Понуда и побарувачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Моделот на понудата и побарувачката покажува како цените се променуваат како резултат на рамнотежа помеѓу достапноста на производот (понуда) и волјата на оние со куповна моќ на различни цени (побарувачка). Графикот покажува поместување на побраувачката во десно од Пб1 до Пб2 заедно со последично зголемување на цената и количината која се побарува, односно воспоставување на нов пазарна рамнотежа (еквилибриум).

Понуда и побарувачкаекономски поими ги опишуват пазарните врски меѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Овој модел е фундаментален микроекономски модел и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи со пазарна рамнотежа на количината и цената. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на воспоставувањето на пазарната рамнотежа, опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.

Историја[уреди]

Економија
GDP nominal per capita world map IMF 2007.PNG
Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Однесување · Информациона
Економетрија · Развојна
Експериментална · Теорија на игри
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здраство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Portal.svg Портал економија

Фразата „понуда и побарувачка“ прв пат се среќава во делото „Иследување на принципите на политичката економија“ од Џејмс Стујарт објавено во 1767 година. Адам Смит ја користел истата фраза во своето дело „Истражување на природата и причините за богатството на народите“ (познато и по скратениот наслов Богатството на народите) од 1776. Дејвид Рикардо во неговото дело од 1817, Принципи на политичката економија и оданочувањето, насловил една глава „За влијанието нa понудата и побарувачката на цената“.[1]

Во „Богатството на народите“, Смит претпоставува дека цената на понудените стоки е фиксна, но нејзината значајност(вредност) би се намалила доколку се зголеми реткоста, всушност го втемелува она што подоцна ќе се вика закон на побарувачката. Дејвид Рикардо, во „Принципи на политичката економија и оданочувањето“, поригорозно ги поставува претпоставките кои подоцна станале темел на неговите идеи за понудата и побарувачката. Антоан Августин прв го развил математичкиот модел на понудата и побарувачката, во делото „Истражување на математичките принципи за теоријата на богатството“ од 1838.

Во 19. век се појавува маргиналистичката школа на економската мисла. Поважни основоположнци на оваа школа се: Стенли Џевонс, Карл Менгер и Леон Валрас. Клучната теорија на маргиналистите е дека цената е одредена од „најскапата цена“, односно од последната маргинална цена. Ова претставува значајна промена во однос на теоријата на Адам Смит за одредување на фиксните понудени цени.

Флеминг Џенкин, во неговиот есеј од 1870 година, „Графичко претставување на понудата и побарувачката“, за прв пат графички го претставил односот меѓу понудата и побарувачката, кој со време преку Алфред Маршал станал најпопуларниот график во економијата.

Моделот бил доразвиен и популаризиран од Алфред Маршал во неговото дело од 1890 година, „Принципи на политичката економија“.[1] Заедно со Леон Валрас, Маршал го одредил рамнотежното ниво во пресекот на двете криви. Тие исто така ги испитуваат последиците кои ги предизвикуваат пазарите еден врз друг.

Основи[уреди]

Пресекот на кривите на понудата (Пн) и побарувачка (Пб) ги одредуваат пазарната цена (Ц0) и количина (К0).

Моделот на понуда и побарувачка е замислен да функционира точно во услови на совршена конкуренција, каде што влијанието на ниту еден учесник на пазарот не може значајно да ја промени цената или количината на пазарот. Друга претпоставка на моделот е дека цените им се познати на сите учесници на пазарот. Понудената количина од производителите како и побаруваната количина од потрошувачите зависи од пазарната цена на производот.

Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска: повисока цена - поголема понуда, и обратно: пониска цена - помала понуда.

Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus („при други непроменети фактори“), односно промената е само во цената. Овие закони претставени графички ги одсликуваат кривата на побарувачката и кривата на понудата или претставени на ист график, односот меѓу понудата и побарувачката.

Моделот на понуда и побарувачка (или законот на понуда и побарувачка) вели дека пазарот тежнее кон еквириблиум, односно рамнотежа на цената и количината во точката на пресекот на кривите на побарувачката и понудата. Во таа точка се понудува онолку количина колку и што се побарува (прикажано на графикот)[а] Ако цената е под рамнотежното ниво, тогаш потрошувачите побаруваат повеќе добра одколку што производителите се подготвени да произведат. Со тоа се дефинира недостиг на доброто. Недостигот ги стимулира производителите да ја подигнат цената сè додека не се постигне еквириблиумот. Ако цената е над рамнотежното ниво, постои вишок на доброто. Производителите се мотивирани да ја намалуваат цената сè додека не се ослободат од вишокот, односно не се постигне еквириблиум.

