Економски раст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Економија
GDP nominal per capita world map IMF 2007.PNG
Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Поведение · Информациона
Економетрија · Развојна
Експериментална · Теорија на игри
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здраство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Portal.svg Портал економија

Економскиот раст го претставува зголемувањето на општиот обем на производство на стоките и услугите во економијата. Обично, економскиот раст се пресметува и изразува како процентуално зголемување на бруто домашниот производ во однос на претходниот временски период.

Улогата на финансискиот систем во економскиот раст[уреди | уреди извор]

Врската помеѓу финансискиот систем и економскиот раст е предмет на долгогодишни дебати при што економистите искажуваат различни ставови во однос на оваа врска. На пример, според Bagehot и Hicks, финансискиот систем одиграл клучна улога во поттикнувањето на индустријализацијата во Англија, овозможувајќи мобилизација на капитал за „огромните потфати“.[1] [2] И Шумпетер истакнува дека добро развиениот банкарски систем ги поттикнува технолошките иновации со наоѓање на претприемачите со најдобри шанси за успешни иновативни производи и производни процеси. Тој утврдил дека иновацијата и претприемништвото можат да влечат напред само кога економијата успешно го мобилизира штедењето, ефикасно ги алоцира ресурсите, го смалува ефектот на информациона асиметрија и го подобрува управувањето со ризикот, што се услуги кои ги обезбедува модерниот финансиски сектор.[3] Спротивно на ова, Џоан Робинсон тврди дека „онаму каде претпријатието води, финансиите следат“. Според ова гледиште, економскиот развој создава побарувачка за одредени видови финансиски производи, па тој го поттикнува финансикиот развој, а не обратно.[4]

Постојат бројни емпириски истражувања кои ја проучуваат врската меѓу финансискиот развој и економскиот растеж. На пример, користејќи податоци за 35 земји во периодот од 1860 до 1963 година, Голдсмит заклучува:[5] прво, помеѓу економскиот и финансискиот развој може да се повлече груба паралела, доколку се разгледува подолг период од неколку декади; второ, во некои од земјите постои индикации дека периодите на забрзан економски раст биле придружувани со натпросечна стапка на финансиски развој. Кинг и Левин во својата студија проучуваат 80 земји во периодот од 1960 до 1989 год. Тие користат четири мерки за нивото на финансискиот развој: ликвидните обврски на финансискиот сектор во однос на БДП, односот на распределбата на кредитите меѓу комерцијалните банки и централната банка, коефициентот на кредитите на приватни корисници во однос на домашните кредити (освен кредити на банките), и коефициентот на кредитите на приватни корисници во однос на БДП. Потоа тие ја оценуваат емпириската поврзаност на секој од четирите индикатори на финансискиот развој и три индикатори на раст, тоа се: просечната стапка на раст на БДП по глава на жител, просечната стапка на раст на капитал по жител и вкупниот раст на продуктивноста. Тие заклучуваат дека постои силна позитивна поврзаност помеѓу четирите индикатори на финансиски развој со трите индикатори на раст.[6] Левин и други (2000) ја истражуваат врската меѓу финансискиот сектор и економскиот развој во периодот од 1960 до 1995 година и утврдуваат дека егзогените компоненти на развојот на финансиските посредници се позитивно и силно поврзани со економскиот развој.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hicks, J. (1969), A theory of economic history. Oxford: Clarendon Press.
  2. Levine, R. (1997), „Financial development and Economic Growth: Views and Agenda“. Journal of Economic literature, Vol. 35, pp. 688-726.
  3. Levine, R. (1997), „Financial development and Economic Growth: Views and Agenda“. Journal of Economic literature, Vol. 35, pp. 688-726.
  4. Robinson, J. (1952), „The Generalization of the General Theory“, во: The rate of interest, and other essays. London: Macmillan, pp. 67-142.
  5. Goldsmith, R.W. (1969), Financial structure and development. New Haven, Yale University Press.
  6. King, R. G. and Levine, R. (1993), „Financial Intermediation and Economic Development“, во: Mayer, C. and Vives, X., Financial intermediation in the construction of Europe. London: Centre for Economic Policy Research, 1993, pp. 156-89.
  7. Levine, R., Loayza, N. and Beck, T. (2000), „Financial intermediation and growth: Casuality and causes“, Journal of Monetary Economics, Vol. 46, pp. 31-77.