Пазар на пари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пазар на пари (англиски: money market) претставува пазар на кој се тргува со разни видови краткорочни финансиски инструменти, чиј рок на достасување не преминува една година. За разлика од другите организирани пазари, како што се на пример берзите, кои имаат одредена локација, пазарот на пари најчесто нема одредена специфична локација. Пазарот на пари, во современи услови, е всушност најчесто „телефонски“ пазар.[1]

Функции и значења[уреди | уреди извор]

Добро развиен пазар на пари е од суштинско значење за потребите на модерната економија. Сепак, историски, на пазарот на пари се развил како резултат на индустрискиот и трговскиот напредок. Пазарот на пари има неколку важни функции:

  • Финансирање на трговија:

Пазарот на пари игра клучна улога во финансирањето на внатрешната како и меѓународната трговија. Така, финансирањето на трговијата се врши преку меници, кои се дисконтираат од страна на пазарот на пари.

  • Финансирање на индустријата:

Пазарот на пари придонесува за пораст на индустријата на два начина:

(а) пазарот на пари им помага на индустриите во обезбедувањето краткорочни кредити за финансирање на обртниот капитал преку издавање комерцијални записи итн.

(б)на индустриите генерално им треба долгорочни кредити, кои се дел од пазарот на капитал. Сепак, пазарот на капитал зависи од карактерот и условите на пазарот на пари. Краткорочните каматни стапки на пазарот на пари влијаат на долгорочните каматни стапки на пазарот на капитал. Така, пазарот на пари индиректно им помага на индустриите преку својата врска со пазарот на капитал.

  • Профитабилни инвестиции:

Пазарот на пари им овозможува на комерцијалните банки да ги користат нивните вишоци на резерви во профитабилни инвестиции. Главната цел на комерцијалните банки е да се заработи приход од своите резерви, како и одржување на ликвидноста за да се задоволат неизвесната побарувачка на пари на штедачите . На пазарот на пари, вишокот на резерви на комерцијалните банки се инвестирани во средства билски до паричните средства (на пример, краткорочни меници) кои се високо ликвидни и лесно може да се конвертира во готовина. Така, комерцијалните банки заработуваат профит, без губење на ликвидноста.

  • Интервенции на централната банка:

Иако централната банка може да функционира и да влијаат на банкарскиот систем во отсуство на пазар на пари, постоењето на развиен пазар на пари кој функционира со леснотија и ја зголемува ефикасноста на централната банка.

Пазарот на пари ѝ помага на централната банка на два начина:

(а) на краток рок, каматните стапки на пазарот на пари служи како индикатор на монетарните и банкарските услови во земјата и на овој начин ја води централната банка да донесе соодветна банкарска политика.

(б) чувствителeн и интегриран пазар на пари ѝ помага на централната банка да обезбеди брзо и распространето влијание на одделните сегменти на пазарот, а со тоа постигнување на ефективна имплементација на политиката.[2]

Учесници на пазарот за пари[уреди | уреди извор]

Учесниците за пазарот на пари се, или оние субјекти кои на краток рок имаат потреба на краток рок од готови пари, или пак, субјекти кои сакаат да ги конвертираат своите привремените вишоци од готови пари во краткорочни каматоносни инструменти или пак,одредени посредници кои ги доведуваат во врска првите и вторите учесници. Првите се јавуваат во улога на купувачи,вторите во улога на продавачи на пазарот, а третите само посредувачи.Оние кој сакаат да позајмуваат готови пари на пазарот на пари , можат да го направат тоа, или дирекно, или преку продажба на одредени краткорочни финансиски интрументи или преку емисија (издавање) на нови инструменти. Стабилноста на пазарот на пари и можноста брзо и лесно да се позајмат парични средства кога се потребни , им овозможува на претпријатијата преку постојано обновување да обезбедуваат обртни средства во континуитет. Пазарот на пари е посебно важен за комерцијалните банки, кои се јавуваат како најголеми учесници било на страната на побарувачката, било на старната на понудата. Пазарот на пари им овозможува на комерцијалните банки ефикасна алокација на нивните средства и резерви да ги држат на најниско можно ниво.Секако тука има важна улога и централната банка.

