Монопсон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Монопсон претставува монопол на страната на купувачите, т.е. пазарна структура во која постои само еден купувач кој има моќ да влијае врз цената на производните фактори. Монопсонот се соочува со растечка крива на понудата на фирмите-продавачи, а цените на таа крива ги претставуваат просечните трошоци на монопсонот. Притоа, маргиналниот трошок (MC) на монопсонот ја има следнава форма:[1]

MC = p(1 + 1η)

каде: p е пазарната цена, а η е еластичноста на побарувачката.

Бидејќи има моќ да ја контролира цената на производните фактори, монопсонот произведува со понаква комбинација на ресурсите во споредба со конкурентскиот пазар, т.е. неговите криви на трошоците се разликуваат од оние во совршена конкуренција. Имено, монопсонот ги комбинира факторите на производството според следново правило:[2]

маргиналниот производ на факторот Амаргиналниот трошок на факторот А = маргиналниот производ на факторот Бмаргиналниот трошок на факторот Б

Според ова правило, монопсонот ќе ги замени производните фактори со нееластична понуда, т.е. производни фактори чии цени растат брзо со промена на купеното количество со производни фактори кои се одликуваат со еластична понуда (нивните цени слабо реагираат на обемот на купеното количество).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 205.
  2. 2,0 2,1 George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 206.