Даглас (Ман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Даглас (англиски: Douglas; мански: Doolish) е најголем и главен град на островот Ман, со население од 28.939 жители (2011). Тој се наоѓа на устието на реката Даглас, сместен во залив oд две милји. Реката Даглас е дел од пристаништето на градот и главно комерцијално пристаниште.

Даглас беше мала населба сè додека не дојде до забрзан економски раст како резултат на поврзаноста со англиското пристаниште Ливерпул во 18 век. Понатамошен раст на населението дојде откако градот се индустријализираше во следниот век, што резултира во 1869 година со преместување на владата на островот, од Каслтаун во Даглас. Високиот суд на островот, исто така, е со седиште во главниот град.

Градот служи како главен центар на островот за бизнис, финансии, правни услуги, испорака, транспорт, шопинг и забава. Годишнaта Isle of Man ТТ - трка со мотори започнува и завршува во Даглас.

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]