22 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2025 22 јуни — 173-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (174-ти во престапна година). Остануваат 192 дена до крајот на годината. Настани:
| 217 п.н.е. | Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во Битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет). |
| 168 п.н.е. | Четврта македонско-римска војна: Во Битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија. |
| 1633 | Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената. |
| 1815 | Наполеон абдицирал по вторпат по поразот во Битката кај Ватерло. |
| 1889 | Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години. |
| 1941 | Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР. |
| 1976 | Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна. |
| 1978 | Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон. |
Родени:
Починале:
| 1276 | Инокентиј V — римски папа. |
| 1535 | Џон Фишер — англиски римокатолички епископ. |
| 1969 | Џуди Гарланд — американска филмска глумица и пејачка. |
| 1972 | Владимир Дурковиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1987 | Фред Астер — американски глумец и танчер. |
| 1995 | Леонид Дербењов — советски и руски поет. |
| 2004 | Драган Геров — македонски новинар. |
| 2015 | Џејмс Хорнер — американски композитор на филмска музика. |
| 2018 | Вини Пол — американски рок-тапанар, член на групата „Пантера“. |