Јосиф Сталин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јосиф Сталин
JStalin Secretary general CCCP 1942.jpg
Лидер на СССР
Роден 18 декември 1878
Гори, Руска империја денеска Грузија
Починал 5 март 1953
Москва, СССР


Советски Сојуз
Coat of arms of the Soviet Union.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Советскиот Сојуз



Атлас

Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин (руски: Ио́сиф Виссарио́нович Джугашви́ли Ста́лин; грузиски: იოსებ ბესარიონის ძე ჯუღაშვილი 18 декември 1878[1] - 5 март 1953) — лидер на Советскиот Сојуз од средината на 1920-те години, сè до неговата смрт во 1953. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, поради што мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име коешто тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека прекарот Сталин го добил додека бил во затвор. Од болшевичките револуционери кои учествувале во Октомвриската Социјалистичка Револуција во Русија во 1917 година, Сталин бил избран за прв Генерален Секретар на Централниот Комитет на Болшевичката Партија во 1922 година. Успешно ја консолидирал својата власт по смртта на Владимир Илич Ленин во 1924, преку проширување на овластувањата на неговата партиска функција, истовремено елиминирајќи било каква опозиција кон него во партијата. Ја држел оваа партиска функција сè до 1952 кога ја укинал, а владеењето го продолжил преку функцијата Премиер на Советскиот Сојуз, која ја држел од 1941 година, па сè до неговата смрт.

За време на сталиновото владеење, концептот за "социјализам во една држава" станал основен темел на советското општествено уредување. Сталин ја заменил Новата економска политика (НЕП) воведена од страна на Ленин во раните 1920-ти години, со високо централизирана командна економија, започнувајќи период на индустријализација и колективизација, кои резултирале со нагла трансформација на СССР од земјоделско општество во индустриска сила.[2] Но сепак, економските реформи биле пропратени со затворање на милиони луѓе во советските казнено поправни работнички логори познати како гулази,[3] како и со депортирање на милиони луѓе во далечните области на Советскиот Сојуз.[3] Ваквите нагли пресвртници во советското општествено уредување резултирале со прекинато производство на храна и придонеле за Советскиот глад од 1932-1933, познат како Гладомор во Украина, а кој резултирал со смртта на помеѓу 6 и 8 милиони луѓе, од кои 4 до 5 милиони биле Украинци.[4] Подоцна, во периодот од 1936 до 1939 година, Сталин започнал кампања против наводни непријатели на неговиот режим, уште попозната како Големата чистка, во која стотици илјадници луѓе биле погубени. Познати личности од Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз како старите болшевици, Лав Троцки и поголем дел од главните команданти на Црвената Армија биле погубени, затворени или прогонети откако биле обвинети и осудени за учествување во заговор за отфрлување на владата на Сталин во однапред наместени судења.[5]

Во август 1939, Сталин склучил Пакт за ненапаѓање со Нацистичка Германија, со кој биле договорени сферите на влијание во источна Европа, но подоцна Нацистичка Германија го прекршила пактот со нападот врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941, уште попознат како Операција Барбароса. И покрај огромните загуби во територии и во човечка сила, советските вооружени сили успеале да ги спречат германските напредувања во битките за Москва и за Сталинград. Откако успешно ги поразила силите на Оската на Источниот Фронт во Втората Светска Војна, Црвената Армија го завзела Берлин во мај 1945, со што Втората Светска Војна во Европа завршила со победа на Сојузниците.[6][7] Советскиот Сојуз излегол од Втората Светска Војна како победник и како светска суперсила на исто ниво со САД.[8] На Конференцијата во Јалта и на Конференцијата во Потсдам било одобрено формирање на социјалистички влади во државите од Источниот блок кои му биле лојални на Советскиот Сојуз, што Сталин го сметал за неопходно во случај на нова војна. Исто така, Сталин одржувал блиски односи со Мао Це Тунг во Кина и со Ким Ил Сунг во Северна Кореја.

Сталин го водел Советскиот Сојуз низ неговата поствоена обнова, која меѓу другото, резултирала и со зголемување на тензиите со западниот свет, што подоцна станало познато како Студената Војна. Во овој период, Советскиот Сојуз станал втората држава во светот која успешно развила сопствено нуклеарно оружје. После сушата и гладот од 1946-1947 година, кои резултирале со смртта на 1 милион до 1.5 милиони луѓе,[9] Сталин го предложил својот Голем план за трансформација на природата со цел да се спречи нова суша и нов глад, а во овој период Сталин ги испланирал и своите Големи градежни проекти на комунизмот, кои предвидувале изградба на брани и хидроцентрали низ Советскиот Сојуз. Во годините кои следувале по неговата смрт во 1953 година, Сталин и неговиот режим биле осудувани во повеќе прилики, а најзабележително во 1956 година, кога на 20-от Конгрес на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов се одрекол од делата и постапките на Сталин за време на сталиновото владеење и започнал процес на десталинизација. До денешен ден, Јосиф Сталин останува контроверзна личност, додека многумина го сметаат за тиранин,[10] мислењата за него во денешната Руска Федерација се измешани.[11][12][13]

Рано детство и школување[уреди | уреди извор]

Куќата во која што бил роден и во која што живеел Сталин во Гори, Грузија. Во 1930 - те куќата била надоградена за да наликува на храм.
Јосиф Сталин 1894

Сталин е роден на 18 декември 1878[1] (по нов календар, односно на 6 декември 1878 по стар календар) во малото градче Гори во Грузија, син на Екатарина Гелаѕе и Висарион Иванович Џугашвили. Мајка му била кметица од раѓањето, но во Грузија се занимавала со перење на алишта и чистење куќи. Неговиот татко исто така бил кмет, но подоцна бил ослободен и станал чевлар. Роден како Јосиф, нарекуван Сосо (на грузиски јазик: Јосиф од милостија) бил четвртото и единственото дете коешто останало живо, иако официјално се знае само за неговите двајца постари браќа кои што починале во раното детство, никаде не е спомнато како починало третото дете. Иако првичниот живот на фамилијата Џугашвили бил напреден и успешен, сепак неговиот татко станал алкохоличар и секојдневно ги тепал Екатарина и малиот Јосиф.[14] Градот каде што малиот Јосиф израснал бил типичен пример во тој период за место во коешто владееле безредието и насилството. Неговиот пријател од детството Јосиф Иремашвили за Сталин рекол:

"Тоа незаслужено и ужасно тепање направија момчето да стане тежок и силен како и неговиот татко".

Иремашвили исто така кажал дека никогаш не го видел Јосиф да плаче. По банкротирањето на чевларската работилница на Висарион, тој преминал да работи во фабрика за обувки во Тифлис, но и покрај тоа, кога се враќал дома пијан, ја тепал Екатарина, а малиот Јосиф, сакајќи да ја одбрани својата мајка, исто така бил тепан од својот татко. Ова тепање било толку брутално, што еднаш малиот Јосиф имал крв во урината. Уште еден пријател од овој период, според Иремашвили рекол дека тепањето придонело Јосиф да го замрази авторитетот. Исто така кажал дека секој којшто имал моќ врз другите го потсетувал Јосиф на неговиот татко. Според Иремашвили, Сталин бил Осетиец, чиешто вистинско име било Сослан Џугајев. Неговата фамилија за да преживее, одлучила да се асимилира во грузиското општество. Името на Сталин било Иосеб Бесарионис дсе Џугхашвили, и од тука доаѓа рускиот превод Јосиф Висарионович Џугашвили.

Еден од луѓето за кои што Екатарина перела алишта и на кого му ја чистела куќата бил еврејски трговец од Гори, Давид Паписмедов. Паписмедов на малиот Јосиф, кој и помагал на мајка му во работата, му давал пари, книги и му пружал поддршка. Десетици години подоцна, Паписмедов дошол во Кремљ за лично да се увери во каков човек пораснал малиот Сосо. На изненадување на Сталиновите соработници, Сталин не само што го примил стариот еврејски господин, туку и се задржал во срдечен разговор со него.

Татко му Висарион ја напуштил фамилијата во 1888 година и отишол да живее во Тифлис. Според некои гласини загинал во кафанска тепачка, но други тврделе дека последен пат го виделе жив во 1931 година.

Сталин како мал ја почувствувал на своја кожа сиромаштијата која што владеела во Русија. Додека да се запише на училиште, бил удрен од кочија, поради што трајно му била деформирана левата рака. Поради истата деформација бил одбиен за воена регрутација во руската армија во Првата Светска Војна.[15] На седум години добил и сипаници кои на лицето му оставиле траги, па децата доста сурово го нарекувале “рапавиот”. Бидејќи мајка му била многу религиозна, на 8 годишна возраст го запишала во религиозно училиште во кое тој и неговите грузиски врсници биле исмевани од страна на останатите ученици поради нивниот смешен грузиски дијалект на којшто го говореле рускиот јазик, кој за нив бил непознат, но сепак задолжителен. Неговите школски другари кои што биле во главно деца на богати свештеници, државни службеници и трговци исто така го исмевале. Малиот Сосо научил да им се спротивстави со тоа што ги застрашувал. Ги искористувал нивните слаби точки и ги изложувал на суров потсмев пред другите ученици. За да избегне физички пресметки на своите потенцијални напаѓачи им возвраќал на провокациите велејќи им дека ја користат физичката сила како замена за мозокот. Со ваквата тактика брзо ја превзел улогата на водач на своите врсници. Еден од неговите омилени херои од детството бил Коба, херојот од романот "Таткоубиец" на Александар Казбеги, кој на крајот од романот ги одмаздува својот пријател Иаго, неговата девојка Нуну и нејзиниот татко, убивајќи ги нивниот убиец Григола и неговиот надзорник во шумска куќа. Во романот "Таткоубиец", Коба е претставен како херој кој го почитува пријателството, ја брани вистината, ги почитува жените и ја спроведува правдата. Од тука малиот Сосо барал неговите врсници да го викаат Коба, што бил еден од неговите први прекари.[16] Бил одличен ученик и поради тоа на 14 годишна возраст добил стипендија за теолошки семинар во Тифлис, образовна институција на руската православна црква која што ја посетувал од 1894 година. Се издржувал себеси покрај со малата стипендија која што ја добивал, и со пеење во црковниот хор за што добивал плата. За време на своите тинејџерски години, младиот Јосиф пишувал и поезија, на почетокот на неговите тинејџерски години во романтичен стил, но со текот на времето во се повеќе нихилистички и суров стил. Иако неговата мајка сакала тој да стане свештеник (дури и откако станал лидер на Советскиот Сојуз), тој го посетувал семинарот не затоа што бил религиозно определен, туку затоа што тоа била една од ретките можности за образовање во Грузија, со оглед на тоа дека тамошните претставници на власта не биле заинтересирани за да дозволат формирање на грузиски универзитет. Таму тој станал член на тајна организација која тежнеела кон ослободување на Грузија од Русија и тука за прв пат се запознал со идеите на Карл Маркс.

Сталин до револуцијата[уреди | уреди извор]

Во 1899 година тој бил избркан од училиштето, за што биле дадени повеќе причини. Како една од причините било неговото непочитување на кажаниот збор ниту пак на авторитетот, како и читање на забранети книги. Подоцна, тој бил обвинет за обид на преобратување на своите соученици кон марксизмот.[17]

Во годините кои следеле тој бил невработен. Успевал да спечали пари преку учење на деца од средната класа и работејќи како службеник во опсерваторијата во Тифлис. Во исто време почнал да пишува натписи за социјалистичкиот грузиски весник “Brdzola Khma Vladimir”.

