Прејди на содржината

Иван V (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван V
Цар на цела Русија
На престол7 мај 1682 - 8 февруари 1696
Крунисување25 јуни 1682
ПретходникФјодор III
НаследникПетар I
Жена
ДецаМарија Ивановна
Теодосија Ивановна
Катерина Ивановна
Ана Ивановна
Прасковија Ивановна
ТаткоАлексеј I
МајкаМарија Милославскаја

Иван V Алексеевич (руски:Иван V Алексеевич) (роден на 6 септември 1666 во Москва - починал на 8 февруари 1696 во Москва) бил цар на Русија, заедно со својот полубрат Петар I од 1682 до 1696. Тој бил најмладиот син на Алексеј I и Марија Милославскаја. Неговата функција била само формална, бидејќи тој имал психички и физички недостатоци, па дури седел со часи, поради неможноста сам да стане и да оди.