Макроекономија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Економија
GDP nominal per capita world map IMF 2007.PNG
Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Однесување · Информациона
Економетрија · Развојна
Експериментална · Теорија на игри
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здраство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Portal.svg Портал економија

Макроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување на економијата во целина. Ги проучува економските односи помеѓу различни земји и нивната интеракција. Макроекономија го проучува меѓународното дејствување на еден дел од економијата, на пример, земјоделство на глобален план, производство на челик итн.

Макроекономијата се користи за анализирање како најдобро да се влијае на политиката на цели на Владата како што се економски раст, стабилност на цените, вработување и постигнување на одржлив биланс на плаќања.

Макроекономијата понегокаш се користи како синоним за општ пристап на економско размислување, кој вклучува стратегии на долг рок, и рационални очекувања во агрегатното однесување.

Потекло[уреди]

Се до 1930-тите економските анализи не го раздвојуваа индивидуалното економско однесување од агреагатното однесување. Обично се смета дека макроекономијата настанала во 1936 година со појавата на делото „Општа теорија на вработувања, камати и пари“ на Џон Кејнз. Се до појавата на оваа книга, економијата претежно се занимавала со проблеми од микроекономски карактер. Неговото дело направило пресврт во економската теорија, па често се говори и за т.н. „Кејнзијанска револуција“. Оваа револуција била инспирирана од најтешката економска криза која го погодила капитализмот (1929 – 1933), наречена уште и Големата рецесија.

Еден од предизвиците на економијата беше востанувањето на макроекономските и микроекономските модели. На почетокот на 50-тите, макроекономистите развија микро-базирани модели на макроекономското однесување (како што се функцијата на консумпција). Холандскиот економист Јан Тинберген го разви првиот разбирлив национален макроекономски модел, кој прво го состави за Холандија и подоцна го примени на САД и Велика Британија по Втората Светска војна.

Теоретичарите како Роберт Лукас тврдеа (во 70-тите) дека најмалку некои традиционални Кејнзијански (по британскиот економист Џон Кејнз) макроекономски модели се спорни бидејќи не биле изведени од претпоставките за индивудуалното однесување. Новата Кејнзијанска макроекономија генерално претставува микроекономски модели како основа на макроеконоска теорија. Некои Кејнзијанци ја оспоруваа идејата дека микроекономската основа е суштинска, ако аналитички моделот е корисен.

Различните школи не секогаш се во директен натпревар меѓу себе -- дури иако понекогаш доаѓаат до различни заклучоци. Макроекономијата секогаш е еволуирачка област на истражување. Целта на економското истражување не е да се биде „во право“, туку да се биде „точен“. Најверојатно е дека ниедна школа на економската мисла не успева на идеален начин да го образложи функционирањето на економијата. Тие, сепак, на некој начин, успеваат да придонесат во некој дел на целата сложувалка. Како што се навлегува повеќе во економските школи на мислата, може да се комбинираат аспектите на секоја од нив со цел да се постигне информативна синтеза.

Аналитички пристапи[уреди]

Традиционалната дистинкција е помеѓу два различни пристапи на економијата: Кејнзијанска економија, која се фокусира на побарувачката и понудата (односно неокласична) економија, која се фокусира на понудата. Ниеден поглед не одобрува комплетно исклучување на другиот, но повеќето школи се обидуваат јасно да го нагласат едниот или другиот поглед како теориска основа.

  • Кејнзијанската економија се фокусира на агрегатната побарувачка за да ги објасни нивоата на невработеноста и бизнис процесите. Флуктациите на бизнис процесот треба да се редуцираат преку фискалната политика (Владата троши помалку или повеќе во зависност од случајот) и монетарната политика. Раните приврзаници на Кејнзијанската макроекономија беа "активисти" кои повикуваа за правилна употреба на политиките за стабилизација на капиталистичката економија, додека некои Кејнзијанци повикуваа на употреба на политика на приход.
  • Економијата на понудата ја опишува доста јасно улогата на монетарната политика и фискалната политика. Фокусот на монетарната политика би требало да биде исклучиво на цената на парите определена од побарувачката на пари и понудата на пари. Вредноста на парите се мери со претворање во злато или некоја друга вредносна мерка. Фокусот на фискалната политика е да го подигне нивото на вредносни владини инвестиции со јасна препознатливост на влијанието кое данокот го има на домашниот пазар.

Макроекономски политики[уреди]

Обидувајќи да се избегнат повеќето економски шокови, како што е Големата Депресија, владите се приспособуваат преку измени на политиките за кои политики се надеваат дека ќе успеат да ја стабилизираат економијата. Владите веруваат дека успехот на овие приспособувања (измени) се неопходни да се одржи стабилноста и континуираниот развој. Ваков економски менаџмент се постигнува преку два типа на стратегии:

  • Фискална политика
  • Монетарна политика

Погледнете[уреди]