Пазар на труд
Пазарот на труд (англиски: Labour Market) претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на труд (работна сила).
Активно население, вработеност и невработеност
[уреди | уреди извор]Пазар на труд во Македонија
[уреди | уреди извор]Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал на 2014 година, активното население во Македонија изнесувало 961.416 лица, од кои вработени биле 696.046, а невработени 265.370. Стапката на активност изнесувала 57,4%, стапката на вработеност била 41,5%, а стапката на невработеност 27,6%. Според половата структура, од вкупниот број вработени, 426.134 биле мажи, а 269.912 жени, додека од невработените, 158.383 биле мажи, а 106.986 жени. Што се однесува до економски неактивното население, 253.986 биле мажи, а 460.978 жени.[1]
Во второто тримесечје од 2025 година, работоспособното население во Македонија изнесувало 1 517 307 лица, од кои 745 579 биле мажи, а 771 728 жени. Активното население изнесувало 792 746 лица (461 241 мажи и 331 505 жени) при што бројот на вработените лица изнесувал 701 369 (401 430 мажи и 299 939 жени), додека 91 377 лица биле невработени (59 812 мажи и 31 565 жени). Стапката на активност изнесувала 66,2 % (76,5 % кај мажите и 55,8 % кај жените), а стапката на вработеност била 58,5 % (66,4 % кај мажите и 50,4 % кај жените). Најпосле, стапката на невработеност изнесувала 11,7 % (13,2 % кај мажите и 9,6 % кај жените).[2]
Според податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонија со стапка на невработеност од 27,6%“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 6.
- ↑ „Активно население, второ тримесечје 2025 година“, Економија и бизнис, година 28, број 340, 1 октомври 2025, стр. 54.
- ↑ Мирче Јовановски, „продуктивноста - стара болка на македонската економија“, Економија и бизнис, година 20, број 244, ноември 2018, стр. 50-51.