Ман (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ман)
Isle of Man
Островот Ман

Ellan Vannin
Знаме Грб
ГеслоQuocunque Jeceris Stabit  (лат.)
Кај и да го фрлиш, ќе застане.
ХимнаНаша родино
"Arrane Ashoonagh dy Vannin" (мански)
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Местоположбата на  Ман (остров)  (црвено)
Местоположбата на  Ман (остров)  (црвено)
Главен град
(и најголем)
Даглас (Douglas Doolish)
54°09′N 4°29′W / 54.150° СГШ; 4.483° ЗГД / 54.150; -4.483
Службен јазик англиски, мански
Демоним Манци
Уредување Британски крунски посед Парламентарна демократија (Уставна монархија) 
 •  Лорд на Ман Елизабета II
 •  Управен намесник Адам Вуд
 •  Главен министер Тони Браун
Статус Територија 
 •  Приклучена кон Британската круна 1765 
Површина
 •  Вкупна 572 км2 (192.)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за  г. 80.058 (194.)
 •  Густина 131,2 жит/км2 (75.)
БДП (ПКМ) проценка за 2003 г.
 •  Вкупен 2,113 милијарди УСД (182.)
 •  По жител УСД 35.000 (11/12)
ИЧР (2010)0.849[1]
многу висок
Валута Британска фунта1 (GBP)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 •  (ЛСВ)  (UTC+1)
НДД .im
Повик. бр. +44 01624
1. Централната банка издава сопствени британски фунти (т.е. „мански фунти“).

Островот Ман (англиски: Isle of Man; мански: Ellan Vannin) — самоуправна територија на Британската Круна која се наоѓа во Ирското Море. На чело на државата е кралот Елизабета II, со титула Лорд од Ман. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Островот не е членка на Европската Унија, но има некои врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки.

Островот Ман е таканаречена економија на ниски даноци, нема данок на приходи од капитал, данок на богатство, ниту данок на наследство, а највисоката стапка на персонален данок изнесува 18%. Данокот на добивка за фирмите исто така е во најголемиот број случаи 0%.[2]

Поради ова, многу компании имаат свои оф-шор канцеларии на Ман, и тоа е главниот економски сегмент. Покрај тоа, присутни се и традиционалните економски дејности - рибарство, туризам и земјоделство. Владата на Ман го промовира островот како погодно одредиште за снимање на филмови, и од 1995 до денес (2008) се снимени над 80 филма.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. стр. 143 ff. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-21. Посетено на 21 април 2011.
  2. „Директни даноци - Влада на Островот Ман“. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2008-11-28.