчи и Микеланџело.[2][3]

Постои општ, но не и неоспорен, консензус дека ренесансата започнала во Фиренца, Тоскана во XIV век.[4] Различни теории се предложени за да одговараат на нејзиното потекло и нејзините карактеристики, фокусирајќи се на мноштво фактори вклучувајќи ги социјалните и граѓанските проблеми во Фиренца во тоа време; нејзината политичка структура; покровителството на нејзиното најдоминантно семејство, Медичи;[5] и миграцијата на грчки школари и текстови во Италија проследувајќи го Падот на Константинопол од рацете на Османлиите.[6][7][8]

Ренесансата има долга и сложена историографија, а има и многу дебатирање помеѓу историчарите околу користеноста на Ренесанса како поим и како историско претставување.[9] Некои се прашуваат дали ренесансата била воопшто културен „напредок“ од средниот век и ја гледаат како период на песимизам и носталгија за антиката,[10] додека други се фокусираат на наизменичното менување помеѓу двете ери.[11] Навистина, некои бараат крај на употребата на поимот, кои тие го гледаат како производ на презентизмот – употребата на историјата за да се полноважат и глорификуваат модерни идеали.[12] Зборот Ренесанса е користен и за опишување други историски и културни движења, како каролиншката ренесанса и ренесансата на XII век.

Преглед[уреди]

"The School of Athens" by Raphael
Ренесанса
Теми

Архитектура
Танци
Книжевност
Музика
Сликарство
Филозофија
Наука
Технологија
Војување

Региони

Англија
Франција
Германија
Италија
Ниските земји
Северна Европа
Полска
Шпанија

Виртувијанскиот човек на Леонардо да Винчи јасно го покажува ефектот кој го имале античките писатели врз ренесансните мислители.

Ренесансата била културно движење кое длабоко влијаело на европскиот интелектуален живот во раниот нов век. Започнувајќи во Италија, а до XVI век распространувајќи се и низ цела Европа, таа влијаела на книжевноста, философијата, уметноста, политиката, науката, религијата и на други аспекти од интелектуалноста. Ренесансните школари употребувале хуманистички метод во учењето и барале реалистичност и емотивност во уметноста.[13]

Ренесансните мислители во европските монашки библиотеки и кај разурнатата Византиска империја барале литературни, историски и говорнички антички текстови, обично напишани на латински или старогрчки, многу од кои се изгубени. Всушност, овој нов фокус на ренесансните школари е тоа што ги разликува од средновековните школари на ренесансата на XII век кои се фокусирале на изучување грчки и арапски дела за природните науки, философијата и математиката, наместо да изучуваат текстови од културно значење. Ренесансните хуманисти не го одбивале христијанството; сосем спротивно, многу од најдобрите ренесансни дела се посветени на христијанството, а црквата има заштитено многу од ренесансната уметност. Сепак, дошло до суптилен пресврт поради начинот на кој интелектуалците и приоѓале на религијата, што се рефлектирало во многу културни полиња.[14] Поради тоа, многу грчко-христијански дела, вклучувајќи го грчкиот Нов завет, биле донесени назад од Византија во Западна Европа, што ги ангажирало западните школари за првпат од доцната антика. Оваа нова ангажираност со грчко-христијанските дела, a особено враќањето на оригиналниот грчки од Новиот завет поткрепено од хуманистите Лоренцо Вала и Еразмо Ротердамски, ќе помогне за проширување на патот за протестантската реформација.

Некои уметници како Мазачо тежнееле да ја прикажуваат човечката форма пореалистично, развивајќи техники со кои поприродно ја прикажувале перспективата и светлото. Политичките философи, како добро познатиот Николо Макијавели, се стремеле да го прикажат политичкиот живот каков што навистина бил, за да се разбере рационално. Критички придонес за италијанската ренесанса дал хуманистот Пико дела Мирандола, со пишување на неговиот познат текст De hominis dignitate (Говор за достоинството на човекот, 1486), кој е составен од низа тези за философијата, природната мисла, вербата и магијата одбранени од секој противник. Покрај учењето на класичниот латински и грчки јазик, ренесансните писатели во голема мера почнале да ги користат своите народни јазици; комбинирано со воведувањето на печатарството, на многу луѓе им се овозможува достап до книги, особено Библијата.[15]

Сè на сè, ренесансата може да се види како обид на интелектуалците да го учат и подобрат секуларното и световното, двете преку оживувањето на антиката и необичниот начин на размислување. Некои школари, како Родни Старк,[16] ја кочат ренесансата како заслуга на раните иновации на италијанските градови-држави во доцниот среден век, кои се придружени од подготвена влада, христијанството и раѓањето на капитализмот. Оваа анализа расправа дека, додека големите европски држави (Франција и Шпанија) биле апсолутистички монархии, останатите биле под директна контрола на црквата, независните држави-републики на Италија ги презеле начелата на капитализмот изведени на свештенските сталежи и започнале огромна комерцијална револуција која ја наследила и финансирала ренесансата.