Распоред на понудата[уреди]

Распоредот на понудата, прикажан преку кривата на понудата, е врската која постои помеѓу пазарната цена и количината на произведените добра. На краток рок, кога некои фактори се фиксни, позитивниот наклон го отсликува законот за опаѓачки приноси, кој гласи: со додавање на еден вид дополнителни влезни единици во производството (влез), ceteris paribus (при други непроменети услови), ќе имаме се помалце излезни единици, односно производи (извод или аутпут). На долг рок, кога нема фиксни влезни единици (инпути), позитивно наклонетата крива отсликува економии од обем.

Кривата на понуда на трудот покажува како зголемувањето на платите ја зголемува понудата на работна сила до одредена точка(Т2), над таа точка зголемувањето на платите резултира во намалување на понудата на работна сила.

За дадена фирма во услови на совршена конкуренција, профитот се максимизира со изедначување на маргиналниот трошок со цената, односно, на фирмата и се исплати да го зголемува производството сè додека маргиналниот трошок не се изедначи со цената.

Понекогаш, кривите на понудата (Supply curve) не се само правопропорционални. (на пр. кривата на понуда на труд, изразена во работни часови). Како што се зголемува платата на работникот, тој има желба да работи повеќе поради тоа што со работата ја зголемува маргиналната корисност од работењето, и опортунитетниот трошок од неработењето. Но кога платата ќе достигне екстремно високо ниво, работникот ќе го почуствува законот за опаѓачка маргинална корисност. Големата сума на пари која ја заработува, ги прави дополнителните пари од прекувремената работа незначајни, оттаму е демотивиран и понатаму да го зголемува своето работно време.[б] Ако се зголемат цените на целиот сектор, тогаш понудата сепак ќе се зголеми поради прекваливикацијата на работниците од пониско платените сектори. Зголемениот број на работници ќе компензира за фактот што секој произведува помалце. Обликот на кривата на понуда на трудот може да се забележи и при другите пазарни услови.

Невообичаена е и кривата на понуда на добрата и услугите од јавен интерес. Голем дел од трошоците за овие добра и услуги се фиксни, па оттаму понудата е константна (хоризонтална линија).

Распоред на побрувачката[уреди]

Распоредот на побарувачка, опишан графички како крива на побарувачката ја претставува променливата количина на добра и услуги што купувачите можат и сакаат да ја купат по различни цени, при ceteris paribus (други непроменети фактори). Скоро секогаш кривата на побарувачката е негативно наклонета крива, што значи дека со намалување на цената, потрошувачите ќе купваат повеќе добра.

Како што кривата на понуда е отсликана од кривата на маргиналниот трошок, така и кривата на побарувачка е отсликана од кривата на маргиналната корисност.[2]

Главни детерминанти на индивудалната побарувачка се: цената на доброто, доходот, вкусовите на потрошувачите, населението(бројот на нас.), владините политики, цената на субститутите и цената на комплементарите.

Формата на агрегатната побарувачка може да биде конвексна или конкавна, најверојатно во зависност од распоредот на доходот.

Кривата на побарувачката (Demand curve) не секогаш е негативно наклонета. Има ретки исклучоци каде што кривата на побарувачка е позитивно наклонета. Постојат два различни вида на добра со позитивно наклонета побарувачка: Гифинови добра (инфериорни добра, но основни во исхраната) и Вебленови добра (добра кои високата цена ги прави модерни и привлечни за купувачите).

Пазарни промени[уреди]

Практичната употреба на моделот на понудата и побарувачката се фокусира на промената на пазарниот еквириблиум на цената и количината, отсликан преку разните поместувања на кривата на понуда и кривата на побарувачка. Компаративната статика на таквите поместувања укажува на ефектите од почетното рамнотежно ниво до воспоставувањето на новото рамнотежно ниво.

Поместувања на страна на побарувачката[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Крива на побарувачка.
Поместувањето на кривата на побарувачка во десно, односно на горе, го променува пазарниот еквириблиум зголемуваќи ги и количината и цената продадени на пазарот.

