Александар III Александрович (руски јазик: Александр III Александрович) бил император на Русија и кнез на Финска (1881-1894) од династијата Романов-Холштаин-Готорп. Во текот на неговото владеење дошло до повлекување од т.н. либерална политика, а во однос на надворешната политика Руската Империја се зближила со Франција. Александар III починал во 1894 во Ливадија, а негов наследник бил синот Николај II.