Газпром
Oснована | 1989 |
---|---|
Седиште | Москва, Русија |
Клучни личности | Виктор Зупков, Алексеј Милер |
Дејност | Гасна индустрија |
Услуги | земен гас нафта петрохемиски производи |
Приходи | ▲ 153,0 милијарди долари (2012) |
Нето приход | ▼ 38,7 милијарди долари (2012) |
Сопственик | Влада на Русија (50,01%) |
Вработени | 393.000[1] |
Портал | http://www.gazprom.com |
ОАО „Гаспром“ (Отворено акционерско друштво „Газпром“) — најголем производител на земен гас во светот и најголемо претпријатије во Русија. Гаспром настанал во 1989 година, кога Министарството за гасна индустрија на Советскиот Сојуз било трансформирано во корпорација. Компанијата подоцна била делумно приватизирана, но и натаму руската влада има контролен удел.
Во 2008, компанијата произвела 549,7 милијарди кубни метри гас, што изнесува околу 17% од светското производство на гас. Поред тоа, компанија произвела 32 милиони тони нафте и 10,9 милиони тони кондензат за гас. Производството на Гаспром чини 10% од бруто домашниот производ на Русија во 2008 година.
Најголем дел од гасните полиња на Гаспром се наоѓале околу заливот Об во Јамало-Ненецкиот автономен округ во западен Сибир, а се очекува дека Јамалскиот Полуостров ќе стане главна област за производство на гас во иднина. Гаспром има најголема мрежа за транспорт на гас во светот, со 158.200 километри гасовод.
Освен нафта и гас, исто така се занимава и со банкарство, осигурување, медиуми, градежништво и земјоделство.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Газпром“ на Ризницата ? |
|