Зголемување на побарувачката се смета дека постои кога потрошувачите побаруваат поголема количина при непроменета цена. Зголемената побарувачка графички се прикажува како поместување на кривата на побарувачката во десно односно на горе. На секоја точка, односно при секоја цена се побарува поголема количина, како што е прикажано поместувањето на кривата од точката Пб1 во точката Пб2. Ако дијаграмот претставува пазар на кафе, и кај луѓето се зголеми желбата за кафе, тоа ќе ја зголеми цената од Ц1 на Ц2 и количината од К1 на К2. Движењето низ кривата на побарувачката се нарекува „промена на побаруваната количина“, додека пак поместување на кривата се нарекува „промена во побарувачката“. Во претходниот пример, има зголемување на побарувачката, што е причина за зголемување на (еквириблиумот) количината. Зголемувањето на побарувачката може да биде предизвикано од промената на вкусовите, зголемување на доходот итн.

Ако побарувачката се намали, се случува спротивното: кривата на побарувачка се поместува во лево, односно на долу. Ако моменталната побарувачка на едно добро е во точката Пб2 и се помести (во лево, односно се намали) во точката Пб1 тогаш цената и количината ќе се намалат. Кривата на понудата останува непроменета, односно понудената количина по соодвените цени е иста и пред и по поместувањето на побарувачката. Промената е во пазарната количина, цената и побарувачка. За секоја точка на кривата, односно по секоја цена се побарува поголема количина (кога има промена од точката Пб1 во точката Пб2.)

Поместувања на страна на понудата[уреди]

Поместувње на десно, односно на горе, на кривата на понудата ја намалува пазарната цена и ја зголемува пазарната количина

При промена на трошоците на производство за дадено ниво на извод, кривата на понудата се поместува во десно за намалени трошоци, и во лево за зголемени трошоци. На пример, доколку некој пронајде подобар начин за производство на жито така што се намали трошокот за производство на дадена количина на жито, во тој случај производителите ќе произведуваат повеќе жито по било која цена, односно кривата на понудата на жито ќе се помести во десно, односно доаѓа до зголемување на понудата. Ова зголемувње предизвикува намалувње на пазарната цена од Ц1 на Ц2, додека пак пазарната количина се зголемува од К1 на К2, поради поголемата побарувачка при новата пониска цена. При поместувањата на понудата, пазарната цена и пазарната количина се променуваат во спротивни насоки.

Обратното се случува кога има намалување на понудата, односно поместување во лево на кривата на понудата. На пример ако пазарот е на пресекот на кривите Пб и Пн2 и кривата на понудата се помести во Пн1, пазарната цена ќе се зголеми а пазарната количина ќе се намали. Количината која се побарува по различните цени е непроменета, а промени има само во пазарната цена, количината, при што доаѓа до намалување на понудата.

Кога има поместувања во понудата или побарувачката, има четири можни промени. Поместување на побарувачката во десно или во лево, и поместување на понудата во десно или во лево.

Еластичност[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Еластичност (економија).

Еластичноста е централен концепт во теоријата на понуда и побарувачка. Еластичноста се однесува на тоа како реагираат понудата и побарувачката на различните промени на факторите. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива (позната како аркус еластичност, која што ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од точкаста еластичност која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка). Еластичноста е мерка на релативните промени.

Често пати, добро е да се знае како ќе се промени побаруваната или понудената количина за одредена промена во цената. Ова е познато како ценовна еластичност на побарувачката и ценовна еластичност на понудата. Овде се јавуваат неколку прашања: Ако монополистот одлучи да ја зголеми цената, како тоа ќе се одрази врз приходите од продажба? Дали и колку зголемената цена ќе го предизвика очекуваното намалување на продаденото количество? Ако владата воведе данок на одредено добро,со тоа зголемуваќи ја цената, како тоа ќе се одрази врз побарувачката?

Уште една значајна карактеристика на еластичноста е што таа не е само коефициент на нагиб на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на нагиб, ќе има различна еластичност на различни точки. Оттаму, мерката на еластичноста е независна од посредни големини (пример унции и грамови, метри и јарди), каде што мерката на нагибот е зависна од истите.

Еден начин да се пресмета еластичноста е количникот на процентуалната промена на количината и процентуалната промена на цената. На пример ако цената се зголеми од 1.00$ на 1.05$, а понудената количина од 100 пенкала на 102 пенкала, тогаш коефициентот на нагиб е 2/0.05 = 40 пенкала по долар. Поради зависноста на еластичноста од процентуалните промени, понудената количина на пенкала пораснала за 2%, а цената за 5%, еластичноста изнесува 2%/5% = 0.4.