Во 1901 година тој се зачленил во Социјалдемократската работничка партија на која повеќето лидери биле во прогонство. Останал во Русија и почнал да организира протести против царството. На 18 април 1902 година бил уапсен за водење на штрајк и поминал 18 месеци во затвор, по што бил депортиран во Сибир. Во 1904 година, тој успеал да избега од Сибир и за неколку месеци да се врати на организирањето на штрајкови во Тифлис. Се на се, во периодот од 1902 до 1913, Сталин бил уапсен 8 пати, прогонет 7 пати, а успеал да избега 6 пати. Неговото последно прогонство траело од 1913 до 1917. Уште во 1910 година почнал да се нарекува себеси Сталин (човек од челик).

На вториот конгрес на РСДРП во Лондон во 1903 година, дошло до караница помеѓу Владимир Ленин и Јулиус Мартов, двајцата лидери на партијата. На крајот од расправијата, Мартов добил со 28 гласови наспроти лениновите 23 гласови. Ленин морал да го прифати поразот и да се оддели од партијата, притоа создавајќи нов разгранок подобро познат како болшевици. Оние кои што му останале верни на Мартов биле наречени меншевици. Сталин решил да им се придружи на болшевиците.

Ленин бил импресиониран од успесите на Сталин и во 1905 година го поканил во Финска за подобро да го запознае. По овој состанок, Сталин се вратил во Санкт Петербург каде што станал уредник на весникот “Правда”.

Во 1912 година на партиската конференција во Прага, Сталин бил избран за член на Централниот Комитет на Болшевичката партија. Откако го уапсиле во 1913 година бил протеран на живот во северен Сибир. По Февруарската буржоаско-демократска револуција во Русија во февруари 1917, царот Николај II абдицирал, со што и официјално бил ставен крај на повеќе од 300 годишното владеење со Русија од страна на царската династија Романови, како и на 200 години старата Руска Империја. Новиот премиер, односно претседателот на новата примвремена влада во Русија, Александар Кeренски, им дозволил на сите политички затвореници да се вратат дома. Сталин се вратил во Санкт Петербург и почнал повторно да го издава “Правда”. Во исто време, Сталин, како и повеќето болшевици, го завзел ставот дека рускиот народ не е подготвен за социјалистичка револуција. Исто така Сталин и одборот на уредниците на "Правда" му пружале поддршка на Керенски и на неговата привремена влада, а исто така наводно одбиле да објават статија на Ленин во која што Ленин го повикува народот на уривање на привремената влада.

Брачен живот и семејство[уреди | уреди извор]

Екатарина Сваниѕе, првата сопруга на Сталин 1880 - 1907.
Првиот син на Сталин, Јаков Џугашвили 1907 - 1943.
Сталин и неговата втора сопруга, Надежда Алелујева.

Во 1904 година откако се вратил од прогонство од Сибир, Сталин се оженил со неговата симпатија од тинејџерските години, Екатарина Сваниѕе (според некои извори: Екатарина Семеновна). Со неa имал едно дете, неговиот прв син, Јаков Џугашвили, со кој не се согласувал најдобро во наредните години. Неговата прва сопруга починала од тифус во 1907 година, исклучиво затоа што се што Сталин заработувал давал на партијата, а не за нејзиното лекување. На нејзиниот погреб рекол дека сите чувства и се човечко што имало во него умреле со нејзе, бидејќи таа била единствената која што знаела како да го излече неговото срце.

Во 1919 година се оженил со Надежда Алелујева, која била тврд и одлучен комунистички тинејџер. Со неa имал две деца, вториот син Василиј и ќерката Светлана. Надежда починала во 1932 година во мистериозни околности на 9 ноември 1932, два дена по 15-та годишнина од Октомвриската Револуција. На прославата по повод 15-та годишнина од Октомвриската Револуција на 7 ноември 1932 Сталин, полупијан и гневен кон Надежда поради критиките кои лично му ги изнела пред гостите на прославата поради начинот на кој владеел со Советскиот Сојуз, се однесувал некултурно и ја мавал со парчиња леб. Официјалната изјава на Сталин била дека починала од воспаление на слепото црево, но многумина имаат потврдено дека ноќта кога починала се слушнал истрел и дека до нејзе бил пронајден револвер, поради што се поставува прашањето дали Сталин ја убил или ја навел кон самоубиство. Според нивната ќерка Светлана, пред да умре, Надежда оставила проштално писмо за Сталин, исполнето со лични и политички критики.[18] Има само 2 фотографии на нив двајца заедно во периодот од 15 годишниот брак.

Дента на нејзиниот погреб Сталин рекол:

"Таа ме напушти како непријател".

Неговата мајка починала во 1937 година. Сталин не присуствувал на нејзиниот погреб. Ја видел само еднаш во последните 40 години од нејзиниот живот. Сталин бил гневен на нејзе бидејќи го запишала во религиско училиште и понекогаш ја нарекувал "стара курва". А од друга страна, на советската јавност и се претставувал како синот кој ја сака мајка си како дел од неговиот култ на личноста кој го градел кон крајот на 1920 - те и почетокот и текот на 1930 - те. Кога дознал дека имало обид за снимање на документарен филм за мајка му, веднаш го запрел.

Неговиот прв син Јаков и се придружил на Црвената Армија и во 1941 бил заробен од страна на германските сили. Сталин одбил да го менува својот син во замена за фелдмаршалот Фридрих Паулус, кој се предал во Битката за Сталинград. Кога слушнал за понудата од германските сили рекол "Јас немам син Јаков".

Но сепак Сталин одговорил на понудата од германските сили:

"Во вашите раце не е само мојот син Јаков, туку милиони мои синови. Или ќе ги ослободите сите нив, или мојот син ќе ја дели нивната судбина".[19]

Јаков умрел во заробеништво над заштитна ограда под електричен напон. Меѓутоа ни до денешен ден не е расветлена неговата смрт. Некои велат дека се обидел да избега и умрел обидувајќи се да ја прескокне заштитната ограда под електричен напон. Многумина од друга страна, пак, веруваат дека се самоубил.[20]

Сталин, потценувајќи го сопствениот првороден син, понекогаш го нарекувал "помлад чевлар". За време на првиот петгодишен план на Сталин за брза индустријализација на Советскиот Сојуз, Јаков влегол во судир со Сталин во текот на еден разговор со него, велејќи му дека само тој, односно само Сталин, е единствениот виновник за големиот глад и за големата сиромаштија кои завладеале низ државата, и му кажал дека само тој, односно само Сталин, може да го спаси советскиот народ.

На ова Сталин одговорил:

"Јас не сум Сталин. Сталин е моќ".

Во овој период Јаков се обидел да се самоубие со пиштол, но преживеал.

На ова Сталин реагирал велејќи:

"Не може ни да се застрела себеси правилно".[21]

</noinclude>

Неговиот втор син Василиј сакал да се запише во авијациско училиште, но тука морал да интервенира Лаврентиј Берија поради слабите училишни оценки на Василиј. Но слабиот успех не го запрел Сталин да го направи својот син најмладиот генерал во Црвената Армија кон крајот на Втората Светска Војна. Василиј станал алкохоличар во текот на војната. Непосредно по смртта на Сталин на 5 март 1953 Василиј бил уапсен и затворен на 28 април 1953 поради откривање на тајни информации на странски дипломати во текот на една вечера. Бил обвинет за критикување на советските лидери, антисоветска пропаганда и криминално однесување. Бил ослободен во јануари 1960 и се стекнал со право да прима пензија, финансиска компензација од 30.000 рубљи, трособен стан во Москва, како и тримесечен третман во Кисловодск. Очекувал да добие официјално извинување, но никогаш не го добил. На 9 април 1960 побарал од маршалот Климент Ворошилов да го врати во воена служба. Иритиран од доцнењето на одговорите на неговите барања, на 15 април 1960 поднел барање за виза во кинескиот конзулат. Во тој период односите помеѓу Советскиот Сојуз и Народна Република Кина биле тензични, поради што на 16 април 1960, советските власти одлучиле да го стават во куќен притвор во Казан. Во овој период неговите проблеми со алкохолизмот станале уште посериозни, поради што починал на 19 март 1962. Во 1999 започнал процес за негово рехабилитирање со повлекување на обвинението за антисоветска пропаганда. Во 2002 неговите остатоци биле пренесени на гробишта во Москва.

Сталин бил најблизок со неговата ќерка Светлана, која во 1967 емигрирала од Советскиот Сојуз, а починала од рак на дебелото црево на 22 ноември 2011 во САД, на 85 годишна возраст.[22][23]

Исто така има многу тврдења од страна на одредени документи и личности дека Сталин имал деца со други жени во годините на неговото прогонство. Меѓу најпознатите примери спаѓа синот Константин Кузаков што го имал со Марија Кузакова, жената со која ручал и во чијашто куќа престојувал за време на неговото прогонство во Сибир во градот Солвичегодск, типично место за прогонство, на кого подоцна и му помогнал да стане член на Централниот Комитет на Болшевичката партија. Меѓу најпознатите примери спаѓа и непознатиот внук на Сталин кој независната руска телевизија НТВ и го открила на јавноста во 2001, Јури Давидов, кој рекол дека неговиот татко му го открил нивното оригинално семејно потекло, но поради тогашните активности против сталиновиот култ на личноста морале да молчат.[24] Некои историчари, меѓу кои и Александар Солженицин тврделе дека Сталин имал син и со неговата сопруга од граѓанскиот брак во северен Сибир, Лида во 1918 година.

Сталин и револуцијата[уреди | уреди извор]

Кога Ленин се вратил во Русија на 3 април 1917 година, ги објавил т.н. Априлски тези. Тој ги обвинил сите болшевици како предавници на својот народ заради тоа што не сакале и немале храброст да и се спротивстават на Привремената влада. Ги обвинил дека се предавници на социјализмот и дека треба да ја напуштат партијата. Некои, го послушале Ленин, кои сметале дека кревањето на револуција ќе доведе до уште поавторитетна руска влада.

Во мај истата година Сталин бил избран за член на Политбирото на Централниот Комитет на Болшевичката партија и бил трет кој освоил најмногу гласови. На оваа функција Сталин останал се до крајот на својот живот.

Сталин бил во тешка позиција. Како еден од уредниците на “Правда”, бил свесен дека бил делумно виновен за “предавниците на социјализмот” како што Ленин ги нарекол своите сопартијци. Сега имал два избора. Можел да му спротивстави на Ленин и да тежнее кон лидерското место во партијата, или пак можел едноставно да се премисли и да престане да ја поддржува привремената влада и да му остане лојален на Ленин.