Централната банка има големо влијание врз пазарот на пари, не само преку т.н отворен пазар на операции, туку и преку дисконтните операции. Имено, комерцијалните банки можат краткорочно да се позајмуваат кај централната банка за решавање на нивните ликвидносни проблеми наместо да одат на пазарот за пари. Исто така, оние комерцијални банки кои имаат привремен вишок на ликвидни средства можат, наместо да ги пласираат на пазарот на пари, да ги употребат за враќање, отплата, на позајмените средства на централната банка ако оценат дека е поисплатливо. Така централната банка преку отворениот пазар на операции - директно, а преку дисконтните операции – индиректно, има главна улога во пазарот на пари. Пазарот на пари е еден од основните механизми преку кои централната банка ги остварува основните цени и задачи на монетарната политика.

Меѓу позначајните учесници на пазарот на пари се и специјалните посреднички финансиски организации. Во развиените пазарни економии постојат голем број посреднички организации, меѓутоа, не се сите учесници на пазарот за пари. На него можат да учествуваат само оние кој ќе добијат дозвола од централната банка. Инаку специјалните финансиски организации кои се учесници на пазарот на пари се поделени во две големи групи:[3]

  • Во првата група влегуваат оние посреднички финансиски органиџации кои сите активности на пазарот на пари ги извршуваат во свое име и за своја сметка. Тие располагаат со свои парични средства.
  • Во втората група влегуваат оние посреднички финансиски организации кои своите активности на пазарот на пари ги извршуваат во туѓо име и за туѓа сметка, тие се во вистинска смисла брокери кои ги доведуваат во контакт купувачите и продавачите на краткорочни вредносни хартии, а за таа своја посредничка улога наплаќаат провизија.

Еден од најважните учесници на пазарот на пари, секако е државата. Државата, најчесто преку Министерството за финансии, емитува краткорочни хартии од вредност за да дојде до ликвидни средства за финансирање на своите потреби. Најразвиениот пазар на пари преку кој државата доаѓа до средства за финансирање на својот буџет е САД. Најпозната вредносна хартија на пазарот на пари во САД е државниот запис.[4]

Финансиски инструменти на пазарот на пари[уреди | уреди извор]

Карактеристики на државните записи[уреди | уреди извор]

Постојат четири какартеристики на државните записи. Со кои тие се разликуваат од другите вредносни хартии на пазарот за пари и влијаат инвеститорите да се одлучат да ги купат нив. Тоа се: отсуство на ризик, ликвидност, даночни олеснување, ниска минимална деноминација.[5]

  1. Со оглед на фактот што државните записи се облигации на државата, се сметаат како неризични вредносни хартии. Сите други недржавни вредносни хартии имаат одреден степен на ризик. Оваа карактеристика на државните вредносни хартии посебно доаѓа во израз кога стопанството е во лоша состојба и кога се зголемува ризикот на недржавни вредносни хартии. Заради отсуство на ризик, државните записи се прифаќаат како залог на дадените гаранции.
  2. Државните записи се карактеризираат со висок степен на ликвидност. Високата ликвидност произлегува од можноста тие лесно да се претвараат во готови пари по многу ниски трансакциски трошоци.А тоа го овозможува фактот што на пазарот на пари постои стабилна и постојана побарувачка за овој инструмент. Нивната вискока ликвидност ги прави многу атрактивни за оние штедачи кои имаат слободни парични средства и за да не им стојат невкаматени, тие ги претвараат во државни записи, однапред знаејќи дека кога ќе им притребаат лесно можат тие да ги продадат и да дојде готови парични средства.
  3. Речиси во сите земји приходот добиен од купените државни записи не се оданочува, така што, иако носат пониска каматна стапка, тие често се поатрактивни за инвеститорите отколку другите вредносни хартии за кои нема даночни ослободувања. Затоа, кога еден субјект се одлучува во што да ги претвори накаматоносните ликвидни парични средства, дали во државни записи или во некој друг вид краткорочни вредносни хартии, секогаш го зема предвид данокот што треба да го плати на приходот.
  4. Државните записи во споредба со другите видови краткорочни вредносни хартии имаат најниска деноминација. Тоа ги прави атрактивни за малите инвеститори.