Потекло[уреди]

Латински и грчки фрази на ренесансниот хуманизам[уреди]

Општествени и политички структури на Италија[уреди]

Црна Смрт[уреди]

Културна состојба на Фиренца[уреди]

Карактеристики[уреди]

Хуманизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ренесансен хуманизам.

На некој начин хуманизмот не бил философија, туку метод на учење. Како контраст на средновековната схоластика, која се фокусира на решавање противречности помеѓу авторите, хуманистите проучуваат антички текстови во оригинална форма и ги оценуваат низ комбинација од образложување и емпириски доказ. Хуманистичкото образование било базирано на програма од 'Studia Humanitatis', учење за петте хуманистички полиња: поезија, граматика, историја, етика и реторика. Иако повеќе историчари повеќепати се обиделе да го дефинираат хуманизмот попрецизно, повеќето се имаат одлучено со една „нецелосна дефиниција... движењето за повраќање, интерпретирање и асимилирање на јазикот, книжевноста, учењето и вредностите на античка Грција и Рим“.[17] Над сè, хуманистите го нарекуваат „генијалноста на човекот ... единствената и исклучителна способност на човечкиот ум.“[18]

Хуманистичките школари го обликувале интелектуалниот пејзаж низ раниот модерен период. Политички философи како Николо Макијавели и Томас Мор (1478 – 1535) ги оживеале идеите на грчките и римските мислители и ги примениле во критики за современата влада. Придонесот на Макијавели, во погледот на Исаија Берлин е всушност судбоносен пробив во западната политичка мисла доделувајќи единствено образложување на политиката и вербата што веројатно го прави татко на општествените науки.ж

Уметност[уреди]

Наука[уреди]

Религија[уреди]

Самосвесност[уреди]

Распространетост[уреди]

Јужна Европа[уреди]

Северна Европа[уреди]

Историографија[уреди]

Други ренесанси[уреди]

Видете исто така[уреди]

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Renaissance, Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. http://www.etymonline.com/index.php?search=renaissance&searchmode=none. конс. 31 јули 2009. 
  2. BBC Science & Nature, Leonardo da Vinci Retrieved on 12 мај, 2007
  3. BBC History, Michelangelo Retrieved on 12 мај, 2007
  4. Burke, P., The European Renaissance: Centre and Peripheries (Blackwell, Oxford 1998)
  5. Strathern, Paul The Medici: Godfathers of the Renaissance (2003)
  6. Encyclopedia Britannica, Renaissance, 2008, O.Ed.
  7. Har, Michael H. History of Libraries in the Western World, Scarecrow Press Incorporate, 1999, ISBN 0-8108-3724-2
  8. Norwich, John Julius, A Short History of Byzantium, 1997, Knopf, ISBN 0-679-45088-2
  9. Brotton, J., The Renaissance: A Very Short Introduction, OUP, 2006.
  10. Huizanga, Johan, The Waning of the Middle Ages (1919, trans. 1924)
  11. Starn, Randolph. "Renaissance Redux" The American Historical Review Vol.103 No.1 p.124 (Subscription required for JSTOR link)
  12. The Idea of the Renaissance, Richard Hooker, Washington State University Website (Retrieved on May 2)
  13. Perry, M. Humanities in the Western Tradition, Ch. 13
  14. Open University, Looking at the Renaissance: Religious Context in the Renaissance (Retrieved on 10 мај, 2007)
  15. Open University, Looking at the Renaissance: Urban economy and government (Retrieved 15 мај, 2007)
  16. Stark, Rodney, The Victory of Reason, Random House, NY: 2005
  17. Burke, P., The spread of Italian humanism, in The impact of humanism on western Europe, ed. A. Goodman and A. MacKay, London, 1990, p. 2.
  18. As asserted by Gianozzo Manetti in On the Dignity and Excellence of Man, cited in Clare, J., Italian Renaissance.