Поради тоа што се работи за процентуални промени, промената на мерката или валутата нема да влијае врз еластичноста. Ако за голема промена на понудената или побаруваната количина, има мала промена во цената, се вели дека се работи за еластична крива на понудата или побарувачката. Ако пак за мала промена во количината има голема промена во цената, се работи за нееластична крива. Пример за перфектно нееластична понуда или еластичностеднаква на нула е вертикалната крива на понудата (видете на графикот подолу).

Еластичноста може да се пресмета и во однос на други променливи освен цената. Еден од најчестите примери е доходот. Како ќе се промени побарувачката за некое добро за одредена промена во доходот? Ова е уште познато како еластичност на доходот на побарувачката. На пример, за колку ќе се зголеми побарувачката за луксузeн автомобил ако просечниот доход порасне за 10%? Ако коефициентот на еластичност е позитивен, на графикот на понудата и побарувачка тоа ќе претставува позитивно поместување (поместување во десно) на кривата на побарувачката. Тоа значи, дека на сите нивоа на цени ќе се побаруваат повеќе луксузни автомобили.

Друга еластичност која често се зема предвид е вкрстената еластичност на побарувачката, која што ги мери процентуалните промени во количината на едно добро во однос на процентуалните промени на цената на друго добро. Често се зема предвид кога се проучуваат релативните промени на побарувачката кај комплементарните добра и супститутите. Комплементарните добра се добра кои често одат заедно, или се бескорисни едно без друго (пример автомобил и гориво). Супситутите се добра меѓу кои нема големи разлики и често можат да служат како замена едно за друго (пример путер и маргарин), каде што доколку се зголеми цената на едно добро (путер), потрошувачот може да купува помалце од тоа добро со тоа што ќе купува повќе од другото добро (маргарин).

Вкрстената еластичност се мери како количник на процентуалната промена во количината на едно добро со процентуалната промена во цената на друго добро. На пример, кај комплементарите, доколку се зголеми цената на горивото за 10% а побаруваната количина на коли се намали за 20% тогаш еластичноста изнесува -2.

Вертикална крива на понуда (совршена нееластичност на понудата)[уреди]

Кога побарувачката е на ниво Пб1, тогаш цената ќе биде на ниво Ц1. Кога таа е на ниво Пб2, тогаш цената ќе биде на ниво Ц2. Забележете дека количината и во двата случаи е К. Тоа е така, поради тоа што понудата е фиксна, па било какви поместувања на побарувачката влијаат да се промени само пазарната цена.

Понекогаш кривата на понудата е вертикална, односно понудената количина е фиксна за било кое ниво на цени. На пример количината на земја во светот е фиксна. Без разлика колку потрошувачот сака да плати за дополнително парче земја, тоа не може да се произведе. Исто така и доколку никој не сака земја, таа сѐ уште ќе постои. Земјата оттаму има вертикална крива на понудата, односно нултаа еластичност (без разлика колку ќе се промени цената, количината на понудена земја останува фиксна).

Економиката на понудата тврди дека функцијата на агрегатната понуда - кривата на вкупната понуда во економијата е релативно вертикална. Оттаму подржувачите на оваа теорија се против владина интервенција за стимулација на агрегатната побарувачка, која според овие тврдења би предизвикала само инфлација.[3]

Останати пазари[уреди]

Моделот на понуда и побарувачка се применува и на други пазари.

Моделот се применува на платите, кои пак се одредени од пазарот на трудот. Кај пазарот на трудот улогите на понудувач и побарувач се обратни. Понудувачите се лицата кои се обидуваат да го продадат својот труд за највисока цена. Потрошувачите на трудот се фирмите, кои сакааат да го купат потребниот труд по најниска цена. Пазарната цена на трудот е платата.[4]

Моделот исто така се применува и врз каматите на пазарот на пари. На краток рок, кривата на понудата на пари е вертикална, која пак ја контролира централната банка преку монетарната политика. Побарувачката на пари се сече со вертикалната крива на понудата на пари, со што се одредуваат кматните стапки.[5]

Останати пазарни форми[уреди]

Моделот на понуда и побарувачка се користи за објасување на однесувањето на учесниците на пазарот во услови на совршена конкуренција, но често се користи и како стандард за другите пазарни форми. Во такви пазари, можеби и не постои крива на понудата, туку е само замислена (како примерот погоре). Тогаш понудувачот или понудувачите во моделот се во однос само со побарувачката за одредување на пазарната цена и количина. Всушност, одлуките на понудувачите и потрошувачите се меѓусебно зависни на различен начин од оној во услови на совршена конкуренција.

