Кајмански Острови
Кајмански Острови Прекуморска територија на Обединетото Кралство англ. Cayman Islands
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Тој го основа над морињата“[1] | ||||||
Химна: „Боже, чувај го Кралот“ (државна) Национална песна: „Сакан острову Кајман“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Џорџ Таун 19°20′N 81°24′W / 19.333° СГШ; 81.400° ЗГД | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности (2011[2]) |
|
|||||
Демоним | Кајманци | |||||
Уредување | британска прекуморска територијаа | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Гувернер | Данкан Тејлор | ||||
• | Премиер | Макива Буш | ||||
• | Задолжен министерб (ОК) | Марк Симондс | ||||
Законодавство | Законодавно собрание | |||||
Основање | ||||||
• | британска прекуморска територија | 1962 | ||||
• | сегашен устав | 6 ноември 2009 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 264 км2 (206-та) | ||||
• | Вода (%) | 1,6 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2010 | 54.878 | ||||
• | Густина | 212 жит/км2 (57-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $2,25 млрд | ||||
• | По жител | $43.800 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $2,25 млрд (158-ма) | ||||
• | По жител | $47.000 | ||||
Валута | кајмански долар (KYD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-5) | |||||
• | (ЛСВ) | нема (UTC-5) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .ky | |||||
Повик. бр. | +1-345 | |||||
а. | Посредна парламентарна зависна територија под уставна монархија. | |||||
б. | За прекуморските територии. |
Кајмански Острови (англиски: Cayman Islands) — британска прекуморска територија во западниот дел на Карипското Море. Територијата се состои од три острови: Голем Кајман, Кајман Брак и Мал Кајман, кои се наоѓаат јужно од Куба и северозападно од Јамајка. Географски, островите се сметаат за дел од Западната Карипска Зона и групата Големи Антили. Територијата е една од поважните прекуморски даночни раеви во светот.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Кајманските Острови прв ги забележал Кристофер Колумбо на 10 мај 1503 за време на четвртото (последно) патување во Новиот Свет. Островите ги нарекол Лас Тортугас поради големиот број на морски желки што ги забележал таму. Првиот Англичанец што го посетил островот бил Френсис Дрејк во 1586. Подоцна тој им го дал името „Кајман“ по новотаинскиот збор за алигаторите кајмани.
Островите останале ненаселени сè до XVII век. На нив никогаш немало домородно население, а првите доселеници биле пирати, бегалци од Шпанската инквизиција, морнари што доживеале бродолом и дезертери од војската на Оливер Кромвел во Јамајка.
Првиот постојан жител е Ајзак Боден, роден на Голем Кајман околу 1661. Бил внук на војник од Кромвеловата војска кој учествувал во заземањето на Јамајка во 1655.
Согласно одредбите на Мадридскиот мировен договор од 1670, Англија формално завладеала со Кајманските Острови заедно со Јамајка. По неколку неуспешни обиди за нивно населување, првите постојани доселеници од Англија се населиле во 1730-тите. Во 1734, гувернерот на Јамајка прогласил дека на островите им требаат робови.[4] Голем дел од робовите биле донесени од Африка, па така денес мнозинство од населението е од африканско и англиско потекло. На првиот попис извршен во 1802, Голем Кајман имал население од 933 жители, од кои 545 биле робови. Ропството било укинато во 1834, кога 116 семејства поседувале 950 робови.
Островите биле во составен дел од колонијата Јамајка сè до 1962, кога тие се здобиле со статус на посебна крунска колонија, а Јамајка станала независна земја.
Островот Голем Кајман, кој е претежно изложен на морско ниво, бил погоден од ураганот Иван на 11–12 септември 2004. Ова е еден од потешките катастрофи во историјата на островот. Бурниот наплив поплавил многу делови од островот и оштетил 83% од домовите, од кои 4% морале да се преградат одново. Настрадал и голем дел од инфраструктурата.[5]
Географија
[уреди | уреди извор]Кајманските Острови се сместени во западниот дел на Карипското Море и претставуваат врвови на голем подводен срт, наречен Кајмански Срт. Сртот ја окружува Кајманската Бразда, длабока 6.000 м [6] која се наоѓа 6 км јужно.[7] Соседни земји се Куба на север и Јамајка на исток. Најблиското континентално копно е Мајами (САД), оддалечено 700 км на југ.[8] Куба е оддалечена 366 км на север,[9] додека Јамајка е оддалечена 500 км на југоисток.[10] Голем Кајман е во голема мера најголем од островите, со површина од 197 км2.[11] Островите Кајман Брак и Мал Кајман се наоѓаат околу 120 км источно и североисточно од Голем Кајман и зафаќаат површина од 38 и 28,5 км2[12].
Теренот е претежно низок и варовнички, окружен со корални гребени.
Фауна
[уреди | уреди извор]На островите живеат десет вида на цицачи.
Во авифауната има два ендемски подвида на папагали-амазонци: Amazona leucocephala hesterna (кајманбрачки папагал), автохтон само на Кајман Брак, и големокајманскиот папагал (Amazona leucocephala caymanensis), автохтон на Кајманските Острови, шумовитите делови на Куба и островот Хувентуд.
Други позначајни членови на фауната се загрозената сина игуана, која е ендемска на Голем Кајман,[13] средноамериканското агути (Dasyprocta punctata), и лакомците (Sula) на Кајман Брак.[14]
Клима
[уреди | уреди извор]Островите се одликуваат со тропска приморска клима со дождовна сезона со топли дождливи лета (мај-октомрви) и сува сезона со релативно свежи зими (ноември-април).
Главна природна опасност на островите се тропските циклони кои се создаваат во атлантската ураганска сезона од јуни до ноември.
На 11 и 12 септември 2004, ураганот Иван ги подогил Кајманските Острови, кој однел две жртви и причинил огромна штета врз инфраструктурата на островите. Вкупната штета на стопанството била проценета на $3,4 милијарди.[15]
Демографија
[уреди | уреди извор]Кајманските Острови имаат повеќе правни отколку физички лица.[16] Во средината на 2001 г, островите имале 56.000 жители. Населението е мешавина од преку 100 народности. Од нив половината се од кајманско потекло. Околу 60% од населението е од мешани раси, т.е. афроевропско. Речиси сите жители се христијани, со голем број на презвитеријанци и католици. Во огромна мера најнаселен е островот Голем Кајман, по што следат Кајман Брак и Мал Кајман.[17] Се смета дека до 2020 г. бројот на жителите ќе се зголеми на 60.000.
Главен град е Џорџ Таун, сместен на југозападниот брег на Голем Кајман.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2010, постојаното население брои 54.878 жители,[18] и тоа по следниве места:
- Џорџ Таун: 27.704
- Вест Беј: 11.269
- Боден Таун: 10.341
- Норт Сајд: 1.437
- Ист Енд: 1.369
- Кајман Брак и Мал Кајман: 2.277
Религија
[уреди | уреди извор]- Христијани - 50,100
- Муслимани - 240
- Без Религија - 5,640
- Хиндуисти - 540
- Народна Религија - 2,700
- Евреи - 480
- Други - 360
Стопанство
[уреди | уреди извор]Со просечни примања од KYD$47.000, Кајманците имаат највисок животен стандард на Карибите. Според Светската книга на факти, островите имаат 14-ти највисок БДП во светот.[19] Островите имаат своја валута, наречена кајмански долар (KYD), која е вредносно врзана за американскиот по курс 1 KYD = 1,25 USD.[20]
Владата ги добива средствата претежно од посредно оданочување: не постои данок на приходи, данок на капитална добивка или пак фирмарина. Постојат само царински давачки за увозна стока по стапка од 5% до 22% (29,5%-100% за автомобили). Олеснети од данок се книгите, фотоапаратите, камерите и бебешката храна.
Туризам
[уреди | уреди извор]Една од поголемите атракции на Голем Кајман е плажата „Севн Мајл Бич“ („плажа од седум милји“), каде се сместени разни хотели и одморалишта. Посетители привлекува замокот Педро Сент Џејмс во Савана, кој е од историско значење за Кајманските Острови.[21] Туристите ги посетуваат и Мал Кајман[22] и Кајман Брак.[23]
Сите три острови нудат нуркање со раи и разгледување на потонати бродови. Во водите околу Кајман Брак има два потонати брода, вклучувајќи го попознатиот брод „Кит Тибетс“. Подрачјето околу Голем Кајман исто така има неколку потонати бродови.
Други туристички атракции на Голем Кајман е плажата Хел („пекол“) со железен песок, поморскиот тематски парк „Боутсвејнс Бич“ со 9,3 ха и планинарење по шумите со видич[24]
Финансиски услуги
[уреди | уреди извор]Кајманските Острови се важен финансиски центар во светот. Најголеми сектори се банкарството, вложувањето во хеџ-фондови, структурирано финансирање и хартии од вредност, едносубјектно осигурување (кептив) и општи деловни активности.[25] Финансовите услуги ги регулира и надгледува Монетарната управа на Кајманските Острови (CIMA).
