Прејди на содржината

Озд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Озд

Озд — град во округот Боршод-Абауј-Земплен, Северна Унгарија, 40 километри од седиштето на округот Мишколц. Озд е втор по големина град во округот.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црква Свети Никола

Областа е населена уште од античко време. Селото Озд првпат се споменува во 1272 година. Современиот град започна со обединувањето на градовите Озд , Болиок и Шајоваркони за време на социјалистичката ера на Унгарија, кога северниот дел на земјата бил развиен во центар на тешката индустрија. По промената на режимот, важноста на тешката индустрија се намалилa. Ова, исто така, придонесе за еден од најголемите проблеми во регионот, невработеност. Невработеноста била причина да многу луѓе отишле на запад во надеж дека ќе најдат подобар живот. Полека, металуршката продукција ја снемало, со што повеќе од 5.000 луѓе се невработени.

Во 1999 година, дел од градот, Фаркашлиук, станало независно село.

Озд има големо ромско население од 1025 лица. Озд е еден од најсиромашните градови во Унгарија.

Најпопуларниот спорт во Озд е фудбалот. Најуспешен фудбалски тим на Озд бил ФК Озди Кохас, кој играл во Првата унгарска фудбалска лига, лига на највисоко ниво во Унгарија.[1] Сепак, клубот се распуштил во 2003 година.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Озд е збратимен со:

  1. „Hungarian League 1961-62“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation.com. 2015-05-29.