Прејди на содржината

Информациска економија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Економија

Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Поведение · Информациска
Економетрија · Развојна
Опитна · Теорија на игрите
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здравство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Портал економија

Информациската економија или економија на информации е гранка на микроекономската теорија која проучува како информациите влијаат врз економијата и економските одлуки. Информацијата има специфични одлики, лесно е да се создаде, но тешко е да се верува на истата. Исто така, лесно е да се дистрибуира, но тешко е да се контроилира и влијае на многу економски одлуки. Овие специфични одлики (во споредба со останатите добра) им задаваат компликации на многу стандардни економски теории.[1]

Темата за „информациската економија“ се обработува под класификационит код „JEL D8“ - Информација, знаење и несигурност. Информациската економија има и неколку субсегменти. Информацијата како сигнал е опишана како вид на негативна мерка на несигурноста.[2]

Последните неколку години постои влијателен напредок во изучувањето на информациската асиметрија и нејзината импликација[3] во теоријата на договори, вклучувајќи го и пазарниот неуспех како можна опција.[4]

Информациската економија е формално поврзана со теоријата на игрите како и други видови на игри кои можат да бидат приспособени, вклучувајќи ги и игрите со совршена информација,[5] целосна информација[6] и нецелосна информација.[7] Експерименталната економија и методите на теоријата на игри се развиени во модел и тест теории на економијата на информации,[8] вклучувајќи ги и придонесите на потенцијалната јавна политика како дизајн на механизмот да би ја поттикнала размената на информации или, од друга страна економската благосостојба - подобрено економско однесување.[9]

Вредност на информација

[уреди | уреди извор]

Почетната точка на економската анализа е фактот што информацијата има економска вредност бидејќи им дозволува на поединците да направат избори кои даваат повисока од очекувана испалата или очекуваната корист која би се добила од направениот избор, но не и во отсуство на информацијата.

Информација и ценовен механизам

[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од напишаните книги за информациска економија се оригинално инспирирани од книгата „Употребата на знењето во општеството“ на Фридрих фон Хајек за упоребата на ценовниот механизам во дозволување на информациска децентрализација со цек поефикасна употреба на ресурсите.[10] Исто така, во неговите дела, Хаек се обидување да ја дискредитира делотворноста на агенциите за централно планирање преку систем на слободен пазар. Неговиот предлот да ценовниот механизам комуницира со информацијата во однос на недостатокот на добра ги инспирирал Аба Лернер, Тјалинг Купменс, Лионид Хјурвик, Џорџ Стиглер и други истражувачи во полето на економијата на иформации.[се бара извор]

Информациска асиметрија

[уреди | уреди извор]

Информациската асиметрија ги проучува одлугите во ситуации кога едната страна има повеќе или подобри информации од другата. Ова создава нерамнотежа во моќта на трансакциите која може да доведе до движење во погрешна насока. Како примери на оваа проблематика се неповолната селекција и моралната опасност.

Класично дека за неполона селекција е книгата „Пазарот за лимони“ од Џорџ Акерлоф.[11] Во основа, постојат две решенија за овој проблем, сигнализирање и прикажување.

Моралната опасност може да се опише како второ најдобро решение каде самите исплати се набљудувани со информациска асиметрија.[12]

Сигнализирање

[уреди | уреди извор]

Прв кој ја предложил идејата за сигнализирање бил Мајкл Спенс. Тој предложил во ситуација со информациска асиметрија луѓето да можат да го сигнализираат врстата на информација и со тоа се верува дека истата ќе биде пренесена до останатите и ќе ја реши асиметријата.

Оваа идеја била најпрво проучена во контекст на барање на работа. Вработувачот е заинтересиран за вработување на нов работник кој ќе биде добро квалификуван и брз ученик. Се разбира, сите потенцијални работници ќе тврдат дека ја поседуваат таа вештина, но само они си знаат дали навистина се квалификувани за работното место. Ова претставува информациска асиметрија.

Спенс предложил дека посетувањето на колеџ може да се земе како кредибилен сигнал на способноста за учење. Иако постои претпоставка дека вештите ученици можат да завршат со студирањето полесно отколку тие кои не ги поседуваат одредените способности, самото школување ги сигнализираат нивните способности до потенцијалните работодавачи. Ова е вистина дури и во случај кога ништо не научиле на училиште, а школото е употребено за сигнализирање. Ова функционира бидејќи преземената акција (посетување на настава) била послесна за луѓето кои поседуваат одредени специфични вештини во обидот да се сигнализира (капацитет за учење) до работодавачот.[13]

Прикажување

[уреди | уреди извор]

За пионер во оваа теоријата на прикажување се смета Џозеф И. Стиглиц.[14] Во овој случај, неинформираната или помалку информираната страна може да ја предизвика другата страна да ги открие своите информации. Тие можа да обезбедат збир од избори на таков начин што изборот зависи од личната информација за другата страна.

Информационо добро

[уреди | уреди извор]

Купувањето и продавањето на информации не е исто како купувањето и продавањето на поголемиот дел од останатите добра. Најпрво, кај информацијата нема соперништво што значи дека конзумирањето на информацијата не спречува некој друг, исто така, да ја искористи. Друга специфична одлика која го диференцира информацискиот пазар е тоа што маргиналниот трошок за информацијата е приближно нула, што значи дека откога е направена првата копија, репродукцијата може да чини многу малку или пак да не нè чини ништо. Ова го олеснува повтореното продавање.

Второ, исклученоста не е природна одлика на информациските добра, иако е возможно да се изгради вештачка исклученост. Сепак, природна одлика на информацијата е тоа што доколку некој ја знае, тешко е да се исклучат другите од нејзина употреба. Со оглед на тоа што кај информацијата нема соперништво и дека истата не неисклучива, најчесто се смета како пример на јавно добро.

Трето, информациските пазари не прикажуваат висок степен на транспарентност. Тоа се прави да би се оценила информацијата која делумно мора да им биде позната на корисниците на истата. За да се оцени некој софтвер потребно е да се научи како да се работи со него; за да се оцени некој филм потребно е да се гледа филмот.

Важноста на овие одлики е објаснета од Де Лонг и Фрумкин во „Следната економија

Врзување/спојување

[уреди | уреди извор]

Еден од методите за искористување на информациските добра е врзувањето (формирање врзопи). Ова е стратегија на групирање повеќе добра и продавање како едно. Врзопите им дозволуваат на продавачите подобро да ја предвидат побарувачката на групираните информации. Иако е тешко да се дознае која информација од групата еден поединец ја посакува, најчесто една личност вреднува одредена информација и го купува целиот пакет и покрај тоа што одделно информациите не би му го привлекле вниманието. Сепак, ова функционира единствено кога не е скапо да се продадат плус непосакувани информации во еден врзоп.

Повеќе информации

[уреди | уреди извор]

Во 2001, Нобеловата награда за економија им била доделена на Џорџ Акерлоф, Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц за нивната „анализа на пазарите со асиметрични информации“.[15]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. • Бет Ален, 1990. „Информацијата како економско добро“, American Economic Review, 80(2), стр. 268-273.
      • Кенет Џ. Ароу, 1999. „Информацијата и организацијата на индустријата“, поглавје 1, во Markets, Information, and Uncertainty на Грациела Чичилниски, „Cambridge University Press“, стр. 20-21.
       • _____, 1996. „Економија на информацијата: Изложба“, Empirica, 23(2), стр. 119[мртва врска]-128.
       • _____, 1984. Собрани дела од Кенет Џ. Ароу, в. 4, Економија на информацијата. Опис и преглед на поглавје врска.
       • Жан-Жаквес Лафонт, 1989. Економија на несогурноста и информацијата, „MIT Press“. Опис Архивирано на 25 јануари 2012 г. и прглед на поглавје врска.
  2. Кенет Џ. Ароу, 1996. „Економија на информацијата: Изложба“, Empirica, 23(2), стр. 120-21.
  3. Чарлс Вислон, 2008. „Неповолна селекција“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
  4. • Џон О. Ледјард, 2008. „Пазарен неуспех“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Ермен А. Алчејн и Харолд Демсеѕ]], 1972. „Изработка, цена на информација и економска организација“, American Economic Review, 62(5), стр. 777-795.
       • Сенфорд Џ. Гросмен и Џозеф И. Стиглиц, 1980. „За невозможната информациска пазарна ефикасност“, American Economic Review, 70(3), стр. 393-408.
       • Џозеф И. Стиглиц, 2008. „Информација“ The Concise Encyclopedia of Economics. „Library of Economics and Liberty“.
       • _____, 1987. „Причините и последиците од зависноста на квалитетот од цената“, Journal of Economic Literature, 25(1), стр.1-48.
       • _____, 2000. „Придонесите на информациската економија во економијата на 20. век“, Quarterly Journal of Economics, 115(4) , стр. 1441-1478.
       • _____, 2002. „Информацијата и промената во економската парадигма“, American Economic Review, 92(3), стр. 460-501[мртва врска]. од Nobel Prize Lecture Архивирано на 10 мај 2011 г., 8 декември, 2001.
  5. Џен Микилески, 1992. „Игри со совршена информација“, Економски прилагоден прирачник за теоријата на игри, в. 1, „Elsevier“, поглавје. 3, стр. 41-70.
  6. • Адам Браденбургер, 2008. „Епистемска теорија на игрите: целосна информација“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Силвејн Сорин, 1992. „Повторени игри со целосна информација“, Економски прилагоден прирачник за теоријата на игри, в. 1, „Elsevier“, поглавје 4, стр. 71-107.
  7. • Авејд Хивец, 2008. „Епистемска игра на теории: нецелосна информација“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • Роберт Џ. Омен и Авејд Хивец, 2002. „Нецелосна информација“, Економски прилагоден прирачник за теоријата на игри, в. 3, „Elsevier“, поглавје 43, стр. 1665-1686.
       • Шмуел Замир, 1992. „Повторени игри на нецелосната информација“, Економски прилагоден прирачник за теоријата на игри, в. 1, „Elsevier“, поглавје 5, стр. 109-154.
       • Франсоа Форгес, 1992. „Повторени игри на нецелосната информација“, Економско прилагоден прирачник за теоријата на игри, в. 1, „Elsevier“, поглавје 6, стр. 155-177.
  8. • С. С. Липмен и Џ. Џ. Мекал, 2001. „Информација, економија на“ International Encyclopedia of the Social & Behavioral Sciences, стр. 7480–7486.
       • Ерик Расмусен, 2007. Игри и информација, четврто издание. Опис и преглед на поглавје врска.
       • Чарлс Р. Плот и Вернон Смит, 2008. Прирачник од експериментални економски резултати, в. 1, „Elsevier“, втор дел: Пазарна економија на несигурност и информација и четврт дел: Игри, соодветно, поглавја 34-40 & 45-66 преглед врска[мртва врска].
       • Карл Густаф Лофгрин, Торстен Персон и Жоргин В. Вибул, 2002. „Пазари со асиметрична информација: Придонесите на Џорџ Акерлоф, Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц“, Scandinavian Journal of Economics, 104(2), стр. 195-211.
  9. • Роџер Б. Маерсон, 2008. „Дизајн на механизмот“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • _____, 2008. „откритие, принципи“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.
       • _____, 2008. „Перспективи на дизајнот на механизмот во економската теорија“, American Economic Review, 98(3), стр. 586-603 Архивирано на 25 мај 2012 г..
       • Ноем Нисан и Амир Ронен, 2001. „Алгоритамски дизајн на механизмот“, Игри и економско однесување, 35(1-2), стр. 166-196.
  10. • Ф. А. Хаек, 1945. „Употребата на знаењето во општеството“, American Economic Review, 35(4), стр. 519-530.
       • _____, 1948. Индивидуализам и економски ред, Чикаго. Опис и преглед на поглавје врска.
  11. Џорџ Акерлоф, 1970. „Пазарот за лимони: Квалитет, несигурност и пазарен механизам“, Quarterly Journal of Economics, 84(3), стр. 488-500[мртва врска].
  12. Бенг, 1979. „Морална опасност и забележителност“,, Bell Journal of Economics, 10(1), стр. 74-91 Архивирано на 7 април 2012 г..
  13. Мајкл А. Спенс, 1973. „Сигнализирање на пазарот на труд“, Quarterly Journal of Economics, 83(3), стр. 355-377.
  14. Џозеф И. Стиглиц, 1975. „Теорија на прикажување, едукација и дистрибуцијата на приход“, American Economic Review,65(3), стр. 283-300.
  15. The Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 2001 George A. Akerlof, A. Michael Spence, Joseph E. Stiglitz