Економија на Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Економија на Русија
Податотека:Московский международный деловой центр «Москва-Сити» 14 јули 2014.jpg
Московскиот меѓународен деловен центар
Ранг11-ти / 6-ти (ПКМ)
Валутаруска рубља (RUB)
Фискална годинакалендарска година
Трговски организацииЗНД, APEC, EURASEC, Г-20, Г-8 и др.
Статистика
БДП$1,465 трилиони (2010) - десетти [1] $2,222 трилиони - шесто [2]
Пораст на БДП4,9% (2011) [3]
БДП/жит.$10.521 (2010) - 54-ти[1] $15.807 (2010) - 51-ви[1]
БДП по секторЗемјоделство: (4%), индустрија (36.8%), услуги (59,1%) (2010)[4]
Инфлација7,2% (септември 2011)[5]
Сиромашно население13 % (2010)
Работна сила75,55 милиони (2010)
Работна сила
по занимање
земјоделство (10%), индустрија (31,9%), услуги (58,1%) (2008)
Стапка на невработеност6,7% (ноември 2010)[6]
Просечна нето плата700 $, месечно (2010)[7]
Водечки индустриирударство и индустрии за производство на јаглен, нафта, гас, хемикалии, и метали, сите форми на Машинско инжинерство од валавници со високи перформанси авиони и просторни возила; одбранбена индустрија вклучувајќи радар, ракетно производство, како и напредни електронски компоненти, бродоградба ; патничка и железничка транспорта опрема; комуникациска опрема; земјоделски машини, трактори, и градежна опрема, електрична енергија за генерирање и предавателна опрема; медицински и научни инструменти, текстил, прехранбени производи, ракотворби
Ранг според Индекс на леснотија123-ти[8]
Надворешност
Извоз$376,7 милијарди (2010)
Извозни добранафта и нафтени производи, природен гас, метали, дрво и дрвни производи, хемикалии, и широк спектар на цивилно и воено производство
Главни извозни партнериХоландија 10,62%, Италија 6,46%, Германија 6,24%, Кина 5,69%, Турција 4,3%, Украина 4,01% (2009)
Увоз$237,3 милијарди (2010)
Увозни добрамашини, возила, фармацевтски производи, пластика, полуготови метални производи, месо, овошје и ореви, оптички и медицински инструменти, железо, челик
Главни увозни партнериГерманија 14,39%, Кина 13,98%, Украина 5,48%, Италија 4,84%, САД 4,46% (2009)
Бруто надворешен долг$471,6 милијарди (2010)
Јавни финансии
Јавен долг9,5% (2010)
Приходи$202,7 милијарди (2009)
Расходи$301,4 милијарди (2009)
Кредитен рејтинг
Девизни резервиUS$502,496 милијарди (2011)[11]
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА
Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари

Економијата на Русија е единаесетта по големина економија во светот според номиналната вредност на БДП и шестата по големина според куповната моќ[1]. Русија има изобилство на природен гас, нафта, јаглен и скапоцени метали.

Русија претрпела значителни промени по распадот на Советскиот Сојуз. Економските реформи во 1990-тите и брзата приватизација, довело до создавање на група од олигарси кои поседувале огромен капитал. Во главниот град, Москва, живеат повеќе милијардери од секој друг град во светот.[12][13]

Кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, Русија ја доживеала првата рецесија по 10 години од зголемувањето на економијата, сè додека додека не бил прикажан раст ан економијата во периодот од 2009 и 2010. И покрај длабоката но кратка рецесија, економијата на земјата не била погодена од Големата финансиска глобална криза во споредба со другите земји од Европа.

Денеска, Русија може да се одликува како индустриско-аграрна земја со пазарна економија. Во последните 10 години Русија го одржува големиот економски раст, просечно 7% годишно по големата криза во 1998. БДП се изнесува $ 2,225 трилиони за 2008 година. Според овој показател, пред Русија се наоѓаат Велика Британија, Германија, Индија, Јапонија, Кина и САД. Економскиот раст се заснова како на зголемените цени на минерали, нафта и гас на светските пазари, така и на зголемената внатрешна трговија со основни производи. За 2011 просечната плата во Русија е околу $ 709 месечно, кое покажува зголемување за околу осум пати, во споредба со 2000 година, кога била само $80 месечно, за 2009 - $ 621 за 2010 - $ 700.

Сектори[уреди | уреди извор]

Селско стопанство[уреди | уреди извор]

Земјоделството или селското стопанство ги задоволува потребите на земјата со најмногу потребните производи, и зазима 10,2% од БДП. Русија има постигнато аграрна независност. Во земјата се произведува пченица, овес, јачмен, просо, ’рж, пченка, ориз, грашок, шеќерна репка, лен, сончоглед, компир, овошје и зеленчук. Присуството на црничните (черноземни) почви е погодно за развојот на сите видови житни култури. Исто како сите други стопански гранки, земјоделството претрпило колапс по распадот на СССР и укинувањето на колективните фарми, но лесно достапните кредити за земјоделците и брзиот развој на економијата помагнале за активно враќање на земјоделската дејност.

Просечен приход по глава на жител во Русија во долари, 1995–2015.

Во Русија е развиено и сточарството. Во земјата се одгледуват говеда, свињи, кози, северни елени, птици и слично. Како целина земјоделството е со релативно ниска продуктивност, но се забележува напредок во последниве години.

Индустрија[уреди | уреди извор]

Руската Федерација располага со огромни резерви на сите видови минерали и минерали. Во земјата се преработува злато, сребро, платина, железна руда, боксит, бакар, никел, олово, цинк, калај, волфрам, молибден, жива, фосфорити, скапоцени камења и др. Русија се наоѓа на првото место во светот според производство и преработка на дијаманти. Околу 10% од населениете, квалификувано за оваа дејност е вработено во областа на металургијата. Металуршките дејности обезбедуват доволно суровини за целосен развој на сите видови индустриски гранки.

Исто така, во земјата е развиена хемиската индустрија, иновирање на машини (воени и вселенски, индустриска опрема, морски и речни бродови, авиони, автомобили, автобуси, трактори и други земјоделски машини, електроника и електротехника, атомски реактори, железнички вагони и локомотиви и др.)

Енергетика[уреди | уреди извор]

Русија е енергетска велесила и ги поседува најголемите резерви на природен гас во светот. Русија исто така поседува и големи нафтени резерви. Според ова, најголема обработка во земјата е нафтата (13% од светските резерви, 306 милиони тони годишно производство), природниот гас (36,4% од светските резерви, 571 милијарди м3, годишно) и јагленот (245 милиони тони годишно).

Еден од најголемите потрошувачи на руски гас е Европа, која која се снабдува со гас преку гасовод. Некои земји, како Бугарија и Финска, употребуваат гас само од Русија. Кина, Јужна Кореја и Јапонија од своја страна се едни од најголемите потрошувачи на руската нафта. Во земјата постојат 11 атомски централи со вкупно 32 јадрени реактори. Во 2005 година капацитетот на јадрените реактори бил вкупно 21,244 гигавати. Во истата година вкупното производство на електрична енергија изнесувала 951 теравати, и според овој податок Русија се наоѓа на четврто место во светот. Русија располага и е на второ место според оваа категорија со јаглен, чија вредност е околу 157 милијарди тони. Геотермална енергија исто така е развиена, особено во Далечниот Исток и Камчатка. Во 2003 година, руската влада одобрила нова енергетска стратегија, со цел модернизација, подобрување на ефикасноста на мрежата, намалување на штетата врз животната средина и постигнување на одржлив развој до 2020 година.

Одбранбена индустрија[уреди | уреди извор]

Одбранбена индустрија на Русија вработува околу 3 милиони луѓе, или околу 20% од работните места во земјата.[14].Русија се наоѓа на второто место во светот според приходите од извоз на оружје и прва според бројот на склучените договори за испорака на оружје[15].Рособоронекспорт е главната компанија која го извезува оружјето. Во 2010 година, вкупниот руски извоз на оружје изнесувал 10 милијарди долари.

Авионска индустрија[уреди | уреди извор]

Производството на авиони претставува важен индустриски сектор во Русија, кој сектор вработува околу 355.300 луѓе. Овој вид на производство на меѓународно ниво нуди воени авиони од типот Миг-29 и Су-30. Покрај тоа, овој сектор произведува над 141 хеликоптер. Производството и вредноста на овој сектор далеку ги надминува другите индустриски сектори, и производството на авиони сочинува повеќе од половина од извозот на оружје во земјата[16].

