Комунистичка интернационала
Изглед
(Пренасочено од Коминтерна)

Комунистичка интернационала | |
|---|---|
| Основач | Владимир Ленин |
| Основана | 2 март 1919 |
| Распуштена | 15 мај 1943 |
| Насленик | Комунистичкото информациско биро |
| Идеологија | |
| Бои | Црвена |

Комунистичка интернационала (позната како Коминтерна или Трета интернационала) (1919-1943) била меѓународна комунистичка организација создадена во Москва во март 1919 година. Коминтерната имала за цел да се бори „со сите расположливи средства, вклучувајќи и вооружени, за отфрлање на меѓународната буржоазија и за создавање на една меѓународна Советска република како преодна фаза до целосно укинување на државите“. Коминтерната била официјално распуштена од страна на Јосиф Сталин во 1943 година.
|