Осторвите држат петто место во светот по обем на банкарските активности,[26] со банкарски средства во вредност од $1,5 трилиони.[25] На островите постојат 279 банки[27]. Во 2007 г, финансиските услуги придонеле со CI$1,2 милијарди во БДП (55% од сето стопанство), 36% од работните места и 40% од целокупниот приход на владата. Кајманските Острови имаат филијали на 40 од 50-те најголеми банки во светот.
Работна сила
[уреди | уреди извор]Бидејќи имаат мало население, Кајманските Острови мораат да увезуваат работници од странство, кои мораат да имаат дозвола за работа. Ваква дозвола имаат просечно 21.000 лица во даден момент.[28]
Управа
[уреди | уреди извор]Кајманските Острови се британска прекуморска територија без независност и суверенитет. Секои четири години народот изгласува Законодавен совет со 15 члена, кој се занимава со внатрешните работи на островите. Од нив петмина се избираат за членови на кабинетот, на чие чело стои гувернерот. Премиерот го назначува гувернерот.[29]
Гувернерот го назначува Кралот на Обединетото Кралство по предлог на британската влада и тој го претставува монархот.[30] Доколку смета дека е потребно, гувернерот може да има целосна законодавна и извршна власт согласно надлежностите пропишани во уставот.[31] Предлог-законите што ќе поминат во законодавното собрание треба да добијат кралска согласност пред да можат да се спроведат. Гувернерот има свој заменик, кој мора да биде Кајманец и да има служено на висока функција. Тој ја врши должноста на гувернер кога гувернерската функција е непополнета, кога гувернерот не е во можност да ги извршува должностите или кога е отсутен.[32] Моментален гувернер е Данкан Тејлор, а негов заменик е Франц Мандерсон.
Одбраната на островите е во надлежност на Обединетото Кралство. Кајманските Острови имаат своја полиција и воени питомци со свои единици.
Постојат две главни политички партии: Обединета демократска партија (UDP) и Народно прогресивно движење (PPM). И покрај постоењето на партиите, многу претенденти за јавни функции се кандидираат како независни.
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Островите имаат две пристаништа: Кајман Брак и Џорџ Таун.
Сите три острови имаат по еден аеродром. Најголем е меѓународниот аеродром „Овен Робертс“ на Голем Кајман. Кајман Брак го опслужува меѓународниот аеродром „Џерард Смит“, а Мал Кајман има слетувалиште по име „Едвард Боден“.
Образование
[уреди | уреди извор]На Кајманските Острови има бесплатно основно и средно образование, од кои некои училишта се државни, а некои се приватни, под покровителство на црковни организации. Високото образование е застапено со Универзитетскиот колеџ на Кајманските Острови, кој е државен и има кампуси на Голем Кајман и Кајман Брак.[33] Приватни високообраозовни установи се Меѓународниот колеџ на Кајманските Острови (на Голем Кајман) и универзитетот „Сент Метјус“ каде се изучува медицина и ветерина (исто така на Голем Кајман).[34] На Голем Кајман постои и Правен факултет (Law School), кој е огранок на Ливерпулскиот универзитет.[35]
Покрај овие установи, владата има и свој колеџ за јавни службеници и администрација, но нуди и континуирано образование од разни други области. Колеџот служи и како истражна установа на владата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ преземено од Псалм 24:2; англ. He hath founded it upon the seas
- ↑ „Background Note: Cayman Islands“. State.gov. 18 февруари 2011. Посетено на 31 јули 2011.
- ↑ „Даночи ме ако можеш. Рај или хаос?“. (англиски)
- ↑ „Историја на Кајманските Острови“. Gocayman.ky. Архивирано од изворникот на 2008-10-12. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ „Сеќавање на ураганот Иван“. Служба за справување со опасности на Кајманските Острови. Посетено на 26 јули 2012.[мртва врска] (англиски)
- ↑ Кајмански Острови - Светски институт за ресурси Архивирано на 13 ноември 2012 г. (англиски)
- ↑ Филип Г. Буш, „Голем Кајман, Британски Западни Инди“ - УНЕСКО (англиски)
- ↑ „Координати и вкупно растојание“. Mapcrow. Посетено на 23 октомври 2011. (англиски)
- ↑ „Растојание од Кајманските Острови до Куба“. distancefromto.net/. 2011. Посетено на 23 октомври 2011. (англиски)
- ↑ „Координати и вкупно растојание publisher=Mapcrow“. Посетено на 23 октомври 2011. Недостасува права црта во:
|title=
(help) (англиски) - ↑ http://www.unesco.org/csi/pub/papers/bush.htm
- ↑ Глен Гербер. „Малокајманска игуана“. Светски сојуз за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-10-08. Посетено на 23 октомври 2011. (англиски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2021-09-27.
