Пазарна економија
Пазарна економија е економски систем кај кој донесувањето на одлуки за инвестирањето, производството и распределбата се заснова на понудата и побарувачката, а цените на добрата и услугите се одредени според ценовниот механизам. Ова е спротивно на планската економија, каде одлуките за инвестирањето и производството се дел од планот за производство. Пазарните економии се разликуваат, почнувајќи од варијанти на хипотетичките laissez-faire и слободните пазари, до варијанти на регулирани пазари и економски интервенционизам, каде што државата има активна улога во поправањето на пазарните неуспеси. Економиите кои најчесто постојат, се составени од одреден степен на економско планирање или на државно управувани активности, и затоа се класифицирани како мешовити економии.
Кај вистинската пазарна економија, државата ја штити сопственоста и доброволната размена и игра важна улога како заштитник на сопственичките права.
Во реалниот свет, пазарните економии не постојат во чиста форма, бидејќи државите ги контролираат до различен степен, отколку да овозможат целосна саморегулација преку пазарните сили. Терминот економија на слободниот пазар понекогаш се употребува како синоним за пазарна економија, но, како што истакнал Лудвиг Ерхард (Ludwig Erhard), ова не ја спречува една економија да обезбеди различни програми за општествена благосостојба, како што се бенефиции при невработеност, како во случајот кај социјалната пазарна економија.
Покрај тоа, постојат многу варијанти на пазарен социјализам, почнувајќи од кооперативниот модел, каде претпријатијата, во сопственост на работникот и засновани врз самоуправување, се координираат според пазарите, а аутпутот на крајните производи и услуги се заснова на пазарна алокација, па до оние средства за производство кои се во сопственост на јавноста (државата).
Терминот употребен сам по себе може погрешно да биде наведен. На пример, САД се состои од мешана економија (значајна регулатива за пазарот, земјоделски субвенции, огромни финансиски средства наменети за истражување и развој од страна на државата, здравствена заштита за стари луѓе/здравствена заштита за сиромашни), но која сепак се заснова на пазарната економија. Постојат различни гледишта за тоа колку треба да е голема инволвираноста на државата во водењето на пазарната економија и за адресирањето на нееднаквостите што ги создава пазарот. Ова е забележано од тековниот недостаток на консензус за проблеми како што се централната банка и социјалната помош.
Капитализам
[уреди | уреди извор]Генерално, капитализмот се однесува на економски систем кај кој средствата за производство значително или целосно се во приватна сопственост и се експлоатираат само за профит, и системот е структуриран врз процесот на акумулација на капитал. Во принцип, инвестирањето, распределбата, приходот и давањето цена се одредени според пазарот.
Постојат различни варијати на капитализам и овие различни варијанти имаат различни односи со пазарот. Кај формите на капитализмот на слободниот пазар и Lassiez-faire, пазарите се употребени со минимална или воопшто никаква регулатива врз ценовниот механизам. Кај интервенционизмот, кејнезијанската и мешаната економија, пазарите продолжуваат да имаат доминантна улога, но до некој степен се регулирани од страна на државата со цел да се поправат пазарните неуспеси или да се подобри општествената благосостојба. Државните капиталистички системи најмалку се потпираат врз пазарите, а државите во голема мера зависат од индиректното економско планирање и/или од претпријатија во сопственост на државата за акумулирање на капитал.
Од крајот на феудализмот па наваму, капитализмот е доминантен на Западот, но терминот „мешана економија“ подобро ги опишува современите економии, поради постоењето на приватни и државни претпријатија. Кај капитализмот, цените се одредени според скалата на понудата и побарувачката. На пример, повисоката побарувачка за одредени добра и услуги води кон повисоки цени,додека послабата побарувачка за одредени добра води кон пониски цени.
Laissez-faire
[уреди | уреди извор]Laissez-faire е синоним на она што строго се однсувало на економијата на капиталистички слободен пазар, во текот на почетокот и средината на 19 век, како идеал што требало да се достигне. Општопознато е дека потребните компоненти за функционирање на идеализиран слободен пазар се целосното отсуство на државните регулативи, на субвенците, притисоци на цените по вештачки пат и државните монополи (обично класифицирани како присилен монопол, од страна на слободниот пазар), и без даноци и тарифи освен оние кои се потребни за државата да обезбеди заштита од принуда и кражба и за одржување на мир, и права на сопственост.
Социјална пазарна економија
[уреди | уреди извор]Овој модел бил воведен од Алфред Милер-Армак (Alfred Müller-Armack) и Лудвиг Ерхард (Ludwig Erhard) по Втората светска војна во Германија. Моделот на социјалната пазарна економија се заснова на идејата за реализирање на бенефициите од слободниот пазар, особено економските перформанси и зголемениот промет на добра, додека се избегнуваат недостатоците како што се пазарните неуспеси, деструктивната конкурентност, концентрацијата на економската моќ и анти-социјалните ефекти на пазарните процеси. Целта на социјалната пазарна економија е реализирање на најголем просперитет во комбинација со најдобро можно социјално осигурување. За ралика од економијата на слободниот пазар, државата во оваа пазарна економија не е пасивна, туку активно воведува регулаторни мерки. Целите на социјалнита политика се вработување, политики за домување и образование, како и социо-политичко урамнотежување на распределбата на растот на приходот. Одлики кои ја отсликуваат социјалната пазарна економија се силна конкурентнтска политика и рестриктивна монетарна политика. Теоретските основи се засноваат на ордолиберализмот, католичкото социјално учење и демократскиот социјализам.
Пазарен социјализам
[уреди | уреди извор]Пазарниот социјализам се однесува на различните економски системи каде средствата за производство или доминантните економски институции се или во приватна или во државната сопственост, но функционираат согласно правилата на понудата и побарувачката. Според моделот на Оскар Ланге (Oscar Lange) за пазарен социјализам, цените би биле одредени според државните советодавни одбори, сè додека не го пресметат маргиналниот торшок на производството за да добијат совршена конкуренција и парето ефикасност. Кај овој модел,претпријатијата ќе бидат во сопственост на државата и ќе се управувани од нивните работници. Посовремен модел на пазарниот социјализам е оној напредниот на John Roemer, каде општествената сопственост се постигнува преку јавната сопственост на капиталот кај пазарната економија.
Разликата помеѓу непазарен и пазарен социјализам е постоењето на пазар за средствата на производство и критериумите за профитабилност на претпријатијата. Добиениот профит од јавните претпријатија може да се искористи или за реинвестирање во производството, или за финансирање на државните и социјалните служби, директно, и/или да бидат распределени до работната сила или пошироката јавност преку социјални дивиденди.
Кооперативен социјализам
[уреди | уреди извор]Либерал социјалистите и анархистите често промовираат форма на пазарен социјализам во која претпријатијата се во сопственост на и се управувани кооперативно од страна на работниците, така што со профитот директно се плаќаат работниците-сопственици. Овие кооперативни претпријатија ќе си конкурираат едни со други на ист начин како и приватните компании кај капиталистичкиот пазар.
Социјалистичка пазарна економија
[уреди | уреди извор]Како последица на реформите од 1978, во Народна Република Кина воспоставена е таканаречената „социјалистичка пазарна економија“, во која поголемиот дел од економијата е во сопственост на државата, но државните претпријатија се реорганизирани во акционерски друштва, каде различни државни агенции поседуваат поголем дел од акциите преку системот за акционери. Цените се одредени според ценовен систем и претпријатијата во сопственост на државата не се предмет на микроменаџментот од државните советодавни агенции.
Сличен систем, наречен „социјалистички-ориентирана пазарна економија“, бил воведен во Виетнам по Đổi Mới реформите од 1986. Овој систем обично се одликува како државен капитализам отколку како пазарен социјализам, бидејќи не постои значаен удел на управување на вработените во фирмите, државните претпријатија го задржуваат нивниот профит, отколку да го распределат на работниците или на државата, и кај многу функционира како делумно или de facto приватно претпријатие.
|