Економски систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Економски систем претставува комбинација од различни агенции, потрошувачи , ентитети ( или дури и сектори како што некои автори ги нарекуваат) што ја формираат економската структура, која ja дефинира општествената заедница. Овие агенции се поврзани заедно преку трговија и размена чии добра, пари итн. постојано се во проток. Економските системи ги опфаќаат производството, распределбата на економските инпути, дистрибуцијата на економските аутпути, земјопоседниците и расположливото земјиште, домаќинствата ( заработувачка и трошоци за потрошување на добра и услуги во една економија), капиталистите, банките (финансиски институции) и владата. Се работи за група на институциии и нивните различни социјални врски.

Алтернативно, тоа претставува група на принципи со кои се насочуваат проблемите на економијата, како што е економскиот проблем на недостаток при распределба на крајни продуктивни ресурси. Еден економски систем е составен од луѓе,институции, правила и врски. Како пример се конвенцијата за заштита на сопственост, владините институции или односот работник-работодавец. Примери за современи економски системи вклучуваат капиталистички системи, социјалистички системи, и мешани економии. Денес светот во голема мера функционира според глобален економски систем, кој се базира на капиталистички начин на производство.

„Економските системи“ се економска категорија која вклучува изучување на таквите системи.

Структура за донесување на одлуки[уреди]

Одлучувачките структури на една економија ја определуваат употребата на економските инпути (средствата за производство), дистрибуцијата на финалниот производ(аутпут), нивото на централизација во донесувањето на одлуки, и оној кој ги донесува овие одлуки. Одлуките можат да бидат донесени од индустриски совети, владини агенции,или приватни сопственици. Некои аспекти на овие структури вклучуваат:

  • Координативен механизам: како една информација е добиена и употребена за координирање на економска активност. Двете доминантни форми на координирање вклучуваат планирање и пазар; планирањето може да биде централизирано и децентрализирано, и двата механизми не се исклучуваат меѓусебно.
  • Права на продуктивна сопственост: ова се однесува на сопственоста ( права за средствата/приносите за создадениот/генерираниот краен производ) и контролата на користењето на средствата за производство. Тие можат да бидат во приватна , државна сопственост, во сопственост на оној кој ги користи или во заедничка сопственост со заедницата.
  • Поттикнувачки системи: механизми за поттикнување на одредени економски агенти за приклучување во продуктивна активност; може да се базира и на материјална награда (надоместок) и на морална награда ( социјален престиж).

Видови[уреди]

Постојат неколку основни прашања што треба да се одговорат со цел една економија да се управува на едно задоволително ниво. На пример, проблемот со недостаток бара одговори на основни прашања, како што се: што да се произведе, како да се произведе, и кој го добива она што е произведено. Економски систем е начин на одговарање на овие прашања, и различни економски ситеми,различно ги одговараат. Различни економии тежнеат кон различни цели како: ефикасност, раст, слобода, и еднаквост. Економските системи можат да се поделат според начинот на кој ги распределуваат економските инпути ( средствата за производство) и според донесување на одлуки за употреба на инпутите. Позната разлика од големо значење е онаа помеѓу капитализмот ( пазарна економија) и социјализмот ( економско планирање).

Во капиталистички економски систем, производството се врши со цел зголемување на приватниот профит, одлуките што се однесуваат за инвестирање и употребата на средствата за производство се определени со конкурентноста на сопствениците на бизнис на пазарот; производството се одвива во процесот на акумулација на капиталот. Средствата за производство најпрво се во сопственост на приватни претпријатија, а одлуките кои се однесуваат за производството и инвестициите се определени од приватни сопственици во капитални пазари. Капиталистичките системи варираат од системи каде нема мешање на државата во економски прашања, потоа минимална контрола на владата и државните претпријатија, до контролирани и социјални пазарни системи, со определена цел за обезбедување на социјална правност и порамноправна распределба на богатството ( види социјална држава) или подобрување на неуспесите на пазарот (види економски интервенционизам).

Кај социјалистичките економски системи, производството се врши за директно да ја задоволи економската побарувачка, произведувајќи добра и услуги за користење; одлуките кои се однесуваат на користењето на средства за производство се прилагодени за задоволување на економската побарувачка, инвестирањето ( контрола врз вишокот на вредноста) се врши преку механизам на донесување на инклузивни колективни одлуки. Средствата за производство се или во јавна (државна) сопственост, или се во сопственост на работниците,кои соработуваат. Социјалистички економски систем што се базира на процесот на акумулација на капиталот, но има за цел да го контролира или диктира тој процес преку државна сопственост или кооперативна контрола за да обезбеди стабилност, еднаквост или да ја зголеми моќта за донесување на одлуки, се нарекува пазарен социјалистички систем.