- ↑ Woods, C. A. and C. W. Kilpatrick. 2005. Hystricognathi. стр. 1538–1600 in Mammal Species of the World a Taxonomic and Geographic Reference, III изд 3rd. D. E. Wilson and D. M. Reeder eds. Smithsonian Institution Press, Washington D.C.
- ↑ „Во сеќавање на ураганот Иван“. Кајман е подготвен. Архивирано на 27 февруари 2021 г. - Сајмон Боксал, 9 септември 2008 (англиски)
- ↑ „Региони и територии: Кајмански Острови“. БиБиСи Вести. 29 април 2011. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ „Кајмански Острови - Светска книга на Факти“. Архивирано од изворникот на 2020-04-26. Посетено на 23 јуни 2008. (англиски)
- ↑ „Попис на населението и домовите на Кајманските Острови во 2010 г: Прелиминарен извештај“ (PDF). Служба за економија и статистика. 7 февруари 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-02-17. Посетено на 2 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Рангирање според БДП - по глава на жител (ПКМ)“. Архивирано од изворникот на 2013-04-24. Посетено на 23 јуни 2008. - Светска книга на факти (англиски)
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-02-15. Посетено на 2012-12-03.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-01-12. Посетено на 2012-12-03.
- ↑ „Сон за оваа недела: нуркање и излежување на Мал Кајман“ - The Week, стр. 39 (29 ноември 2008) (англиски)
- ↑ Harper, Skip (2001). Adventuring in Cayman Brac. Fort Collins, Colorado, USA: Head and Toe Publishers. ISBN 978-0-9640645-2-2.
- ↑ „Служба за заштита на природните и културните богастства на Кајманските Острови“. Nationaltrust.org.ky. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ 25,0 25,1 Извештај за претседателот на комитетот и членот надлежен за рангирање - Финансиски комитет на Сенатот на САД, стр. 7 (2006) {(англиски)
- ↑ Места на сонцето - The Economist, Бр. 382 (8517 прил.), 3-5. (24 февруари 2007) (англиски)
- ↑ Податок од јуни 2008
- ↑ „Статистики за работните дозволи“. Eso.ky. 30 март 2007. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ Устав на Кајманските Острови, 2009, Дел III, Член 49
- ↑ Устав на Кајманските Острови, 2009, Дел II
- ↑ Устав, Член 55 и 81
- ↑ Устав, Член 35
- ↑ „Универзитетски колеџ на Кајманските Острови: За нас“. Ucci.edu.ky. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ „Универзитет „Сент Метјус"“. Stmatthews.edu. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- ↑ „Правен факултет на Кајманските Острови“. Liv.ac.uk. Архивирано од изворникот на 2012-01-14. Посетено на 31 јули 2011. (англиски)
- „Cayman Islands“. Светска книга на факти 2005. Архивирано од изворникот на 2020-04-26. Посетено на 4 јули 2005.
- „Non-Self-Governing Territories listed by General Assembly in 2002“. United Nations Special Committee of 24 on Decolonization. Посетено на 4 јули 2005.
- Michael Craton and the New History Committee (2003). Founded upon the Seas: A History of the Cayman Islands and Their People. Ian Randle Publishers, Kingston, Jamaica. ISBN 0-9729358-3-5.
- Alfredo Zayas y Alfonso (1914). Lexografía Antillana. El Siglo XX Press, Havana.
- „History of the Cayman Islands“. Caribbean Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на јули 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кајмански Острови“ на Ризницата ? |
- Влада на Кајманските Острови (англиски)
- Туристички портал на Кајманските Острови (англиски)
- Министерство за туризам на Кајманските Острови (англиски)
- Кајманските острови на Викимедииниот атлас
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Cayman Islands“ (англиски)
- Кајмански Острови на Curlie (англиски)
|
|
|
|