По десетдневен молк, Сталин го повлекол својот потег. Во “Правда” објавил натпис со којшто ја отфрлил идејата да работи со Привремената влада, ги проколнал Кeренски и Чернов, ги обвинил за противреволуционерно работење и ги повикал селаните на заземање на земјата од нивните претпоставени. Во ноември 1917 година. Ленин го наградил Сталин за неговата поддршка на Октомвриската револуција и го назначил за комесар за националности, функција која што Сталин ја држел во периодот од 1917 до 1923 година. Исто така бил и комесар за работничка и селанска инспекција во периодот од 1920 до 1923 година и член на Централниот извршен комитет на Врховните Совети. Со оглед на тоа што и самиот не бил Русин, туку Грузиец, на Сталин му се доверила улога која што најдобро му одговарала. Тој сега имал доста моќно место и требал да разрешува многу проблеми, ако се земе фактот дека половина од населението во Русија не биле Руси.

Политиката на болшевиците била да им се овозможи самоопределување на различните националности кои постојат во Русија. Ова било уште толку засилено со еден говор на Сталин кој се одржал на 16 ноември 1917 година во Хелсинки.

Во наредните неколку години Сталин имал доста проблеми со националностите кои не биле Руси. Имено, сите сонувале за идеа за создавање на посебна држава без да се консултираат со него и тоа воопшто не му одело во прилог. Така, за да се заштити себеси и своите интереси тој кажал дека доколку овие нови држави не се подготвени да прават сојуз со Русија, така наречен советски сојуз, тогаш болшевиците нема да дозволат да опстане самоопределувањето.

Исто како и Сталин, така и Ленин почнал да се премислува за политиката на самоопределување која што ја водел и тежнеел кон прекршување на своето ветување. Токму тоа прекршување ја направило владата на Ленин не толку сакана во Русија.

За време на Граѓанската војна, Сталин одиграл мошне важна улога во решавањето на воените прашања. Неговата стратегија била да ги интервјуира сите војници за да се увери во нивната лојалност. Доколку било кој од нив не го уверил во тоа, го стрелал и фрлал во Волга.[25]

Во 1918 година бил извршен атентат врз Ленин од страна на Дора Каплан. Сталин наредил да се изврши немилосрден терор врз одговорните. Неговиот совет бил прифатен во септември 1918 година и проценето е дека во наредните месеци околу 800 социјалисти биле прогонувани и стрелани без да ја имаат можноста за судење.

Политиката на советската влада се повеќе губела на популарност, а тоа се гледало од многубројните демонстрации кои беснееле по Русија. Токму поради тоа, Ленин во март во 1921 година ја објавил својата Нова економска политика (НЭП). Сталин ја поддржал оваа политика која носела многу бенефиции за сиромашниот народ во Русија.

По објавувањето на својата нова политика, Ленин морал да се соочи со многубројни опструкции и повеќе не можел толку лесно да ги надминува несогласувањата кои доаѓале од сите страни. Наскоро почнал да чувствува замор и признал дека му требало помош во контролирањето на Комунистичката партија. На наредната конференција во април 1922, Ленин го предложил Сталин за местото за генерален секретар,[26] а неговата кандидатура била поддржана од неговите противници затоа што секој од нив на неа гледал само како на кандидатура за гласник на Ленин.

Генерален секретар и доаѓањето на власт[уреди | уреди извор]

Од лево кон десно: Јосиф Висарионович Сталин, Владимир Илич Ленин и Михаил Калинин на состанок во 1919.
Ленин и Сталин во 1922 година. Многумина тврдат дека оваа фотографија е монтажа, како дел од сталиновиот култ на личноста, бидејќи во овој период Ленин и Сталин имале спротивставени ставови.

Многу наскоро откако Сталин бил назначен за генерален секретар, Ленин бил подложен на операција во која требало да му биде изваден куршум од телото којшто останал во него од атентатот на Каплан. Веднаш по операцијата, иако многумина сметале дека таа ќе придонесе за оздравување на Ленин, еден крвен сад во неговиот мозок пукнува и го остава парализиран на десната страна. Исто така Ленин боледувал од сифилис, што ја влошило уште повеќе неговата состојба.

Наеднаш “гласникот” на Ленин станал многу важен. Додека Ленин бил инвалидизиран, многу важни решенија паднале во рацете на Сталин. Ја имал моќта да се ослободи од несаканите членови на партијата како што бил Евреинот Лав Троцки, којшто бил главниот негов ривал за лидерското место во партијата, а меѓу другото и основач и командант на Црвената Армија. Опкружен од подржувачи, довербата во Сталин наеднаш почнала на расте. Во октомври 1922 година тој не се согласувал со Ленин во врска со прашање за надворешна трговија. Кога прашањето било изложено на Централниот комитет, политиката на Сталин била прифатена а онаа на Ленин отфрлена. Ленин почнал да стравува дека Сталин ќе му го преземе лидерското место во партијата, па затоа му пишал на Троцки за поддршка. На следниот централен комитет, прашањето за надворешната трговија било повторно разгледано, па Ленин, којшто бил премногу болен за да присуствува на комитетот, му пишал на Троцки писмо во кое му честитал за добро направената работа и предложил во иднина да работат заедно против Сталин.

Сопругата на Сталин, Надежда Алелујева, која што работела во приватната канцеларија на Ленин, наскоро дознала за содржината на писмото коешто било пратено до Лав Троцки. Сталин станал свесен дека доколку Троцки и Ленин се здружат, неговата политичка кариера ќе пропадне, па затоа разлутен се јавил на сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја и ја обвинил за загрозување на животот на Ленин со тоа што му допушта да пишува во таква тешка здравствена состојба.

Откако Крупскаја му ја соопштила на својот маж веста за телефонскиот повик од Сталин, Ленин бил сосема сигурен дека Сталин не смее да биде неговиот наследник, па сосема свесен дека умира и го издиктирал на својата секретарка својот тестамент. Ленин започал да се грижи за состојбата во која се наоѓа Сталин и за неговото однесување, па затоа во својот тестамент тој напишал:

“На другарот Сталин, со поставувањето на функцијата генерален секретар, му се довери голема моќ во неговите раце и не сум сосема сигурен дека тој знае како да ја насочи. Затоа од нашите другари молам тој да биде отстранет од своето место како генерален секретар и на негово место да се назначи некој друг кој ќе биде поразличен од Сталин”.[26]

Како и да е, Ленин починал на 21 јануари 1924 година, без било каква акција да биде превземена. По неговата смрт, десетици илјадници телеграми пристигнувале од сите краишта на Советскиот Сојуз, во кои што пишувало дека неговото тело треба да биде сочувано на некаков начин за идните генерации. Сталин го искористил ова и ја поддржал идејата за градење на Мавзолејот на Ленин, каде што телото на Ленин било поставено на 27 јануари 1927 година, откако претходно истото било балсамирано. Ова било целосно спротивно на желбата на Ленин да биде погребан до гробот на својата мајка. На 13-от Конгрес на партијата во мај 1924 година, Сталин успеал да се наметне како легитимен наследник на Ленин. Тој почетно продолжил со новата економска политика на Ленин, на тој начин нудејќи многу бенефиции на фармерите и обичните селани.

По смртта на Ленин, Сталин се соединил со двајца членови на левото крило, Григориј Зиновјев и Лев Каменев,[26] со цел да му одземе што е можно повеќе моќ на Троцки, кој бил претставник на левото крило во партијата. И двајцата од нив верувале дека Троцки ќе се ослободи од нив кога би станал лидер, особено поради неговите екстремно радикални идеи. Сталин потенцирал дека двајца стари активисти како нив имаат повеќе право да ги водат болшевиците од Троцки, кој и се приклучил на партијата во 1917. Троцки го обвинил Сталин дека работи диктаторски и повикал на поголема демократија во партијата. Зиновјев и Каменев, соединувајќи се со Сталин, го обвиниле Троцки за поделба во редовите на партијата.

Лав Троцки, непосредно пред да биде прогонет во 1929 година.

Последната надеж на Троцки била објавувањето на тестаментот на Ленин, па така во мај 1924 година, вдовицата на Ленин, Надежда Крупскаја, побарала од Централниот комитет, содржината на тестаментот да биде објавен пред членовите на партијата. Зиновјев силно се противел на публикацијата.[26] Тој рекол:

“Вие, како и јас сте сведоци на хармонијата која владее во партијата во последните неколку месеци и мислам дека тоа е доволен доказ дека стравувањата на Ленин се покажаа како неосновани”. Членовите на комитетот, кои биле поставени од страна на Сталин, не дозволиле публикација на тестаментот.

Во 1925 година Сталин успеал да го отстрани Троцки од владата. По заминувањето на Троцки, Сталин повеќе немал никаква корист од Каменев и Зиновјев. Така, стратегиски почнал да ја напаѓа идејата на Троцки за револуција која што требала да се рашири и надвор од границите на Советскиот Сојуз. Каменев и Зиновјев, кои што биле силни поддржувачи на таа идеја, против својата волја, морале да застанат зад човекот со кого долго време не се согласувале. Кога конечно Сталин увидел дека Каменев и Зиновјев повторно ќе се соединат со Троцки, почнал да ги поддржува ставовите на десницата, претставувана од страна на Николај Бухарин. Каменев и Зиновјев сфатиле дека Сталин има намера да се ослободи од нив и затоа во летото 1926, тие ја проголтале својата гордост и ја вратиле својата поддршка кон политиката на Троцки.

Тогаш веќе Каменев и Зиновјев почнале да ги напаѓаат ставовите на Сталин, но тој лесно, како и се што правел дотогаш, успеал да ги отстрани од Централниот комитет. Како и да е, нивното верување дека партијата ќе се раздели на два дела, станало вистински страв за комунистите во земјата. Тие биле убедени дека доколку се случи тоа, западните земји би можеле таа ситуација да ја искористат против Советскиот Сојуз.

Поради тоа Каменев и Зиновјев биле принудени да потпишат изјави со кои се обврзале дека нема да држат јавни говори во кои ќе ги напаѓаат високите функционери. Троцки одбил да потпише таква изјава, па затоа бил протеран во Казахстан во 1929 година. До својот официјален 50-ти роденден во 1929 година, односно неофицијален 51-ви роденден (Сталин ги криел вистинските податоци за себеси поради сигурност), Сталин ја имал апсолутната власт и моќ во партијата и во Советскиот Сојуз.

Брзата индустријализација на Советскиот Сојуз[уреди | уреди извор]

Русија излегла од Првата Светска Војна како поразена, сиромашна и неразвиена држава, особено по Февруарската и Октомвриската Револуција. Индустријата изнесувала 20% до 25% од целокупната економија на државата, а од целосната индустриска инфраструктура во државата, државата поседувала само 13% се до Февруарската и Октомвриската револуција.

Во 1928 година Сталин го претставил својот прв пет годишен план, или петолетка. Со ваквата организација на државата, Сталин преминал кон сосема поинакви мерки за зајакнување на државната економија од оние предвидени со Новата Економска Политика (НЕП) на Ленин, која што Сталин ја практикувал од доаѓањето на власт, се до 1928 година. Ваквиот план удрил најсилно врз животите и врз егзистенцијата на селаните и фармерите чии што производи тогаш се уште играле доминантна улога во државната економија.

На почетокот на неговиот прв пет годишен план, Сталин рекол:

"Во период од 10 години ние мораме да ја стигнеме Европа, или нас ќе не нема".

За успешна реализација на ваквиот план, на Сталин две работи му недостигале на големо: храна и пари. За да ги обезбеди, вовел колективизација на сите земјоделски производи.[26][27] Селаните и фармерите биле обврзани сите свои производи да ги продадат на големите државни колективни фарми низ државата по цени кои што колективните фарми како купувачи ќе ги одределе, а не селаните и фармерите како производители. Цените за селаните и фармерите биле катастрофално ниски, некои морале да ги продадат своите производи по цени во износ од само 10% од реалните цени на производите. Ваквиот организиран "колективизациски грабеж" станал вистински кошмар за кулаците (еднина: кулак), најнапредните, најуспешните и најбогатите селани и фармери во Советскиот Сојуз, кои што одлучиле да не ги продадат своите производи. На ова Сталин реагирал со издавање наредба за директен упад на фармите и во домовите на кулаците од страна на агентите на тајната полиција НКВД, кои што присилно ги одзеле сите производи на селаните и фармерите. Сите кои што ќе се спротивставеле да ги предадат своите производи биле апсени и водени во некој од логорите за присилна експлоатација на човековиот труд низ Советскиот Сојуз, каде што биле присилно терани да работат како робови на државата, копајќи тунели, работејќи во рудниците низ Арктичкиот Архипелаг и многу други ужасни и неподносливи работи, при што воопшто не се водела сметка за здравствената состојба на луѓето или за нивните потреби. Бидејќи мнозинството робијаши во ваквите логори за присилна експлоатација на човековиот труд биле кулаци, од тука овие логори го наследиле називот гулази (еднина: гулаг). За Сталин ваквите робијаши биле "непријатели на народот". Ваквите логори постоеле уште за време на Руската Империја, но поголем замав зеле во периодот по доаѓањето на болшевиците на власт по Октомвриската револуција. Првично за време и по граѓанската војна во Русија, Ленин ги користел ваквите логори за затворање на сите противници, негови и на партијата. Но најголем замав овие логори зеле кон крајот на 1920-те кога Сталин ја зацврстил својата власт во Советскиот Сојуз, па се до неговата смрт во 1953 година. Иако гулазите продолжиле да постојат и да функционираат и по смртта на Сталин во 1953 година, сепак бројот на робијаши никогаш не бил поголем од периодот за време на сталиновиот режим. Кон средината на 1930-те бројот на робијаши изнесувал над 10 милиони луѓе. Денеска во Русија гулазите се уште постојат и функционираат, но во нив работат само доброволци. Робијашите од гулазите станале силна алатка во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз за време на сталиновиот режим. Сталиновата полиса за искористување на робијашите од гулазите во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз гласела дека сите робијаши кои вредно работеле, мора да се задржат што е можно подолго време во гулазите и да бидат искористувани во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз сè додека не станат "бескорисни". Така, на луѓе кои што биле осудени на 3 до 5 години робија во гулазите, а се докажале како вредни робијаши, робијата во гулазите им била продолжувана за уште 10 до 15 години, а на оние кои се докажале како највредни робијаши, робијата во гулазите им била продолжувана за дури 20 до 25 години. Семејствата на кулаците кои што биле оставени без храна не можеле да ги напуштат селата, бидејќи Сталин наредил патиштата да бидат блокирани, поради опасноста од, како што рекол "ширење противреволуционерни лаги".

Ефекти од ваквиот глад и ваквата сиромаштија биле почувствувани низ целиот Советски Сојуз, најмногу во Украина, чии што кулаци најмногу се спротивставувале на колективизацијата, каде што починале од 4 до 5 милиони луѓе.[28][29][30] Ваквиот период кај Украинците е познат како Гладомор.

Во јануари 2010, Киевскиот Суд ги прогласил за виновни Јосиф Сталин и други советски лидери за геноцид преку "организирање на масовен глад во Украина во периодот од 1932 до 1933 година".[31][32]

Во северните делови на Кавкаскиот полуостров од глад починале над 1 милион луѓе. Голем дел од луѓето кои ги изгубиле животите поради ваквиот глад и ваквата сиромаштија низ целиот Советски Сојуз биле деца, кои биле жртви на канибализам, изедени од сопствените родители, кои не можеле повеќе да го трпат гладот. Се проценува дека од глад починале околу 10 милиони луѓе,[33] бидејќи толку недостигале на пописот на население во 1937 година. Кога ги слушнал резултатите од пописот, Сталин бил ужаснат и наредил вршење на нов попис, од кој би излегле поповолни резултати за државата. За него, гладта која завладеала низ Советскиот Сојуз била приказна раскажувана како дел од "противреволуционерните лаги" од страна на "непријателите на народот".

Сета колективизирана и присилно одземена храна која што можела да ги спаси животите на милиони луѓе во Советскиот Сојуз завршила на европските пазари. Со парите заработени од продажбата на храната, Сталин купувал машини со кои што се опремувала советската индустрија. Работниците работеле деноноќно за да помогнат во градењето на поразвиена советска држава, но ни тие не биле поштедени. Чести биле случаите каде што работниците примале плати пониски и за -30% од ветените плати.

Сталин знаел дека ќе дојде до глад, но не очекувал бројот на жртвите да биде толку голем, што секако не го ослободува од одговорност.

Неколку години по успешниот крај на неговиот прв пет годишен план, ја изговорил својата позната изрека:

"Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони луѓе е само статистика".

Со ваквата забрзана индустријализација, индустриското производство во Советскиот Сојуз се зголемило за неколку илјадници проценти. Благодарејќи на брзата индустријализација и фактот дека во Советскиот Сојуз немало приватни инвеститори во државната економија и сите пари од фирмите биле реинвестирани во државната економија, Советскиот Сојуз не почувствувал никакви ефекти од Светската економска криза од 1929 година и во 1941 година бил втора најголема индустриска сила во светот. Многумина тврдат дека без ваквата индустријализација Советскиот Сојуз најсигурно ќе изгубел во Втората Светска Војна.

Чистките и големиот терор во 1930-те[уреди | уреди извор]

Во 1934 година на 17-от Конгрес на партијата, уште попознат како Конгресот на победниците, Сталин очекувал неговиот реизбор за генерален секретар да биде само формалност. На негово изненадување, тој освоил најмногу негативни гласови при изборот на членови на Централниот комитет, а најмалку негативни гласови освоил лидерот на партискиот огранок од Ленинград, Сергеј Киров.[34] По ужасната колективизација и брзата индустријализација, многу членови на партијата се залагале за помек комунистички режим. Откако Киров бил избран за член на Политбирото на Централниот комитет, за време на Конгресот кој траел од 26 јануари до 10 февруари 1934 година, некои членови му пришле со предлог да го постават него за генерален секретар, со што Сталин директно ќе ја изгубел власта во партијата, а со тоа и во државата. Киров го одбил предлогот, по што Сталин бил реизбран за генерален секретар на партијата. Но големата популарност на Киров и најнискиот број на негативни гласови што ги освоил на Конгресот, наспроти најголемиот број на негативни гласови што ги освоил Сталин на истиот, го направиле Киров трн во око на Сталин, кој од Конгресот па понатаму го третирал Киров како негов најголем ривал.[35]

</noinclude>

Некои членови на партијата јавно го критикувале Сталин и повикувале на повторно примање на Троцки во партијата. За прашањето било дискутирано и Сталин барал сите оние кои што го шират тој глас да бидат егзекутирани. Киров, кој до тогаш бил верно куче на Сталин, не се согласувал со неговата политика и кога дошло на ред да се гласа, Сталин бил надгласан.

Пред
После
Николај Јежов, малиот човек лево до Сталин, односно десно на горната фотографија од 1930-те, бил стрелан во 1940 година. По неговата смрт, Јежов бил исфрлен од фотографиите како оваа од страна на советски поправачи на фотографии.[36] Ваквите бришења на луѓе од историјата биле типични за време на сталиновиот режим.

Во летото 1934 Киров предложил да се ослободат сите селани и фармери кои што се противеле на владината политика. Уште еднаш Сталин бил надгласан. Заедно со Григориј Орџоникиѕе, Киров формирал крило во партијата кое се залагало за помирување помеѓу членовите во Политбирото на Централниот комитет и во партијата, како и за помилување на "непријателите на народот".

По ослободувањето на својот најголем противник, Сталин се загрижил поради инсистирањето на Киров да имаат јавна дебата, бидејќи се плашел дека тој би можел да го надмудри во јавност и да му го наруши авторитетот во партијата.

Како и по обичај, тоа лето Сталин го повикал Киров на одмор. Тогаш Сталин го замолил Киров да и остане верен на партијата и да го напушти Ленинград за да дојде во Москва. Сталин со тоа сакал да го држи Киров под свој личен надзор. Киров одбил, а со тоа Сталин разбрал дека ја изгубил контролата врз својот штитеник.

На 1 декември 1934 година, Киров бил убиен од страна на помлад член на партијата, Леонид Николајев. Сталин тврдел дека Николајев е дел од заговор којшто бил зачнат од Троцки против Советскиот Сојуз.[37]

</noinclude> Сето тоа резултирало со апсење и убивање на Каменев и Зиновјев, како и на петнаесет други членови на партијата. Во 1936 година најстариот брат на Григориј Орџоникиѕе бил уапсен и мачен по што починал. Григориј Орџоникиѕе, кој исто како Сталин бил Грузиец и негов близок пријател, починал во 1937 година во сомнителни околности. Официјалниот извештај тврдел дека починал од срцев удар, но 20 години подоцна, Никита Хрушчов и открил на јавноста дека Орџоникиѕе се самоубил непосредно по телефонски разговор со Сталин. До денешен ден не е откриена содржината на телефонскиот разговор помеѓу нив двајцата. Во 1937 година Николај Бухарин бил уапсен и осуден, а во 1938 година стрелан. Бухарин, кој исто така бил стар и близок пријател на Сталин пред да биде стрелан им дал на сопствените убијци пишана порака за која што замолил да му биде доставена на Сталин. Во пораката пишувало:

"Коба, зошто сакаш да умрам ?".

По смртта на Сталин во 1953 година, истата порака била пронајдена во неговата работна маса.

Во септември 1936 Сталин го назначил Николај Јежов на чело на тајната полиција НКВД. Јежов веднаш обезбедил апсење на политички водачи кои што биле критични за Сталин, како и масовно испрашување во затворите каде што затворениците биле испрашувани деноноќно и на крај, од замор, биле приморани да потпишат признанија за нивните обиди за уништување на владата. Најголемиот број на жртви на ваквиот терор дошле од актот со кој тајната полиција НКВД барала од секоја општина да се уапсат, погубат или испратат во гулазите "точен број" на "непријатели на народот". За секоја општина во Советскиот Сојуз биле одредени "квоти", односно број колку точно луѓе требало да се уапсат и да се погубат. Биле користени таканаречени судски "тројки", екипи од 3 теренски судии кои што оделе низ општините, и по кратко 10 до 15 минутно сослушување на обвиненијата доставени против обвинетите, истите биле осудувани и стрелани.[38][39][40][41]

</noinclude> Проценето е дека во периодот од 1936 до 1939 година над 2 милиони луѓе ги изгубиле своите животи на ваков начин, од кои што мнозинството биле невини. Сталин лично потпишувал илјадници списоци на луѓе кои требало да бидат уапсени, погубени, или одведени во гулазите.

