Прејди на содржината

Дмитриј Медведев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дмитриј Медведев
Дми́трий Медве́дев
Дмитриј Медведев

Портрет на Дмитриј Медведев


Мандат
7 мај 2008 – 7 мај 2012
Претходник Владимир Путин
Следбеник Владимир Путин

Роден 14 септември 1965
Ленинград, СССР
Сопружник Светлана Медведева
Професија дипломиран правник
Религија православен христијанин
Потпис
Претседатели на Русија

Дмитриј Анатолјевич Медведев (руски: Дми́трий Анато́льевич Медве́дев) — повеќекратен премиер и еднократен претседател на Русија, стопанственик, со голема политичка улога во Руската Федерација (РФ). Во текот на 2005 година бил назначен за прв вицепремиер на владата на Русија. По 2000 година на двапати бил претседател на советот на директорите на „Газпром“. Во 2007 година партијата „Единствена Русија“ го кандитирале за претседател на изборите во март 2008 година, а од друга страна и Владимир Путин му дал поддршка. Така, на изборите, одржани на 2 март 2008 година со 70,28 % (52 530 712) од избирачките гласови Медведев е избран за претседател на Русија.