Вселенска индустрија[уреди | уреди извор]

Вселенскиот сектор се состои од повеќе од 100 компании и вработува 250.000 луѓе[17]. Поголемиот дел од овие компании се наследници на советските компании. Овој сектор влегол во голема економска криза по распаѓањето на Советскиот Сојуз, Финансирањето на вселенската програма се намалила за 80% и индустријата загубила голем дел од својата работна сила, додека подемот започнал во раните 2000-ти.

Автомобилска индустрија[уреди | уреди извор]

Автомобилското производство претставува значаен дел од руската економија, каде се вработени околу 600,000 луѓе или околу 0,7% од вкупниот број на вработени во земјата. Покрај овој процент, околу 3 милиони луѓе се вработени во сродни претпријатија поврзани со автомобилската индустрија. Во 2010 година, Русија се наоѓа на 15 место во светот според производството на автомобили во 2010 година, и зазима 7% од вкупното светско производство. Во текот на 2009 година биле произведени 595,807 лесни возила, што претставувало намалување на процентот во однос на 2008 година кога биле произведени 1,469,898 лесни возила. Сето ова се должело на глобалната финансиска криза која го зафатила секој сектор како во земјата така и во светот.

Лесни возила[уреди | уреди извор]

Најголеми компании за производство на лесни возила се АвтоВаз и ГАЗ, додека КАМАЗ е водечки производител на тешки возила. АвтоВаз има вработено околу 130,000 луѓе, а моделите на Лада доминираат на рускиот пазар. Производството на АвтоВаз зазема околу 50% од вкупното руско производство на автомобили.[18]. Втор најголем производител на автомобили е Автотор, чие седиште се наоѓа во Калинградска област. Оваа компанија произведува странски модели како Kia Motors, BMW, General Motors и Chevrolet. Во 2009 година, Автотор имал производство од 60,000 автомобили, односно 10% од руското производство на автомобили[18]. Автофрамос е трет по големина производеител на автомобили, со околу 49,500 во 2009 година. Компанијата е во заедничка сопственост на Renault и московската градска администрација[18].

Тешки возила[уреди | уреди извор]

КАМАЗ е најголемата компанија за производство на тешки возила. Во 2010 година биле продадени вкупно 32,293 камиони, од кои 28,254 биле во земјата а 4,039 во странство[19].

Друга голема компанија од ваков тип е ГАЗ, која произведува комбиња, камиони и автобуси. Најпопуларен производ на компанијата е ГАЗЕЛА. Во автобускиот сектор, компанијата зафаќа 77% од вкупниот број на произведени автобуси во земјата. Годишно се продаваат по 6,169 автобуси со мала класа, 1,806 со средна и 1,156 со голема класа[20].

Телекомуникации[уреди | уреди извор]

Русија била меѓу првите земји кои го вовеле радиото и телевизијата. Главно поради огромната територија на земјата, Русија води во светот според бројот на телевизиски станици и репетитори. Во времето на Советскиот Сојуз постоеле само неколку телевизии и радија, за да по неговиот распад започне да се отвора огромен број на приватни и државни телевизии и радиостаници.

Во текот на телекомуникациската историја во земјата, самиот систем бил подложен на значајни промени во текот на 1980-тите години кое резултирало со добивање на дозвола на повеќе од 1,000 компании да започнат да ги нудат своите телекомуникациски услуги Фондацијата за либерализација на емитувањето била потпишана со декрет од страна на претседателот на СССР во 1990 година. Комуникациските политики во земјата главно се регулираат според законот за телекомуникации и федералниот закон за медиуми.

Телефон[уреди | уреди извор]

Во денешно време, телекомуникациите претставуваат еден од најважниот дел во животото на земјата. До крајот на 1991 година, единствениот фиксен телефонски оператор во земјата бил Министерството за комуникации на СССР. Во 2007 година имало околу 5 милиони линии во Русија[21]. Во 2006 година во земјата делувале околу 300 оператори. Во 1995 година, во земјата имало околу 25 милиони телефонски линии, а во 2007 година имало 161 милион мобилни линии.