Писмо на Берија до Политбирото на Централниот комитет Согласност на Сталин Одлука на Политбирото на Централниот комитет
Лево: Писмо на Лаврентиј Берија од јануари 1940 година до Сталин, барајќи дозвола да се погубат 346 "непријатели на партијата и на советските власти" кои што вршеле "против-револуционерни, десно-Троцкистички заговарачки и шпионски активности"
Средина: Сталиновата дозвола "за" (ракописно).
Десно: Одлуката на Политбирото на Централниот комитет потпишана од страна на генералниот секретар Сталин

Од вкупно 1996 делегати колку што учествувале на 17-от Конгрес на партијата, 1108 биле уапсени, од кои околу две третини биле егзекутирани во периодот од 1934 до 1937. Од вкупно 139 членови избрани во Централниот комитет на Конгресот, 98 биле егзекутирани. Од останатите 41 делегат, само 24 биле реизбрани на 18-од Конгрес на партијата, кој траел од 10 март до 21 март 1939 година.[42]

Периодот од 1934 до 1939 е уште попознат и како Големиот Терор, а 17-от Конгрес кој бил најавуван како Конгресот на победниците, станал Конгресот на осудените.

По ова, Сталин одлучил да ја потчини и Црвената Армија. Некои веруваат дека Сталин не лажел кога тврдел дека државната армија планирала воен удар.[43] Ова се смета за најголемата загуба на Советскиот Сојуз и на Црвената Армија за време на сталиновиот терор. Видни командири од граѓанската војна како Михаил Тухачевски, Василиј Блихер, Александар Јегоров и други ги изгубиле животите во ваквите чистки, што се смета како главна причина за брзиот напредок на германските сили за време на Втората Светска Војна и за големите порази кои што Црвената Армија ги претрпела на почетокот на нападите од страна на германските сили. Генералот Константин Рокосовски бил уште една од жртвите на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те години. Кога бил ослободен во 1940 година поради потребите на Црвената Армија и на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, било евидентирано дека сите заби му биле искршени поради тепање и мачење во советските затвори.

Последната фаза од чистките и големиот терор во 1930-те била чистењето на тајната полиција. Сталин сакал оние кои што знаеле премногу за чистките да бидат убиени. Сталин и најавил на земјата дека фашистичките елементи ги преземале безбедносните сили, што иницирало смрт на илјадници невини луѓе. Новиот шеф на полицијата кој Сталин го поставил во ноември 1938 бил Лаврентиј Берија чијашто задача била да ги открие виновниците. По истрагата, Берија наредил егзекуција на сите постари офицери во организацијата, вклучувајќи го и неговиот претходник, Николај Јежов. Во 1937 година, по серии преселувања од држава во држава под притисок на советската влада, Лав Троцки се преселил во Мексико, каде што во 1940 година бил убиен.[44][45]

</noinclude> Тврдења од страна на аналитичари и експерти, како и докази од тајната полиција НКВД го припишуваат неговото убиство на Берија како организатор и Сталин како нарачател на истото.

Една од најголемите иронии за време на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те е фактот дека илјадници робијаши од гулазите кои биле затворени како резултат на чистките пишувале писма до Сталин, очајнички молејќи го за помош, верувајќи дека тој воопшто не знаел за агонијата низ која што тие поминувале. Ова било засилено преку неговиот култ на личноста, кој и во гулазите бил присутен. За робијашите кои биле затворени како резултат на чистките и теророт во 1930-те, Сталин бил светец, семоќен, спасител, единствениот кој можел да им помогне. Само оние од нив кои што дочекале да бидат ослободени по неговата смрт во 1953 година ја дознале вистината дека токму тој, Сталин, кого тие го сакале, почитувале и обожавале како светец, како семоќен, како спасител, бил всушност човекот кој го наредил нивното заробеништво. Се на се, проценето е дека околу 20 милиони луѓе ги изгубиле животите како резултат на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те.

Кон крајот на 1930-те, сталиновиот терор почнал да губи на интензитет, но советскиот народ допрва го чекал нов терор приреден од страна на Адолф Хитлер, кој и самиот го опишувал Сталин како вистински мајстор за приредување на политички терор.

Сталин и култот на личноста[уреди | уреди извор]

За време на своето владеење, Сталин создал сопствен култ на личноста. Уште кога дошол на власт ја забранил религијата и наредил уништување на цркви, манастири и храмови. Меѓу првите жртви на неговиот режим биле руските православни свештеници од кои што илјадници биле убивани, и илјадници биле одведени во гулазите. На советскиот народ му се понудил себеси како Бог и Семоќен. Неговиот портрет го имало во речиси сите домови во Советскиот Сојуз, а неговите Сталинови музеи биле негови храмови.

Се претставувал себеси пред советската јавност како најдобар пријател на Ленин и втор лидер на Октомвриската револуција преку филмови кои што го претставувале него како светец и херој, а селскиот живот во Советскиот Сојуз како рај на Земјата. Градот Царицин бил преименуван во Сталинград, како и многу други места низ Советскиот Сојуз, но според неговиот култ, ништо не било создадено во Советскиот Сојуз без да биде планирано од страна на него, големиот лидер и татко. Неговите статуи и споменици ги имало во речиси секое село во Советскиот Сојуз. Неговите говори биле снимани на грамофонски плочи, кои што биле дистрибуирани во милионски количини. Себеси се претставувал како најдобар пријател на поетите, уметниците, научниците, децата, војниците и други. Според неговиот култ на личноста, советскиот народ им ги должел сите благодети кои што ги уживал на комунистичката партија и на Сталин.

Во Советскиот Сојуз се доделувале награди кои што го носеле неговото име. Куќата во Гори, Грузија, каде што се родил и живеел, наредил да биде надоградена, со цел да заличи на храм. Во 1944 година, советската химна била сменета. Во новата химна се спомнувал и Сталин.

Катедралата Исус Христос Спасител во Москва била урната на 5 декември 1931 година по негова наредба, со цел на таа локација да се изгради зграда која што тогаш би била највисоката зграда во светот, Палатата на Советите. Оваа зграда никогаш не била изградена, во главно благодарејќи на германската инвазија на Советскиот Сојуз, поради што градежните работи биле откажани.

"Рози за Сталин, најдобриот пријател на децата", слика од 1949 година насликана од страна на Борис Еремеев Владимирски.

Иако никогаш немал вистинско сериозно воено искуство, по победата на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна се претставувал себеси како големиот војсководец кој го победил Хитлер. По војната се прогласил себеси за Врховен Маршал на Советскиот Сојуз, израз познат во воениот речник како генералисимус, иако немал никакво вистинско воено искуство за време на војната. Во еден од неговите пропагандни воени филмови, тој бил претставен како војсководецот кој го планирал нападот на Берлин во Битката за Берлин. Во филмот бил прикажан и неговиот победнички херојски лет во Берлин по неговото завземање, настан кој никогаш не се случил.

Благодарејќи на неговиот култ на личноста и чистките и големиот терор во 1930-те, Сталин станал се повеќе и повеќе сакан и обожаван од страна на советските граѓани, исклучиво поради стравот кој го ширеле неговите чистки и неговиот терор. Додека држел говори, аплаузите траеле цели минути без прекин, луѓето се плашеле да престанат да аплаудираат поради неговите чистки и неговиот терор, на крајот се користеле ѕвона за да го означат крајот на аплаузот. По победата на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, и по неговото самопрогласување за Врховен Маршал на Советскиот Сојуз, односно генералисимус, Сталин станал уште повеќе сакан и обожаван од страна на советските граѓани, овој пат благодарејќи на неговиот култ на личноста и победата во Втората Светска Војна.

Неговиот култ на личноста бил срушен дури по неговата смрт во 1953 година.

Сталин и Втората Светска Војна[уреди | уреди извор]

Сталин и Рибентроп во Кремљ

Доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во 1933 година во Германија било добредојдено за Сталин. Сталин одамна барал некој кој би ја започнал Втората Светска Војна, како прелудија кон Светската комунистичка револуција, а договорот за ненапаѓање Молотов - Рибентроп[46]

</noinclude> бил најважниот чекор кон војната. Во таа смисла, од политички гледна точка, Сталин е политичарот, најодговорен за војната.

До 22 јуни 1941 година, кога Германија го нападнала Советскиот Сојуз, Сталин бил делумен сојузник на Хитлер, напаѓајќи ги и окупирајќи ги, покрај источните делови на Полска,[47]

</noinclude>[48] уште Литванија, Летонија и Естонија,[49]

</noinclude>[50][51]

</noinclude> како и делови од Финска[52] и Романија. По нападот на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, Сталин претрпел краток нервен слом и 8 дена се исклучил од светот.[53]

</noinclude> Откако поминале тие 8 дена конечно Молотов, Берија, Ворошилов и други блиски функционери се осмелиле ненајавено да дојдат во неговата зимска резиденција (дача) во Кунцево, надвор од Москва. Кога влегле во неговата работна соба, тој ги прашал:

"Зошто дојдовте ?"

"Да не дојдовте да ме погубите поради штетата предизвикана врз татковината ?".

Причина за ваквото однесување од негова страна не е тешко да се пронајде. Постојано месеци пред нападот пристигнувале разузнавачки извештаи од разни места кои тврделе дека Хитлер планира да го нападне Советскиот Сојуз.[54] Неколку дена пред почетокот на нападот, Харо Шулце-Бојсен, антинацистички офицер и разузнавач во Министерството за Авијација на Нацистичка Германија кој имал пристап до врвни информации од германската воена авијација Луфтвафе, ги информирал властите во Москва за почетокот на нападот, но Сталин го игнорирал извештајот. Во 23:00 часот на 21 јуни 1941, на само неколку часа пред почетокот на реализацијата на Операција Барбароса, германскиот дезертер и поранешен комунист Алфред Лисков ја препливал реката Буг од германска кон советска страна и ги информирал советските вооружени сили дека нападот ќе започне за 5 часа, но Сталин го игнорирал предупредувањето, а наводно го наредил и стрелањето на Лисков поради ширење дезинформации.[55]

</noinclude>[56][57]

</noinclude>[58]

</noinclude>[59] Дури и по почетокот на нападот, Сталин не сакал да верува дека Хитлер и Нацистичка Германија стојат зад нападот, туку верувал дека тоа е дело на некој одметнат германски генерал.[27] Чистките од 1930-те сериозно ја ослабиле државната инфраструктура во Советскиот Сојуз, особено Црвената Армија. Големите почетни германски воени успеси, особено во небото, се должеле исклучиво поради позиционирањето на советските воени авиони и тенкови, кои што биле подготвени за стратешка офанзива врз Германија и за нејзино бомбардирање, а не за стратешка дефанзива и одбрана на Советскиот Сојуз.

Се до Битката за Москва, Сталин ги искористувал советските медиуми за да ја залаже советската јавност со лажни вести за "големите порази кои ги трпеле германските сили на источниот фронт", додека Советскиот Сојуз трпел милионски загуби во војници и во цивили кои биле заробени или убиени од страна на германските сили на источниот фронт. Сталин мислел дека неговата пропаганда ќе придонела за поттикнување на моралот и храброста кај советските војници и граѓани, со што стотици илјадници граѓани од Украина, Белорусија и балтичките земји окупирани од страна на Сталин на почетокот на Втората Светска Војна, уверени дека советските сили извојувале победи над германските сили, не ги напуштале своите градови и села, за да подоцна истите да паднат во милост и немилост на силите на фашистичките окупатори по фашистичката окупација на нивните градови и села. Голем дел од овие граѓани биле Евреи, кои што подоцна ги загубиле животите во концентрационите логори, како Аушвиц, Собибор, Мајданек, Треблинка и други, затоа што Сталин ги оставил на милост и немилост на фашистичките окупатори.

