Даниел Московски
Даниел Московски | |
---|---|
Московски кнез | |
На престол | 1263—1303 |
Претходник | - |
Наследник | Јуриј III |
Роден(а) | 1261 Москва |
Починал(а) | 5 март 1303 Москва, Големо московско кнежевство |
династија | Рурик |
Татко | ?Александар Невски |
Мајка | Maria |
Даниел Московски бил кнез на Москва во периодот од 1263 година. Тој бил син на Александар Невски и прв кнез на Москва.
Данаил бил најмладиот син на Александар Невски, големиот кнез на Владимир, Новгород и Москва. Според традицијата, неговиот татко ја разделил својата територија на своите синови. Тој, како најмал го добил најмалото и тогаш неважно кнежевство Москва кога по смртта на Невски, Даниел станал официјален владетел.
Во првите осум години управувал неговиот чичко Јарослав III. По смртта на Јарослав, Даниел водел војни против своите браќа Димитриј и Андреј III за управување на големото кнежевство Владимир. И покрај неуспехот во овие војни, во 1300 година го заробил кнезот на Рјазањ и добил територијални проширувања а во 1302 година починал Иван Переславски кој не оставил наследник, туку во својот тестамент напишал дека му ги отстапува неговите територии на својот роднина од Москва.
Во 1303 година Даниел починал.
|