Ликвидност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ликвидност (англиски: Liquidity) претставува способност на средствата да се продадат без да предизвикаат значајни промени на цената и со минимална загуба на вредност.

Дефиниција на ликвидноста[уреди | уреди извор]

Базелскиот комитет ја дефинира ликвидноста како способност да се финасира зголемувањето на активата и навременото исплаќање на обврските што треба да достасат.[1] Федералниот резервен систем на САД има намера да примени квантитативни ликвидни барања базирани на правилата Basel III за ликвидност, за фискалната 2012 година. Исто така ќе се бара од директорите на банки да знаат и да докажат за можни големи ликвидни ризици. Другите правила бараат диверзификација на можни ризици од другата договорна страна и стрес-тестирање на портфолио, во случај на екстремни сценарија, кои целат кон препознавање на невообичаени ситуации на пазарот на ликвидност, и избегнување на инвестиции кои практично се ранливи на непредвидени ликвидни промени.

Ликвидноста во банкарството[уреди | уреди извор]

Според Базелскиот комитет за банкарска супервизија, „Ликвидноста е способност да се финансираат зголемувањата на средствата и да се исполнат обврските како што достасуваат без да се направат недозволиви загуби.“[2]
Поради големата важност на ликвидноста во работењето на банките, по Глобалната финансиска криза, Базелскиот комитет воспоставил два нови показатели за одредување на потребното ниво на ликвидност на банките:

  • Показателот на ликвидносна покриеност (Liquidity Coverage Ratio, LCR), кој обезбедува банките да држат доволно висококвалитетни ликвидни средства за да го издржат акутното стрес-сценарио во траење од еден месец; и
  • Показателот на нето-стабилно финансирање (Net Stable Funding Ratio, NSFR), кој обезбедува на долгорочно стабилно финансирање на активностите на банката, преку користење постабилни извори на средства.[3]

Раководење со ликвидноста[уреди | уреди извор]

Основни мерки за управување ризикот на ликвидност се:[4]

  • дефинирање на политика за ликвидност,
  • перманентна контрола на ликвидност и воспоставување на лимити преку кои се овозможува добра диверзификација на изворите на финансирање на банката, и
  • одржување на доволна ликвидност што ќе ги задоволува сите обврски кои ќе достасаат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Basel Committee on Banking Supervision (2000), @Sound practices for managing liquidity in banking organizations#, Basel, стр. 1.
  2. M. Drehmann and K. Nikolaou, „Funding liquidity risk: definition and measurement“, BIS Working Papers No. 316, July 2010.
  3. European Central Bank, „Basel Liquidity Framework“
  4. Greuning, H., Brajović-Bratanović, Analiza i upravljanje bankovnim rizicima, Zagreb, 2006 .