Сталин, кој немал никакво вистинско сериозно воено искуство, не ги слушал советите на своите генерали, кои постојано му повторувале дека поради огромните загуби кои што Црвената Армија ги претрпела, Советскиот Сојуз не бил доволно подготвен за да се започне масовна контра-офанзива, туку постојано наредувал да се тргне во против-напад. Не сакал да се помири со фактот дека кај модерното војување се применуваат тенкови и авиони, туку верувал дека и понатаму бројот на војници и на пушки бил поважен, што довело до смртта на стотици илјадници советски војници се до Битката за Москва, кога Сталин конечно попуштил и им дозволил на маршалите Жуков и Василевски да ја организираат одбраната на градот.

На 7 ноември 1941 година, по повод 24 годишнината од Октомвриската Социјалистичка Револуција во Русија, Сталин одржал говор во московското метро заштитено од германските бомбардери, во кој ги изговорил зборовите кои ги имало на корицата на воената книшка на секој војник во Црвената Армија за време на Втората Светска Војна:

"Германските окупатори сакаат да водат војна за истребување со народот на СССР".

"Ако германците сакаат војна за истребување, ќе ја добијат".

Големата пресвртница во војната се случила во битките за Москва и Сталинград, каде што советските сили извојувале одлучни победи, главно благодарејќи на тоа што советските фабрики за оружје и муниција биле блиску до бојните полиња, со што Црвената Армија можела брзо да се засили и да надомести за претрпените загуби, нешто што германските сили немале на располагање. Исто така суровите руски зими во периодот 1941/1942 и 1942/1943 кои биле едни од најстудените и најсуровите зими во 20-от век одиграле голема улога во одбраните на Москва и Сталинград. Германските сили не очекувале инвазијата на Советскиот Сојуз да трае толку долго и не се опремиле со зимска опрема, што им дало огромна предност на советските сили, кои што можеле да ги издржат суровите зимски температури, кои понекогаш знаат да стигнат и до -15 °C. На 2 февруари 1943 кога германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, неговите соработници и офицери и неговите војници се предале на Црвената Армија во Битката за Сталинград, советската метеоролошка станица преку советското радио најавила температура од -31 °C.

"Сталин, големиот пријател на религијата", уште еден мит од сталиновиот култ на личноста.

Во овој период, Сталин дозволил црквите повторно да се отворат. Неговата моќ не била доволна, му требала и моќта на религијата која што некогаш ја учел и забранил по неговото доаѓање на власт. Една од најдобро чуваните тајни од периодот за време на Втората Светска Војна е и фактот дека и самиот Сталин понекогаш се молел на Семоќниот Бог кој некогаш го отфрлил.

Победата во војната преминала на страна на советските сили меѓу другото и поради тоа што Сталин, за разлика од Хитлер, ги слушал советите на неговите генерали и научил од сопствените грешки. Типичната разлика која донела победа помеѓу нив двајцата била во пристапот. Сталин на состанок со советскиот воен команден врв би издал наредба, но подоцна би ја повлекол истата доколку неговите генерали не се согласувале со него. Хитлер, од друга страна сметал дека секогаш е во право. Во текот на Втората Светска Војна, која кај советскиот народ (а и во денешна Русија кај рускиот народ) станала позната како Голема Патриотска Војна и како Голема Татковинска Војна, веќе до 1942 биле сменети повеќето воени функционери кои што биле поставени на функции за време на чистките во 1930-те и заменети со офицери со пониски ранкови и независни од партијата, но со поголемо и побогато воено искуство. До крајот на Втората Светска Војна ниту еден недоволно способен генерал не останал на својата функција, без разлика колку бил близок со советскиот лидер.

Опсадата на Ленинград до денешен ден важи за една од најкрвавите и најдолгите опсади на сите времиња. Хитлер намерно не го окупирал градот, туку наредил истиот да биде заобиколен, така што никој не би можел да влезе или излезе од него. Целта на Хитлер била жителите на Ленинград да изумрат од глад, студ и болести. Сталин можел да го евакуира градот, но не го дозволил тоа. Наредил сите жители да се бранат до последниот човек. Докази за крвавата опсада на Ленинград до денешен ден се места каде што имало масовни гробници каде што жителите ги закопувале безживотните тела на своите сакани, блиски и соседи, за да не дојде до ширење на болести.

Сталин, лидерот на Советскиот Сојуз за време на оваа војна не поштедил никого. Неговите генерали имале дозвола да ги обесат сите осомничени за дезертерство кои што се изгубиле во шумите, па се вратиле. Исто така офицерите поставени на функции за време на чистките од 1930-те ја демонстрирале својата воена неспособност за време на војната, стрелајќи ги во очај сопствените војници кои се повлекувале, за да го избегнат првичниот оган од страна на непријателот, поради што подоцна и биле сменети. Сталин, лидерот на Советскиот Сојуз за време на оваа војна не го поштедил ни својот најстар син, Јаков, за кого германските сили нуделе да го заменат за германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, кој се предал во Битката за Сталинград. Напротив, дозволил неговиот син да умре во заробеништво. Уште еден голем дел од руската трагедија за време на сталиновиот режим бил фактот дека во Црвената Армија биле регрутирани и робијаши од гулазите. Оние од нив кои што го дочекале победоносниот крај на војната, повторно биле враќани во гулазите. Исто така за време на војната цели семејства од териториите окупирани од страна на Советскиот Сојуз биле депортирани во гулазите во Сибир. Најпознати се примерите за кулаците и целите семејства депортирани од Полска во Сибир со цел да ја помогнат советската индустрија и воената машинерија преку присилно експлоатираниот труд во гулазите. Исто така, во 1940 година во Катинскиот масакр, во Катинската шума во Русија, биле стрелани околу 1.803 (став на официјална Москва) до 21.768 (став на официјална Варшава) полски затвореници и воени заробеници, главно полски воени офицери, акт предложен од страна на Лаврентиј Берија, а подоцна прифатен и овластен од страна на Сталин.[60][61][62]

Бруталноста на Сталиновиот режим и терор за време на Втората Светска Војна биле забележани од страна на Хитлер, кој по навлегувањето на германските сили во Катинската шума во 1941 година за време на германската инвазија на Советскиот Сојуз и по откривањето на Катинскиот масакр од 1940 година на јавноста, коментирал:

"Сталин е полу ѕвер, полу џин. Од социјална гледна точка на животот, тој е целосно поинаков. Луѓето можат да изгнијат, што се однесува до неговата грижа за нив."

Во западните земји, Сталин бил познат под прекарите "Вујко Џо Сталин" и "Кремљскиот планинарец". Во 1939 и во 1942 Сталин бил избран за "Личност на годината" од страна на американскиот "Тајм" магазин.[63]

На Конференцијата во Јалта во февруари 1945 година Сталин ветил дека ќе влезе во војна со Јапонија неколку месеци по поразот на Германија. На Конференцијата во Подстам, која се одржала од 16 јули до 2 август 1945, претседателот на САД, Хари Труман го информирал Сталин дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш никогаш не постоела ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.

Подоцна, на 6 август 1945 година, САД ја исфрлиле првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, а потоа и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки на 9 август 1945 година. На 9 август 1945 година, Советскиот Сојуз ја почнал Советската инвазија на Манџурија, која завршила на 20 август 1945 година со одлучна победа на советските сили. По ова Јапонија капитулирала на 2 септември 1945 година, со што и официјално завршила Втората Светска Војна, а САД верувале дека Советскиот Сојуз нема да има никакви придобивки од победата во војната на Далечниот Исток.

Кратко по бомбардирањата, Сталин протестирал до САД дека им понудиле мало влијание во Јапонија. По ова Труман и неговиот кабинет дознале дека советските разузнавачки служби одамна имале уфрлено свои шпиони во американската воена индустрија, во американскиот воен врв, односно во самиот Пентагон по што станало јасно дека Сталин многу поодамна знаел за атомската бомба уште пред Труман да му каже. Гневот од недовербата помеѓу Сојузниците и брзото нуклеарно вооружување на Советскиот Сојуз благодарејќи на информациите до кои што дошла советската воена индустрија и советскиот воен врв преку шпионите поставени во САД од страна на советските разузнавачки служби се сметаат како главен повод за почетокот на Студената Војна.

Одлучен да ги скрие доказите кои укажувале на големите порази кои ги трпела Црвената Армија во 1941 и во 1942, по Втората Светска Војна, Сталин изјавил дека официјалниот број на загинати војници и цивили во Советскиот Сојуз за време на војната, изнесувал 7 милиони луѓе. По неговата смрт во 1953 година, документи кои до тогаш биле тајни, и биле откриени на јавноста. Со текот на годините, бројот на жртвите растел се повеќе и повеќе, за да кон крајот на 1990-те се констатира дека во Втората Светска Војна животите ги изгубиле над 27 милиони советски граѓани и војници.

Исто така, исплашен поради огромната слава која ја стекнале советските маршали, како Георгиј Жуков, Александар Василевски, Константин Рокосовски, Василиј Чујков и други, Сталин постепено ги праќал маршалите на прекомандување на далечни места низ Советскиот Сојуз, каде што немало многу луѓе и за каде што знаел дека нема да претставуваат било каква политичка или воена закана за него.

Сталин по војната[уреди | уреди извор]

Поради своите политички цели да ја наметне својата волја на новоформираните социјалистички земји и нивните комунистички партии, и незадоволен од владеачкиот систем во Југославија воден од страна на Комунистичката Партија на Југославија и Јосип Броз Тито, Сталин во 1948 година ја вовел Резолуцијата на Информбирото, со која што Комунистичката Партија на Југославија била исфрлена од Информбирото, и ги повикал сите "здрави елементи" во Југославија лојални на марксизмот и ленинизмот да и се спротивстават на државната власт во Југославија предводена од страна на КПЈ и Тито. Поради ова Југославија се оддалечила од источниот блок и се приближила кон западниот блок.

По завршувањето на Корејската војна, Сталин се наоѓал во седумдесетите години од својот живот со многу разрушено здравје. Неговиот главен проблем бил крвниот притисок. Додека бил болен тој примил писмо од др. Лидија Тимашук во коешто пишувало дека група од седум лекари вклучувајќи го и неговиот личен лекар, др. Виноградов, биле вмешани во заговор за убивање на неколку негови сопартијци како и на него. Лекарите кои што биле именувани во писмото биле уапсени и откако биле мачени признале дека биле вмешани во заговор на американските и британските разузнавачки служби. Мнозинството лекари биле Евреи и воопшто немале никаква поврзаност со злосторствата за кои што биле обвинети.[64] Сталин правел подготовки за масовни депортации и погубувања на илјадници Евреи низ Советскиот Сојуз.[65] За него, советските Евреи биле народ кој воопшто немал потреба од тоа да му биде лојален на Советскиот Сојуз, сега кога Евреите можеле да живеат во сопствената новоформирана држава Израел. Во партијата и во Советскиот Сојуз се чувствувале првичните симптоми дека се подготвува реприза на чистките и големиот терор од 1930-те.