Благајнички записи на централната банка[уреди | уреди извор]

Централните банки во развиените економии ги користат благајничките записи што тие ги имитуваат како инструменти за реализирање на цените и задачите на монетарно кредитната политика, како и за стабилизирање на работењето на пазарот на пари.Роковите на кој ги имитуваат благајничките записи најголемиот до број централни банки се од 7 до 90 денови. Специфичноста на овие банки е што како купувач се јауваат само деловни банки. Во поглед на приносот не се атрактивни, по правило , каматата е многу ниска , но затоа сигурноста, ликвидноста и искуството на каков било ризик ги прави многу атрактивни.[6] [7]

Пренослива банкарска потврда за депозит[уреди | уреди извор]

Овој инструмент е една од најважните краткорочни вредносни хартии преку чија емисија деловни банки доаѓаат до ликвидни средства.Првпат се појавуваат во САД во раните 1960-ти .Банките обично исдаваат вакви сертификати во големи деноминации( над 100.000 долари). На нив е специфициран износот на депозитот , денот на достасување каматната стапка.Рокот на втасување обично се договара меѓу договорните страни .Тој се движи во распон од две недели до 12 месеци. Преносливите банкарски потврди се подложни на два вида ризици: кредитен ризик и пазарен ризик. Кредитниот ризик е поврзан со неможноста банката која ги издала сертификатите да ја изврши својата обврска .Додека пазарниот ризик се однесува на неможноста да веднаш не се најде купувач кога продавачот сака да го продаде банкарскиот сертификат.[8]

Евродоларскиот банкарски сертификат[уреди | уреди извор]

Евродоларскиот банкарски сертификат е финансиски инструмент издаден од банка надвор од САД . Првите почетоци на овој инструмент потекнуваат од 1996 год. Рокот на втасување на евродоларскиот банкарски сертификати се движи од еден месец до 5 години. Инвеститори главно се големи корпорации.[9]

Непренослива банкарска потврда за депозит[уреди | уреди извор]

Овој инструмент претставува важен дел во вкупните депозити на комерцијалните банки.Тие не се сметаат за пазарни инструменти бидејќи не се ликвидни.Најголеми инвеститори на овој инструмент се јавните установи. Исто така корпорации кои немаат проблем со ликвидноста решаваат дел од своите средства да ги орочат, заради повисоката камата што можат да ја добијат, во споредба со другите предходно споменати инструменти.[10]

Комерцијални потврди[уреди | уреди извор]

Комерцијални потврди се краткорочни неосигурани хартии од вредност, издадени од големи корпорации врз дисконтна основа на инстуционални инвеститори и на други корпорации. Бидејќи овој инструмент не е осигурен, него го издаваат главно големи корпорации со висока репутација , каде самото име е доволна гаранција. Околноста што не се подложни на регистрација и одобрување од комисија за вредносни хартии ги прави посебно атрактивни, бидејќи ја олеснува нивната процедура за издавање.[11][12]

Банкарски акцепти[уреди | уреди извор]

Банкарскиот акцепт може да биде издаден на многу начини и од тие причини многу се употребува во банкарската практика. Банкарскиот акцепт претставува еден вид меница. Кога банката ќе ја акцептира меницата, таа всушност се обврзала да го исплати износот на кој гласи меницата, на донесителот на денот на нејзиното достасување. Во основа се јавуваат три главни учесници во прометот со банкарски акцепти: Акцептирачка банка, дилери, инвеститори.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 185.
  2. Functions and Importance of Money Market
  3. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание) Скопје, 2009, стр. 187.
  4. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание) Скопје, 2009, стр. 189.
  5. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 190.
  6. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 191.
  7. Михаил Петковски:" Финансиски пазари и институции " (прво изндание), Скопје, 2009, стр. 207.
  8. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание,) Скопје, 2009, стр. 192.
  9. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 193.
  10. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 194.
  11. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 195.
  12. Михаил Петковски:" Финансиски пазари и институции" (прво издание), Скопје, 2009, стр. 206.
  13. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание), Скопје, 2009, стр. 196.