Во услови, кога на пазарот постои монопол, еден понудувач на производот може да ја одреди понудената количина или цената на пазарот. Целта на монополистот е да го максимизира профитот, оттаму во моделот монополистот ја одредува цената онаму каде што има максимален профит при одредена количина (од побарувачката). Оваа цена ќе биде повисока отколку цената во конкурентниот пазар. Слична анализа се применува и кога за едно добро има еден купувач, a многу продавчи, монопсон. Олигопол е пазарна форма кога постојат неколку продавачи на пазарот од кои секој ги зема предвид своите и постапките на другите во однос на цената. Таквите пазари се анализираат со помош на теоријата на игри.

Позитивно наклонета крива на побарувачка[уреди]

Водејќи се од стандардните микроекономски претпоставки тешко е да се претпостави позитивно наклонета крива на побарувачка (ако зе зголеми цената, се зголемува побарувачката). Иако после долгогодишно истражување, сѐ уште не се има пронајдено добро за кое ќе биде оштоприфатено дека има позитно наклонета крива (Гифенови добра). Еден пример за Гифеново добро се компирите за време на гладот во Ирска. Имено, поскапувањето на компирите во Ирска предизвиало понатамошно осиромашување на населението за кое компирите биле основен прехранбен производ. Поради фактот што сиромашното население немало поефтина алтернатива за прехрана, зголемувањето на цената на компирите, го намалило доходот кој можел да се употреби за други прехранбени производи и со тоа сиромашното население било принудено и покрај повисоката цена да побарува повеќе компири.

Исто така постојат и добра кај кои намалувњето на цената предизвикува намалување на побарувачката (Вебленови Добра). На пример, намалувањето на цената кај луксузните автомобили, предизвикува пад на побарувачката за истите. Тоа е поради фактот што луѓето пониската цена ја сметаат како сигнал за послаб квалитет, односно самите добра се привлечни поради високата цена.

Некогаш и покрај постоњеето на негативно наклонета крива на побарувачка, можно е зголемувањето на доходот да доведе до намалување на побарувачкта. Тоа е поради фактот што со зголемувњето на доходот, на потрошувачите им стануваат достапни и поатрактивни алтернативи. Добрата со вакви својства се познати како инфериорни добра

Негативно наклонета крива на понуда[уреди]

Постојат случаи, кога цената на едно добро опаѓа, а повеќе добра се понудени. Тоа главно се должи на искористувањето на економиите од обем. Еден посебен случај е производството на компјутерски софтвер, каде што производството на првата програма има голем трошок, додека пак дополнителното копирање на програмата има скоро незначителен маргинален трошок.

Емпириски проценки[уреди]

Врските на понудата и побарувачкта може емпирски да се оценат од цената, количината и други податоци. Ова може да се направи со методот на оценка со помош на системи на равенки во економетријата. Ваквите методи, овзможуваат решавање на важните структурни коефициенти. Проблемот на идентификација на параметрите е чест во структурното оценувње. Вообичаено, потребни се податоците за егзогените променливи (останатие промеливи освен цената и количината, кои пак се ендогени). Алтернатива на стурктурното оценување е намалената форма, која пак се служи со регресирање на ендогените променливи, проследени со егзогени променливи.

Употреба на моделот во макроекономијата[уреди]

Понудата и побарувачкта се воопштени за да се објаснат некои макроекономски променливи во услови на пазарна економија, како на пример вкупното ниво на извод како и општото ниво на цени. Моделот на агрегатната понуда и агрегатната побарувачка е најдиректната примена на понудата и побарувачкта во макроекономијата, но исто така и други макроеконмски модели се служат со понудата и побарувачкта. За разлика од микроекономијата, во макроекономијата има повеќе спротиставени гледишта во однос на теоретските основи на примената на моделот. Понудата и побарувачкта во макроекономијата се користат и за да се поврзе понудата на пари со каматните стапки.

Кусок на побарувачката[уреди]

Кусок на побарувачката се јавува кога фактичката побарувачка е пониска од проценетата или проектираната. Кусоците на побарувачка се предизивкани од преценувњето на побарувачкта во фазата на планирање на производството. Преценувањето е предизвикано од оптимистичката пристрасност и/или стратешки погрешното претставување.

Поврзано[уреди]

Портал „Економија

Белешки[уреди]

  • [а] Кривите на понудата и побарувачката се нанесуваат со независната променлива цена на ординатата (y-оска) и зависната променлива количина на апсцисата (x-оска).
  • [б] Кривата на понудата, негативно насочена се однесува само на понудата на идивидуалниот работник.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Понуда и побарувачка“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).