Основните и општите економски системи се:

  • Пазарна економија ( системи без контрола ("hands off" systems),како што е системот каде нема мешање на државата во економски прашања (laissez-faire системи))
  • Мешана економија ( хибрид што претставува мешање на некои аспекти и од пазарната и од планираната економија);
  • Планирана економија (контролирани системи("hands on" systems),како што се државен социјализам и државен капитализам)
  • Традиционална економија ( генерички термин за постари економски системи)
  • Командни економски системи ( Централно планирани или социјалистички): ( генерички термин за постари економски системи)
  • Партиципаторна економија ( систем каде производството и распределбата на добрата е управувано со јавно учество)
  • Економија на подароци ( каде размена се прави без никакви експлицитни договори за непосредни или идни награди)
  • Бартер економија ( каде има директна размена на добра и услуги за други добра и услуги)

Видови на социјалистички системи[уреди]

Економските системи може да се поделат според ниниот координативен механизам ( планирање и пазар) на планирани социјалистички и пазарни социјалистички системи. Исто така, социјализмот може да се подели според сопственоста на средствата за производство, на оние кои се во јавна(државна) сопственост,потоа во сопственост на кооперативи на работници или потрошувачи, и во сопственост на колективот. Комунизмот е хипотетички стадиум на развојот на социјализмот кој според Маркс претставува „ втор стадиум на социјализамот“ ,разработено во делото „Критика на програмата Гота“(Critique of the Gotha Program),каде економскиот аутпут е распределен според потребата, а не само врз придонес на работната сила.

Примарната грижа на социјалистичката планирана економија е да го координира производството за директно да ги задоволи човечките потреби/економската побарувачка( што се противи на создавањето профит и задоволување на потребите, како спореден производ при остварување на профит), да се подобрат продуктивните сили на економијата која е имуна на системската неефикасност (циклични процеси) и кризата на хиперпродукцијата што постепено го уништува капитализмот, така што производството би било подредено на потребите на заедницата што е спротивно на тоа да биде диктирано од акумулацијата на капиталот.

Планирани системи

  • Пресметка во натура
  • Индикативно планирање
  • Планирана економија
  • Државен социјализам

Пазарни системи

  • Пазарен социјализам
  • Социјалистичка пазарна економија
  • Мутуализам (економска теорија)

Видови на мешана економија[уреди]

Економски системи што содржат значајна државна, приватна и понекогаш кооперативна сопственост и функционираат во мешани економии, односно оние кои содржат значителна количини од пазарните активности и економското планирање.

  • Дистрибутизам- католички идеал на економија на трет начин, која се состои од поголема распределена сопственост
  • Георгизам- социјализирани наеми на земјиште
  • Мешана економијаМешана економија
    • Американска школаАмериканска школа
    • Диригизам
    • Нордиски модел
    • Јапонски систем
    • Меркантилизам
    • Социјална пазарна економија, уште познат како Soziale Marktwirtschaft
    • Социјален корпоратизам
    • Социјалистичко-ориентирана пазарна економија
    • Теорија на прогресивно користење (Progressive Utilization Theory, PROUT)
    • Индикативно планирање уште познато како планирана пазарна економија

Еволутивна економија[уреди]

Теоријата на Карл Маркс за развојот на економијата се базирала на хипотезата за развој на економските системи ; особено, во текот на историјата супериорните економски системи ќе ги заменат инфериорните. Инфериорните системи биле обземени од внатрешните контрадикции и неефикасности што придонеле нивниот опстанок да биде оневозможен на долг период. Според шемата на Маркс, феудализмот бил заменет од капитализмот, што најпосле би бил заменет од социјализмот. Џозеф Шумпетер (Joseph Schumpeter) имал еволутувен концепт за економскиот развој, но за разлика од Маркс, тој ја нагласува улогата на класната борба за придонес на квалитативните промени во економскиот начин на производство. Во понатамошната светска историја, комунистичките држави кои функционираат според идеологиите на Маркс и Ленин, или пропаднале или постепено ја реформирале нивната централно планирана економија во пазарна економија, на пример со перестројка и распад на Советскиот Сојуз, кинеската економска реформа, и реформите Дои Мои (Đổi Mới) во Виетнам.

Денешната еволутивна економија продолжува да ги проучува економските промени во модерните времиња. Постојат и обновени интереси за разбирањето на економскиот систем како еволутивен систем во развојното поле на комплексната економија.

Значење во општеството[уреди]

Економскиот систем може да се смета како дел од општествениот систем и хиерархиски еднаков со правниот, политичкиот,културниот систем итн. Најчесто постои јака поврзаност помеѓу одредени идеологии,политички системи и одредени економски системи ( н.пр. се зема во предвид значењето на терминот „комунизам“). Многу економски системи имаат допирни точки во различни области (на пример за терминот „мешана економија“ може да се дискутира за вметнување на елементи од различни системи). Постојат и различни хиерархиски категоризации кои взаемно се исклучуваат.