Во Русија постојат три мобилни оператори кои ја покриваат целата земја: Beeline, Megafon и Mobile TeleSystems. Во мај 2008 година била воведена 3G модилна операција во Санкт Петербург, во Казан во јуни истата година. До 2010 година 3G мрежите биле опфатени главно во поголемиот дел од Русија.

На април 2011 година MegaFon вовел High Definition говорни услуги на своите корисници во Москва и Сочи. Како главен снабдувач на основни и пристапни мрежи на MegaFon е Nokia Siemens Networks.

Радио[уреди | уреди извор]

Радио Русија е една од најголемите радиостаници во земјата.

Телевизија[уреди | уреди извор]

Во земјата постојат голем број на телевизиски станици. Дел од нив се под контрола на државата, а дел се во приватна сопственост. Двете државни и приватни станици имаат национален статус, поради нивната покриеност со над 70% од територијата на Русија. Историски гледано, во 1980-тите имало околу 75 милиони домаќинства кои имале сопствени телевизори за разлика од денес каде овој процент е околу 93. Во земјата исто така постојат околу 15,000 телевизиски предаватели. НТВ претставува комерцијален канал, и е во сопственост на Гаспром-медија, подружница на Гаспром каде државата поседува 50,002%. Овие три канали често се критикувани поради тоа што наводно биле пристрасни кон партијата Обединета Русија и претседателската администрација на Русија. Тие се критикуваат главно за обезбедување на непропорционално и некритично промовирање на Обединета Русија и нивните кандидати. Каналите сепак, обезбедуваат бесплатно емитување на сите опозициски кандидати на изборите.

Интернет[уреди | уреди извор]

Според анкета спроведена во март 2007 година, околу 25% од населението на Русија користи интернет.[22]. Во последните години, интернетот во земјата бележи многу поголем процент на користење. 42 /5 од интернет корисниците пазаруваат на интернет, 38% пак го користат како е-банкинг услуга[23].

ИТ пазар[уреди | уреди извор]

ИТ пазарот е еден од најдинамичните сектори на руската економија. Извозот на рускиот софтвер се зголемил од само $ 120 милиони евра во 2000 до 1,5 милијарди долари во 2006 година. Од 2000 година ИТ пазарот покажал стапка на раст од 30-40 проценти годишно, пораст од 54% во 2006 година. Најголемат сектор во однос на приходите е мрежната интеграција, со 28,3% од вкупниот пазар на приходите. Во меѓувреме, најбрз растечки сегмент на ИТ пазарот е оф-шор програмирање.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Русија има обемна и добро развиена транспортна мрежа. Државната железничка компанија (Российские железные дороги) е една од најголемите во светот со над 1,2 милиони вработени, и е монопол во железничкиот транспорт во земјата. Железничките линии на Руската Федерација се со вкупна должина од 87,157 километри, на второто место во светот по САД. Транссибирската железница е исто така една од најдолгите линии во светот. Најдолгите железнички правци во светот - Киев-Владивосток и Москва-Пјонгјанг користат транссибирска железничка линија. Преку овој вид на сообраќај, Русија е поврзана со Финска, Естонија, Литванија, Латвија, Полска, Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Монголија и Северна Кореја. Има предлог за изградба на директна врска и со Норвешка и Шведска. Седум градови имаат метро - Москва, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Новосибирск, Самара, Екатеринбург и Казањ.

Вкупната должина на патната мрежа изнесува 933,000 km од кои 754,984 km се асфалтирани. Бројот на сообраќајни несреќи е многу висок, но според бројот на жители, тој е помал во споредба со Кина, Индија и САД. Низ целата земја постојат 1,260 аеродроми и 47 вертолетни терени. Аерофлот е главниот авиопревозник и една од најстарите авиокомпании во светот, основана во 1923 година. Трговската флота изнесува 1,074 бродови. Водните патишта на Русија се со должина од околу 102,000 km.

Должината на гасоводите е близу 160,000 km, на нафтоводот - 75,000 km. Има и цевководи за други видови на производи со вкупна должина од над 14,000 km.

Руската криза[уреди | уреди извор]

Откако избувнала Азиската криза, инвеститорите ширум светот ја загубиле довербата во рубљата и почнале да ги повлекуваат финансиските средства од Русија. Овој одлив на капитал предизвикал притисок за депрецијација на рубљата, а руската централна банка одговорила со преземање интервенции на девизниот пазар купувајќи рубљи. Исто така, таа презела и индиректни интервенции, зголемувајќи каматните стапки со намера да го спречи одливот на капитал. Меѓутоа, таквите напори не успеале и во јули 1998 година, ММФ (со помош на Јапонија и на Светската банка) организирал заем за спас на Русија, вреден 22,6 милијарди долари. Притоа, договорот за заем предвидувал Русија да ги зголеми даночните приходи, да го намали буџетскиот дефицит и да создаде поповолна деловна клима. И во текот на август, Банката на Русија продолжила да интервенира на девизниот пазар за да ја спречи депрецијацијата на рубљата, но на 26 август, таа се откажала од натамошната одбрана на курсот на рубљата, која истиот ден депрецирала за повеќе од 50 % во однос на повеќето валути. Тоа само го зголемила стравот меѓу инвеститорите ширум светот и следниот ден (наречен „крвавиот четврток“) повеќе пазари на акции доживеале голем пад.[24]

Кредитен рејтинг[уреди | уреди извор]

Пролетта 2017 година, агенцијата „Фич“ го потврдила државниот рејтинг на Русија на нивото ВВВ- со „стабилен изглед“.[25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 {{url=http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=922&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=61&pr.y=10%7Ctitle=Russia%7Cpublisher=International Monetary Fund|accessdate=October 2009}}
  2. „GDP PPP“ (PDF). World Bank. Посетено на 29 септември 2010.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-16. Посетено на 2011-10-28.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-22. Посетено на 2011-10-28.
  5. http://www.freshplaza.com/news_detail.asp?id=86920
  6. CEE Market
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-16. Посетено на 2011-10-28.
  8. „Doing Business in Russia 2010“. Светска банка. Посетено на 20 August 2010.
  9. „Sovereigns rating list“. Standard & Poor's. Посетено на 26 May 2011.
  10. 10,0 10,1 10,2 Rogers, Simon; Sedghi, Ami (15 April 2011). „How Fitch, Moody's and S&P rate each country's credit rating“. The Guardian. Посетено на 28 May 2011.
  11. „International Reserves and Foreign Currency Liquidity - RUSSIAN FEDERATION“. International Monetary Fund. 28 April 2011. Посетено на 31 May 2011.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-11. Посетено на 2011-10-27.
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-12-17. Посетено на 2011-10-27.
  14. „Russian defense industry production up 2.5% in 1Q09“. RIA Novosti. 2 June 2009. Посетено на 2 June 2009.
  15. „Russian arms exports exceed $8 bln in 2008“. RIA Novosti. 16 December 2008. Посетено на 6 January 2010.
  16. Manturov, Denis (2009). „Prospects for the Domestic Aircraft Industry“. Military Parade (4): 8–9.
  17. Ionin, Andrey. „Russia's Space Program in 2006: Some Progress but No Clear Direction“. Moscow Defense Brief. Centre for Analysis of Strategies and Technologies (2(#8)). Архивирано од изворникот на 2007-08-27. Посетено на 2011-10-27.
  18. 18,0 18,1 18,2 „Russia's car sector stalls, but foreigners still investing“. Russia Beyond the Headlines. 5 June 2010. Архивирано од изворникот на 2011-10-24. Посетено на 2011-10-28.
  19. „KAMAZ in January“. KaMAZ. 2011-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. „GAZ Group Annual Report 2009“. GAZ Group. 2010.[мртва врска]
  21. „Internet usage statistic“. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2011-10-28.
  22. Project "The Internet in Russia/Russia on the Internet". 18th Release. Winter 2006-2007 Архивирано на 30 септември 2007 г. — FOM 23 март 2007, Population Poll
  23. “Интернет-услуги в России”, GfK Press Release, March 2010
  24. Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 182-183.
  25. Мирослав Саздовски, „Фич го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ниво БББ- со стабилна прогноза“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 72.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]