Сталин му наредил на Берија, шефот на тајната полиција НКВД, да започне нови чистки во комунистичката партија. Сите членови почнале да паничат затоа што набрзо увиделе дека, како и сите останати претходни кандидати за лидерство на Советскиот Сојуз, така и тие ќе станеле жртви на сталиновите чистки.

Најверојатно никогаш нема да се дознае дали сталиновото "Конечно решение" против Евреите ќе завршело успешно реализирано. Неговата неочекувана смрт во март 1953 година спречила да дојде до нови крвопролевања.

Смртта на Сталин се почесто е предмет на дискусија. Познат е фактот дека на 1 март 1953 година, после заедничка вечера на која што Сталин присуствувал претходната вечер заедно со неговите најблиски соработници Лаврентиј Берија, Георгиј Маленков, Николај Булганин и Никита Хрушчов, не излегол од неговата соба во неговата зимска резиденција (дача) во Кунцево, надвор од Москва. На неговите телохранители ова им делувало нормално бидејќи им станало јасно дека во последно време се почесто станувал подоцна од спиење, а и имале примено наредба да не го вознемируваат. Во 22:00 часот вечерта го нашле на подот во неговата соба и од тука е дојдено до заклучок дека претрпел мозочен удар, поради кој останал парализиран на десната половина.[66][67]

</noinclude>

Берија бил информиран и дошол неколку часа подоцна. Рано во утрото на 2 март 1953 година пристигнале неговите нови лекари, кои ги замениле еврејските лекари кои заедно со видни советски научници, професори и писатели, биле меѓу првите жртви на новите чистки кои што Сталин ги планирал. Ова било уште една голема грешка на Сталин, која што овој пат не ја чинела ништо државната инфраструктура на Советскиот Сојуз, ниту Црвената Армија, за разлика од чистките од 1930-те, кои што придонеле на големо за првичните порази на Црвената Армија на почетокот на нападите на германските сили за време на Втората Светска Војна. Од оваа голема грешка најмногу изгубил Сталин, кој овој пат бил во критична здравствена состојба, а вистинските лекари кои што можеле да му помогнат сега биле во советските затвори. Новите лекари кои што биле предложени од страна на неговите најблиски соработници, а избрани и поставени по негов личен избор не можеле многу да му помогнат.

Преку низа од вонредни изданија на весниците, Советскиот Сојуз ја примил веста дека Сталин е многу болен. Во четири часот во утрото на 6 март 1953 година, било објавено:

“Срцето на другарот којшто ја продолжи генијалноста на Ленин, на мудриот лидер на комунистичката партија и на Советскиот Сојуз, го испушти последниот удар”.

Јосиф Сталин, на 74 годишна возраст починал во 21:50 часот на 5 март 1953 година.[1]

Во 2003 година, група на американски и руски историчари и го објавиле на јавноста нивното мислење дека Сталин можеби бил отруен со Варфарин, моќен отров против глувци, без мирис и вкус, кој ја спречува коагулацијата на крвта, што би можело да предизвика мозочен удар, така што би можел да се користи како смртоносно оружје во тој период.[68]

</noinclude>[69]

Смртта на Сталин се случила во период прифатлив за Берија и повеќето блиски соработници на Сталин, кои што се плашеле дека ќе бидат наредни жртви на сталиновите чистки.[70] Има тврдења дека Сталин се исплашил дека можеби моќта која Берија ја поседувал еден ден ќе ја надминела и неговата. Според мемоарите на Никита Хрушчов, откако Сталин го претрпел мозочниот удар и додека се уште бил на смртна постела, Берија почнал да го критикува, а откако Сталин ги отворил очите и демонстрирал дека е се уште свесен, Берија паднал на колена и почнал да му ја бакнува раката, за откако Сталин повторно ги затворил очите, да стане и да почне да се кара со останатите присутни во просторијата. Според политичките мемоари на министерот за надворешни работи на Советскиот Сојуз, Вјачеслав Молотов, објавени во 1993 година, по смртта на Сталин, Берија му рекол на Молотов: "Сите ве спасив од него" и "Го отстранив", што за многумина претставува признание на Берија дека тој го отрул Сталин.[71]

</noinclude>

Исто така, најнови откриени документи, како и тврдења на неговите некогашни најблиски соработници, тврдат дека Сталин очекувал неговите најнови чистки и теророт кој го подготвувал врз советските Евреи на почетокот на 1950-те, да резултираат со реакција од страна на САД и западните европски држави што би можело да предизвика почеток на нов вооружен конфликт на глобално ниво, односно Трета Светска Војна. За ваквите тврдења како доказ се земаат во предвид фактите дека Сталин наредил да се прават подготовки за заштитување на Москва и на поголемите градови низ Советскиот Сојуз со штит за заштита од воздушни и копнени напади, како и фактот дека бил импресиониран од моќноста и ефектите на хидрогенската бомба, поради што во 1949, правејќи ги подготовките за новите чистки и новиот терор, одлучил да ги поштеди животите на видни советски научници кои се занимавале со нуклеарна физика и други нуклеарни научни области, велејќи му на Берија:

"Да ги оставиме нив на мира".

"Секогаш можеме да ги стреламе подоцна".

Доколку ваквите подготовки за Трета Светска Војна од страна на Сталин навистина се правеле, тогаш со неговата смрт, светот најверојатно бил поштеден и спасен од нуклеарен холокауст.

Политичко наследство на Сталин[уреди | уреди извор]

Неговото тело било измиено од медицинска сестра и изнесено со бела кола до Кремљската мртовечница. Таму се извршила аутопсија и по неа телото било подготвено за трите дена на жалост кои што следеле. Потоа, неговото тело било изложено, а илјадници луѓе чекале да дојдат на ред за да го видат. Гужвата била толку голема, што луѓето се задушувале до смрт. Проценето е дека околу 500 луѓе ги изгубиле своите животи во обид да го допрат, или пак видат Сталин. На 9 март 1953 година, 9 носачи го изнесле ковчегот од холот каде што бил изложен и го поставиле на кочија. Телото со церемонија било однесено на Црвениот плоштад во Москва пред Мавзолејот на Ленин. Биле одржани само три говори, на Маленков, Берија и Молотов. Потоа покриено со црна и црвена свила, балсамираното тело на Сталин било внесено во мавзолејот и поставено веднаш до Ленин. На пладне, низ Советскиот Сојуз се слушнал силен татнеж. Многу сирени, пиштоли, пушки и свирчиња свиреле во чест на Сталин.

Партијата, која по 19-от Конгрес во 1952 година била преименувана во Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз, или КПСС, била дигната на нозе по неочекуваната смрт на Сталин, бидејќи неговиот одреден наследник Андреј Жданов починал уште во 1948 година. Првично изгледало дека него ќе го наследи Георгиј Маленков, кој во 1953 година ја имал поддршката на тајната полиција НКВД. Но 2 години подоцна, тој бил сменет од страна на Никита Хрушчов, кој успеал да го симне Маленков од власт со поддршка на антисталинистичките членови на партијата.

Лаврентиј Берија, кој ги наредил апсењата и убиствата на стотици илјадници невини луѓе по наредба на Сталин, бил уапсен на 26 јуни 1953 година, под сомнение дека соработувал со британските разузнавачки служби. Овој заговор за негово отстранување од функциите кои ги вршел во Советскиот Сојуз бил предводен од страна на Хрушчов и поддржан од страна на Молотов и Маленков. Конечното обвинение против него го обвинувало за предавство, тероризам и противреволуционерни активности. Кога бил осуден, молел на колена за милост, што звучи доста цинично за човек кој немал милостија кон стотици илјадници невини луѓе кои го молеле него за милостија. Берија, заедно со уште 6 други обвинети и осудени негови соработници, биле стрелани на 23 декември 1953 година. Но според други личности, меѓу кои и неговиот син Серго, Берија бил убиен во напад на неговата куќа од страна на советски воени единици на 26 јуни 1953 година. Николај Шверник, член на судот кој го осудил Берија, наводно му рекол на син му на Берија, Серго, дека никогаш не го видел Лаврентиј Берија жив.

Како главен кандидат за наследник на Сталин во текот на борбата за власта која следела во наредните 10 години се докажал Михаил Суслов. Моќта која ја поседувал во 1953 година како шеф на пропагандата, ја користел за вршење на кадровски промени на различни нивоа. Бидејќи не бил заинтересиран да ја превземе власта во свои раце, тој првично му помогнал на Никита Хрушчов да ја превземе власта од Маленков, само за во 1964 да стане водач на крилото во партијата коешто се залагало за менување на Хрушчов и му помогнало на Леонид Брежњев да ја превземе власта.

До својата смрт во 1982 година, Суслов бил недопирливиот идеолог на партијата што го прави вистински наследник на Сталин. Јуриј Андропов и Михаил Горбачов, кои што биле негови луѓе, станале лидери на Советскиот Сојуз по смртта на Суслов во 1982 година.

Гробот на Сталин во Кремљскиот Ѕид.

Три години по смртта на Сталин, на 20-от Конгрес на партијата, Хрушчов одржал говор со кој ја нападнал политиката на Сталин. Хрушчов открил дека Сталин бил виновен за егзекуцијата на илјадници верни членови преку чистки. Она што е цинично во овој говор на Хрушчов е тоа што и тој самиот бил еден од главните одговорни организатори на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те, кој ги организирал чистките и теророт во Украина по наредба на Сталин, а во говорот одговорноста ја префрлал целосно врз Сталин. Неговото отстранување од власта во 1964 се случило, меѓу другото, и поради овој говор. Хрушчов, кој го критикувал својот претходник, бил третиран како наследникот кој му забил нож во грб на својот мртов претходник. Неговото симнување од власта во 1964 и поставувањето на Леонид Брежњев на власт, се смета како повратна реакција кон Хрушчов, кој за разлика од Сталин, жив го дочекал забивањето на нож во грб.

Во наредните месеци после говорот на Хрушчов, илјадници од луѓето кои што биле заробени за време на сталиновиот режим, биле ослободени. Најзабележлив бил писателот Александар Солженицин, чијшто моќен роман “Еден ден од животот на Иван Денисович” станал светски бестселер.

Во 1962 година официјалниот партиски весник објавил поема од поетот Евгениј Јевтушенко која што се викала “Наследниците на Сталин”. Поемата го опишува погребот на Сталин но исто така потенцира дека сè уште ништо не е готово.

По говорот на Хрушчов, имало обиди да се избрише Сталин од Советскиот Сојуз. Статуите, спомениците и портретите на Сталин биле отстранети од јавните места. Градовите, улиците и сите паркови кои биле именувани во негово име биле преименувани. Градот Сталинград бил преименуван во Волгоград. Телото на Сталин било извадено од Мавзолејот на Ленин на 31 октомври 1961 година, по што било закопано во Кремљскиот Ѕид.

Иако површните аспекти на животот на Сталин биле отстранети, системот којшто тој го составил останал. Сталин создал државен апарат којшто ги штител тие кои биле на власт. Тоа бил систем којшто советските владетели после него биле многу среќни што го имаат бидејќи со него избегнувале многу прашања. Писателите како Александар Солженицин и Евгениј Јевтушенко биле слободни да го критикуваат Сталин, но не и оние кои се моментално на власт. Вишокот од сталинизмот бил отстранет, но структурата на тоталитарната држава останала се до доаѓањето на Михаил Горбачов на власт во Советскиот Сојуз во осумдесеттите години од дваесеттиот век.

