Штедење
Штедење значи чување или одложување на материјални добра и пари (на пример, вложување во банка или во пензински фонд).
Се разликува материјална, парично, поединечно, колективно, доброволно и присилно штедење. Посебно е распространето паричното штедење, и тоа со вложување на парите во штедни институции - банки или штедилници. Во 1924 година во Милано бил основан Меѓународен институт за штедење. Истовремено е воведен и Светски ден на штедењето (31 октомври), кога посебно се запазува пропагандата за штедење преку најразлични средства за јавно информирање, се доделуваат различни награди на штедачите итн.
Штедењето во економијата[уреди | уреди извор]
Во економијата, штедењето е резултат на одлуките на потрошувачите за распределбата на доходот и потрошувачката во однос на времето, т.е. тоа се јавува како резултат на изборот меѓу денешната и идната потрошувачка. Така, ако потрошувачот одлучи да не го потроши целиот сегашен доход, непотрошениот дел од доходот претставува штедење (заштеда). Притоа, големината на штедењето зависи од следниве фактори:[1]
- распоредот на доходот низ времето - ако доходот на потрошувачот расте во текот на времето, тогаш тој денес ќе троши повеќе денес, а ќе штеди во иднината
- каматната стапка - ако е повисока каматната стапка, тогаш штедењето е поисплатливо и потрошувачот ќе троши помал дел од сегашниот доход, а остатокот ќе го заштеди, зашто тоа ќе му овозможи повисока потрошувачка во иднината
- апсолутниот износ на доходот - според една теорија, луѓето со повисок доход штедат поголем процент од доходот во споредба со луѓето со понизок доход
- вкусевите на потрошувачите - некои луѓе се понестрпливи, т.е. повеќе ја претпочитаат сегашноста отколку иднината, некои луѓе сакаат да се обезбедат во однос на неизвесноста во иднината итн.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 276-281.
![]() |
Оваа статија за од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |