Комунизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Политика

СОЦИЈАЛИЗАМ

Red flag
Струи

АфриканскиДемократскиАрапски
ЗеленРеволуционерен
Социјален анархизам
СојузничкиСлободарски
СоцијалдемократијаКомунизам
Социјалистичка пазарна економија

Клучни теми и прашања

Типови
Историја
Економија
Држава
Критики

Организации и луѓе

Првата интернационала
Втората интернационала
Третата интернационала (Коминтерна)
Четвртата интернационала
Социјалистичка интернационала
Интернационална социјалистичка организација
Светска организација на демократска младина
Интернационален сојуз на социјалистичка младина

Сродни теми

Анархизам · Самоуправување
Класна борба
Диктатура на пролетеријатот
Егалитаризам · Equality of outcome
Impossibilism · Интернационализам
Марксизам · Пролетерска револуција

Социјалистички портал
Политички портал ·
Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Комунизам е политичка теорија чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бескласна и бездржавна заедница на изобилството, при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни карактеристики на чело со комунистичката партија. Обично комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), потребно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите имаат намера да го изградат бескласното општество, односно - убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“, која во стварноста беше диктатура над пролетаријатот и над останатите класи во општеството.

Комунистичкото учење се темели врз ленинизмот, кој го претставува Лениновото учење и неговото толкување на марксизмот. Поради карактеристичната тоталитарна нетолерантност, комунизмот како политички правец и како политичка теорија не е хомоген. Напротив, постојат повеќе подтипови комунистички теории:

Обично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат и еврокомунизмот и комунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории.

Како политичка сила комунизмот беше влијателен речиси во целиот 20 век, почнувајќи од Октомвриска револуција од 1917 до падот на комунизмот во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа во периодот 1989-1991.

Особено бил популарен во тек на 50-тите и 60-тите години од 20 век кај сиромашните земји во Азија и Африка, на кои никогаш порано не им успеало да се ослободат од империјализмот на Западно Европските земји. Под закана од уште поголема популарност на комунизмот, големите сили и членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Португалија итн, се повлекоа од своите дотогашни колонии - речиси цела Африка, Кина, Индија, Индокина, Кореја, Куба и така натаму. Некои земји, како Индија и голем број Африкански земји, не станаа комунистички, иако светскиот наплив на популарност на комунизмот им беше од помош на патот кон самостојноста.

Денес влијанието и привлечноста на комунизмот му се драстично намалени, иако сѐ уште постојат земји, како Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и Лаос, каде што на власт се сѐ уште комунистите.

Рушењето на колонијализмот не е единствената придобивка од ова политичко учење, останати се во трајно наследство позитивните социјални придобивки кои светот ги прифати: пензиско и здравствено осигурување на работниците, осумчасовен работен ден, право на годишен одмор, искоренување на неписменоста, исклучително ниска стапка на криминал (незабележана во посткомунистичкиот период), религиска и расна толеранција.