Видете исто така и[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Although there is an inconsistency among published sources about Stalin's year and date of birth, Iosif Dzhugashvili is found in the records of the Uspensky Church in Gori, Georgia as born on 18 December (Old Style: 6 December) 1878. This birth date is maintained in his School Leaving Certificate, his extensive tsarist Russia police file, a police arrest record from 18 April 1902 which gave his age as 23 years, and all other surviving pre-Revolution documents. As late as 1921, Stalin himself listed his birthday as 18 December 1878 in a curriculum vitae in his own handwriting. However, after his coming to power in 1922, Stalin changed the date to 21 December 1879 (Old Style date 9 December 1879). That became the day his birthday was celebrated in the Soviet Union.„Prominent figures“. State and Power in Russia. http://state.rin.ru/cgi-bin/persona_e.pl?id=4140&id_subcat=6&r=8. конс. 19 јули 2008. 
  2. Wheatcroft, S. G.; Davies, R. W.; Cooper, J. M. (1986). Soviet Industrialization Reconsidered: Some Preliminary Conclusions about Economic Development between 1926 and 1941. 39. Economic History Review. стр. 264. ISBN 978-0-7190-4600-1. http://books.google.com/?id=m-voAAAAIAAJ&dq. 
  3. 3,0 3,1 Getty, Rittersporn, Zemskov (1993). Victims of the Soviet Penal System in the Pre-War Years: A First Approach on the Basis of Archival Evidence. „The American Historical Review“ 98 (4): 1017–1049. doi:10.2307/2166597. http://home.ku.edu.tr/~mbaker/cshs522/GettyNumbers.pdf. 
  4. „Ukraine – The famine of 1932–33“. Encyclopædia Britannica. http://www.britannica.com/eb/article-275913/Ukraine. конс. 26 јуни 2008. 
  5. Gleason, Abbott (2009). A Companion to Russian History. Wiley-Blackwell. p. 373. ISBN 1-4051-3560-3
  6. Weinberg, G.L. (1995). A World at Arms: A Global History of World War II. Cambridge University Press. стр. 264. ISBN 0-521-55879-4. 
  7. Rozhnov, Konstantin, Who won World War II?. BBC.
  8. Superpower politics: change in the United States and the Soviet Union Books.Google.com
  9. According to Ellman, although the 1946 drought was severe, government mismanagement of its grain reserves largely accounted for the population losses. Ellman, Michael (2000). The 1947 Soviet Famine and the Entitlement Approach to Famines. „Cambridge Journal of Economics“ 24 (5): 603–30. doi:10.1093/cje/24.5.603. http://www.paulbogdanor.com/left/soviet/famine/ellman1947.pdf. 
  10. How Russia faced its dark past, BBC News (5 март 2003)
  11. "Russian youth: Stalin good, migrants must go: poll", Reuters (25 јули 2007)
  12. "The Big Question: Why is Stalin still popular in Russia, despite the brutality of his regime? ", The Independent (14 мај 2008)
  13. "Josef Stalin: revered and reviled in modern Russia", The Telegraph (15 јуни 2012)
  14. Simon Sebag Montefiore, Young Stalin, page 23
  15. Montefiore, Young Stalin, p. 261
  16. Philip Pomper. Lenin, Trotsky and Stalin (NY: Columbia UP, 1990) 158-163 and Robert C. Tucker, Stalin as Revolutionary (NY: Norton, 1973) 79-82.
  17. Medvedev, Let History Judge, p. 29
  18. Koba the Dread, p. 133, ISBN 0-7868-6876-7; Stalin: The Man and His Era, p. 354, ISBN 0-8070-7001-7, in a footnote he quotes the press announcement as speaking of her "sudden death"; he also cites pp. 103–105 of his daughter's book, Twenty Letters to a Friend, the Russian edition, New York, 1967
  19. Historical Notes: The Death of Stalin's Son“, „Time“, 1 март 1968 (конс. 7 мај 2010).
  20. Butler, Desmond. „Ex-Death Camp Tells Story of Nazi + Soviet Horrors“, „New York Times“, 17 декември 2001.
  21. Montefiore 2004, p. 11.
  22. Douglas Martin. „Lana Peters, Stalin's Daughter, Dies at 85“, ноември 28, 2011 (конс. 25 ноември 2011). „At her birth, on февруари 28, 1926, she was named Svetlana Stalina, the only daughter and last surviving child of the brutal Soviet tyrant Josef Stalin. ... Ms. Peters died of colon cancer on ноември 22 in Richland County, Wis., the county’s corporation counsel, Benjamin Southwick, said on Monday...“
  23. „Stalin's daughter Lana Peters dies in US of cancer“. ноември 28, 2011. http://www.bbc.co.uk/news/world-us-canada-15931683. 
  24. Stalin grandson found in Siberia“, „BBC“, 27 март 2001 (конс. 28 ноември 2011).
  25. Service, Robert (2005) Stalin: A Biography. p. 172 ISBN 978-0-330-41913-0
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 Service, Robert (2005) Stalin: A Biography, ISBN 978-0-330-41913-0
  27. 27,0 27,1 Montefiore 2004
  28. Kulchytsky, Stanislav and Yefimenko, Hennadiy (2003) Демографічні наслідки голодомору 1933 р. в Україні. Всесоюзний перепис 1937 р. в Україні: документи та матеріали (Demographic consequence of Holodomor of 1933 in Ukraine. The all-Union census of 1937 in Ukraine), Kiev, Institute of History
  29. Wheatcroft, Stephen G. (2001) "О демографических свидетельствах трагедии советской деревни в 1931—1933 гг." (On demographic evidence of the tragedy of the Soviet village in 1931–1833), "Трагедия советской деревни: Коллективизация и раскулачивание 1927–1939 гг.: Документы и материалы. Том 3. Конец 1930–1933 гг.", Российская политическая энциклопедия, ISBN 5-8243-0225-1, p. 885, apendix 2
  30. „The famine of 1932–33“. Ukraine: Britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/612921/Ukraine/30078/Soviet-Ukraine#ref=ref404577. конс. 25 јуни 2010. 
  31. Kyiv court accuses Stalin leadership of organizing famine, Kyiv Post (13 јануари 2010)
  32. Ukraine court finds Bolsheviks guilty of Holodomor genocide, (13 јануари 2010)
  33. "Ukraine Irks Russia With Push to Mark Stalin Famine as Genocide". Bloomberg.com. 3 јануари 2008
  34. Robert C. Tucker, Stalin in power: the revolution from above, 1928-1941. W.W. Norton, 1992, ISBN 0-393-30869-3; p. 260
  35. Brackman 2001, p. 204.
  36. „Newseum: The Commissar Vanishes“. http://www.newseum.org/berlinwall/commissar_vanishes/vanishes.htm. конс. 19 јули 2008. 
  37. Brackman 2001, pp. 205–6.
  38. Figes, Orlando The Whisperers: Private Life in Stalin's Russia, 2007, ISBN 0-8050-7461-9
  39. Kershaw, Ian and Lewin, Moshe (1997) Stalinism and Nazism: Dictatorships in Comparison, Cambridge University Press ISBN 0-521-56521-9, p. 300
  40. Kuper, Leo (1982) Genocide: Its Political Use in the Twentieth Century, Yale University Press, ISBN 0-300-03120-3
  41. Overy 2004, p. 182.
  42. Fitzpatrick, 165
  43. The scale of Stalin's purge of Red Army officers was exceptional—90% of all generals and 80% of all colonels were killed. This included three out of five Marshals, 13 out of 15 Army commanders, 57 of 85 Corps commanders, 110 of 195 divisional commanders and 220 of 406 brigade commanders as well as all commanders of military districts: p. 195, Carell, P. (1964) Hitler's War on Russia: The Story of the German Defeat in the East. translated from German by Ewald Osers, B.I. Publications New Delhi, 1974 (first Indian edition)
  44. Soviet Readers Finally Told Moscow Had Trotsky Slain. Published in the New York Times on 5 јануари 1989. Retrieved 4 октомври 2007.
  45. Overy 2004, p. 338.
  46. Roberts 1992, pp. 57–78.
  47. Roberts 2006, p. 43.
  48. Sanford, George (2005). Katyn and the Soviet Massacre Of 1940: Truth, Justice And Memory. London, New York: Routledge. ISBN 0-415-33873-5. 
  49. Wettig 2008, pp. 20–21.
  50. Senn, Alfred Erich, Lithuania 1940 : revolution from above, Amsterdam, New York, Rodopi, 2007 ISBN 978-90-420-2225-6
  51. Montefiore 2004, p. 334.
  52. Kennedy-Pipe, Caroline, Stalin's Cold War, New York: Manchester University Press, 1995, ISBN 0-7190-4201-1
  53. Roberts 2006, p. 89.
  54. Harthoorn, R. (2011) Vuile oorlog in Den Haag (Dirty war in The Hague), ISBN 978-90-75879-48-3, p. 96
  55. Roberts 2006, p. 67.
  56. Ferguson, Niall. „Stalin's Intelligence“, „The New York Times“, 12 јуни 2005 (конс. 7 мај 2010).
  57. Roberts 2006, p. 68.
  58. Murphy 2006, p. xv.
  59. Yakovlev, Alexander; Anthony Austin (2004). A Century of Violence in Soviet Russia. New Haven, Connecticut: Yale University Press. ISBN 0-300-08760-8. http://yalepress.yale.edu/yupbooks/book.asp?isbn=0300103220. 
  60. George Sanford, Katyn and the Soviet massacre of 1940: truth, justice and memory, Routledge, 2005, ISBN 0-415-33873-5 pp. 20–24
  61. Benjamin B. Fischer, "The Katyn Controversy: Stalin's Killing Field", Studies in Intelligence, Winter 1999–2000
  62. „Stalin's Killing Field“ (PDF). https://www.cia.gov/library/center-for-the-study-of-intelligence/kent-csi/vol43no3/pdf/v43i3a06p.pdf. конс. 19 јули 2008. 
  63. Time Magazine, Josef Stalin, 4 јануари 1943
  64. Ro'i, Yaacov, Jews and Jewish Life in Russia and the Soviet Union, Routledge, 1995, ISBN 0-7146-4619-9, pp. 103–6
  65. Encyclopædia Britannica, The Doctors' Plot, 2008
  66. Последняя тайна Сталина“, BBC, 25 февруари 2003.
  67. Montefiore 2004, p. 634.
  68. Brent & Naumov 2004.
  69. Faria, M (2011). Stalin's mysterious death. „Surgical Neurology International“ 2 (1): 161. doi:10.4103/2152-7806.89876. ISSN 2152-7806. http://www.surgicalneurologyint.com/article.asp?issn=2152-7806;year=2011;volume=2;issue=1;spage=161;epage=161;aulast=Faria. 
  70. Montefiore (2004) p. 548: ”Stalin was ‘afraid of Beria’, thought Khrushchev, ‘and would have been glad to get rid of him but didn’t know how to do it.’ Stalin himself confirmed this, sensing that Beria was winning support...”. Cf. Nikita Khrushchev, Khrushchev remembers, 1971, pp. 250, 311
  71. Montefiore 2004, p. 571.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg