Прејди на содржината

Марксизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марксизамсоцијалистичка економска, политичка и општествена теорија втемелена врз делата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Марксизмот бил еден од највлијателните правци во меѓународното работничко движење во 19 век и, како марксизам-ленинизам, основа првенствено за комунистичкото движење во XX век. По падот на комунистичките режими во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа, привлечноста на марксизмот значително опаднала, иако првенствено, иако не и исклучиво, комунистичките групи и партии сè уште го сметаат марксизмот како основа на својата партиска идеологија.

Во текот на животот на Маркс, марксизмот бил далеку помалку влијателен отколку по неговата смрт. Оттогаш, марксизмот почнал да ја зацврстува својата позиција како највлијателна идеологија на новоформираните работнички партии во Западна и Средна Европа и во Северна Америка.

Сепак, многу брзо настанале поделби во рамките на марксистичкото движење. Основното прашање околу кое настанаа спорови беше дали капитализмот може да биде заменет со социјализам само преку револуција или е можен мирен, реформски пат во социјализам. Поделбите во врска со ова прашање по Болшевичката револуција од октомври 1917 доведе до расцеп на дотогаш единствените социјалдемократски партии помеѓу приврзаниците на Владимир Илич Ленин и на Болшевичката револуција, кои се нарекоа комунисти, и оние што поради различни причини не се согласуваа со режимот што болшевиците го воведоа во Русија по револуцијата и кои останаа во социјалдемократските партии, задржувајќи го името „социјалдемократи“. На почетокот и двете страни тврдеа дека токму тие се вистинските следбеници на Маркс и дека другата страна го искривува Марксовото учење, но со текот на времето социјалдемократите се откажаа од својата посветеност на марксизмот и марксизмот почна сè повеќе да се идентификува со неговата ленинистичка варијанта.

Основни поставки на марксизмот

[уреди | уреди извор]
Карл Маркс

Основни поставки на марксизмот се: класната анализа на општеството, теоријата за одумирање на државата и трудовата теорија на вредноста.

  • Марксизмот настојува дека сите досегашни општества, со исклучок на првобитната заедница, се општества поделени на класи. Односите помеѓу овие класи не се хармонични, туку антагонистички и доведуваат до класна борба помеѓу нив. Во капиталистичкото општество основни, иако не и единствени, класи се капиталистичката и работничката класа. Нивната класна борба, според марксизмот, ќе доведе до победа на работничката класа, создавање на социјалистичко општество и укинување на класите.
  • Државата не е неизбежна одлика на секое општество. Така, првобитната заедница беше бездржавна заедница, а бездржавна заедница ќе биде и идното комунистичко општество. Изградбата на бескласно и бездржавно општество по укинувањето на капитализмот, според Маркс ќе се одвива во две фази. Во првата, пониска фаза на комунизмот (обично нарекувана социјализам) сè уште ќе има потреба од државата, но со пренесувањето на власта врз народот, државата при преминот од пониската во повисоката фаза на комунизмот, односно при преминот од социјализам во комунизам, одумира.

Една од најкрупните дилеми во врска со марксизмот е проблемот на т.н. диктатура на пролетаријатот. Оваа концепција што Маркс ја спомнал само неколкупати и воопшто не ја разработил, Ленин ја поставил во самите темели на своето толкување на марксизмот и настојувал дека диктатурата на пролетаријатот е период еднаков со социјалистичката фаза. Тоа во понатамошниот тек на развој на комунистичките режими доведе наместо до одумирање на државата до нејзино енормно ширење и јакнење кое доведе до создавање на тоталитарни режими во земјите на чие чело беа комунистички партии.

  • Трудовата теорија на вредноста Маркс ја споделуваше со некои свои претходници во економската теорија, како Адам Смит и Дејвид Рикардо. Основното во Марксовата верзија на трудовата теорија на вредноста е т.н. вишок на вредноста, која се однесува на неплатениот дел од трудот што го врши работникот, а преку кој производот ја зголемува својата вредност во однос на ресурсите од кои произлезе. Токму овој неплатен дел од трудот е основата за профитот на капиталистите.

Поттеории (варијанти) на марксизмот

[уреди | уреди извор]

Книжевност

[уреди | уреди извор]
  • Bourne, Peter G. (1986). Fidel: A Biography of Fidel Castro. New York: Dodd, Mead & Company.
  • Callinicos, Alex (2010) [1983]. The Revolutionary Ideas of Karl Marx. Bloomsbury, London: Bookmarks. ISBN 978-1-905192-68-7.
  • Castro, Fidel; Ramonet, Ignacio (interviewer) (2009). My Life: A Spoken Autobiography. New York: Scribner. ISBN 978-1-4165-6233-7.
  • Coltman, Leycester (2003). The Real Fidel Castro. New Haven and London: Yale University Press. ISBN 978-0-300-10760-9.
  • Green, Sally (1981). Prehistorian: A Biography of V. Gordon Childe. Bradford-on-Avon, Wiltshire: Moonraker Press. ISBN 0-239-00206-7.
  • Lenin, Vladimir (1967) [1913]. Karl Marx: A Brief Biographical Sketch with an Exposition of Marxism. Peking: Foreign Languages Press. Посетено на 2014-06-17.
  • Marx, Karl (1849). Wage Labour and Capital. Germany: Neue Rheinische Zeitung. Посетено на 2014-06-17.
  • Trigger, Bruce G. (2007). A History of Archaeological Thought (2. изд.). New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-60049-1.
  • Avineri, Shlomo (1968). The Social and Political Thought of Karl Marx. Cambridge University Press.
  • Dahrendorf, Ralf (1959). Class and Class Conflict in Industrial Society. Stanford, CA: Stanford University Press.
  • Jon Elster, An Introduction to Karl Marx. Cambridge, England, 1986.
  • Michael Evans, Karl Marx. London, 1975.
  • Stefan Gandler, Critical Marxism in Mexico: Adolfo Sánchez Vázquez and Bolívar Echeverría, Leiden/Boston, Brill Academic Press, 2015. 467 pages. ISBN 978-90-04-22428-5.
  • Kołakowski, Leszek (1976). Main Currents of Marxism. Oxford University Press.
  • Parkes, Henry Bamford (1939). Marxism: An Autopsy. Boston: Houghton Mifflin.
  • Prychitko, David L. (2008). „Marxism“. Во David R. Henderson (.) (уред.). Concise Encyclopedia of Economics (2. изд.). Library of Economics and Liberty.
  • Robinson, Cedric J.: Black Marxism: The Making of the Black Radical Tradition, 1983, Reissue: Univ North Carolina Press, 2000
  • Rummel, R.J. (1977) Conflict In Perspective Chap. 5 Marxism, Class Conflict, and the Conflict Helix
  • Screpanti, E; S. Zamagna (1993). An Outline of the History of Economic Thought.
  • Shenfield, S.D. Vladislav Bugera: Portrait of a Post-Marxist Thinker
  • McLellan, David (2007). Marxism After Marx. Basingstoke: Palgrave Macmillan.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонска архива на марксизмот