Синди Лопер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синди Лопер
Синди Лопер во 2022
Роден(а)Синтија Ен Стефани Лопер Торнтон
јуни 22 1953 (1953-06-22) (69 г.)
Њујорк, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
  • активист
Активен период1977–денес
СопружникДејвид Торнтон (в. 1991)
Деца1
Потпис
Страница
cyndilauper.com

Синтија Ен Стефани Лoпер Торнтон, (анг: Cynthia Ann Stephanie Lauper; родена на 22 јуни 1953 година)[1] е американска пејачка, текстописец, актерка и активст.[2] Лопер е позната по својот специфичен имиџ, со различни бои за коса и ексцентрична облека,[3] и по нејзиниот моќен вокал кој покрива четири октави.[4]

Нејзиниот албум She's So Unusual (1983) бил прв дебитантски албум од женски изведувач кој содржи четири топ-пет хитови на Billboard Hot 100 — "Girls Just Want to Have Fun", "Time After Time", "She Bop", and "All Through the Night" — и ѝ ја донел на Лопер наградата за најдобар нов изведувач на 27-то годишно доделување на Греми наградите во 1985 година. Нејзиниот успех продолжи со саундтракот за филмот The Goonies и нејзината втора плоча True Colors (1986).

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

1953–1979: Ран живот[уреди | уреди извор]

Синди Лопер е родена во Бруклин, Њујорк, [5] во католичко семејство. Нејзиниот татко, Фред, имал германско и швајцарско потекло. Нејзината мајка, Катрине (роденото Гало) (1930-2022), [6] била со италијанско потекло (од Сицилија ). Родителите на Лопер се развеле на нејзини пет години.[2]

Лопер како дете ги слушала Битлси и Џуди Гарланд. На 12-годишна возраст почнала да пишува песни и да свири на акустична гитара која ѝ ја подарила нејзината сестра. [7] [8]

Лопер учела во средното училиште во Ричмонд Хил, но била избркана [9] иако подоцна го завршила. [10] [11] На 17 години избегала од дома, за да побегне од својот очув,[12] и со намера да студира уметност. Отпатувала во Вермонт, каде земала часови по уметност.[13] [14] [15] Во 2019 година, Универзитетот Северен Вермонт - Џонсон ѝ доделил почесна диплома, доктор на книжевност.[15]

Во раните 1970-ти, Лопер настапувала како вокал во различни кавер бендови. Еден од нив, Doc West покривал диско песни, како и Џенис Џоплин. Друг бенд пеел хитови од бендови како Bad Company, Jefferson Airplane и Led Zeppelin . Лопер не се задоволила со пеење на преработки.[16] Во 1977 година, Лопер ги оштетила гласните жици и паузирала една година од пеењето. Лекарите ѝ рекле дека повеќе нема да може да пее, но гласот ѝ се вратил со помош на тренерот за вокал, Кејти Агреста.[17]

1980–1982: Blue Angel[уреди | уреди извор]

Во 1978 г., Лопер го запознала саксофонистот Џон Тури и заедно основале бенд со име Blue Angel. Снимиле демо лента со оригинална музика. Стив Масарски, менаџер на The Allman Brothers Band, [18] ја слушнал снимката и му се допаднал гласот на Лопер. Тој за 5.000 долари купил договор со Blue Angel и станал нивни менаџер.[19]

Blue Angel во 1980 потпишал со Polydor Records и го издал истоимениот албум. И покрај признанијата од критиката, албумот се продавал слабо и бендот се распаднал. Членовите на Blue Angel се скарале со Масарски и го отпуштиле како нивен менаџер. Тој подоцна поднел тужба од 80.000 долари против нив, и Лопер банкротирала. [20] По ова, Лопер привремено го изгубила гласот поради циста во гласните жици. [21]

По распаѓањето на Blue Angel, Лопер поради финансиските проблеми, работела како продавачка, келнерка [12] и пеела во локални клубови. Музичките критичари, додека Лопер настапувала со Blue Angel забележале дека нејзиниот глас покрива четири октави и дека има потенцијал да стане голема ѕвезда. [4] Во 1981 година, додека пеела во еден њујоршки бар, Лопер го запознала Дејвид Волф, кој станал нејзин менаџер.[22]

1983–1985: She's So Unusual[уреди | уреди извор]

Лопер во 1985 година

На 14 октомври 1983 година, Лопер го издала својот прв соло албум, She's So Unusual. Албумот станал светски хит, се искачил на 4 место во САД и бил на првите пет места во осум други земји. Лопер станала популарна меѓу тинејџерите и критичарите, малку и поради нејзиниот хибриден панк имиџ. [23]

Лопер се јавува како ко-текстописец на четири песни од She's So Unusual, меѓу кои се хитовите „Time After Time“ и „She Bop“. На песните што не ги напишала, понекогаш им ги менувала текстовите. Ова се однесува и на „Девојките само сакаат да се забавуваат“ ("Girls Just Want to Have Fun"). Лопер открила дека оригиналниот текст се карактеризира со мизогинија, па ја преработила песната како химна за млади жени. [24]

Со овој албум Лопер станала прва жена музичар со четири последователни Billboard Hot 100 топ пет хитови од еден албум. Плочата останала на топ 200 листите повеќе од 65 недели и биле продадени преку 16 милиони копии ширум светот. [25] [26]

Синди ја освоила наградата за најдобар нов изведувач на Греми наградите во 1985 година . She's So Unusual, исто така, доби номинации за албум на годината, запис на годината, најдобра женска поп вокална изведба (за „Девојките само сакаат да се забавуваат“) и за песна на годината (за „Time After Time“). Добил и на Греми за најдобар албум, кој и припаднал на уметничката директорка Џенет Пер. [27] [28]

"We Are the World"Видеото за „Girls Just Want to Have Fun“ ја освоила првата воопшто награда за најдобро женско видео на MTV Video Music Awards во 1984 година. Во 1984-1985 година, Лопер се појавила на насловните страници на списанието Ролинг Стоун, Тајм и Њусвик. Двапати се појавила на насловната страница на People, а од списанието Ms. била прогласена за жена на годината за 1985 година.[29]

Во 1985 година, Лопер учествувала во песната "We Are the World" со која требало да се соберат средства за помош од гладните во Африка; била продадена во повеќе од 20 милиони примероци.[30]

Лопер се појавила со професионалниот борач Хулк Хоган, кој глумел нејзин „телохранител“ [31] [32] и исто така подоцна често се појавувала на многу настани од Светската боречка федерација.[33]

Во 1985 година, Лопер го издала синглот „The Goonies 'R' Good Enough“, кој бил саундтрак за филмот „Гуниеви “ а во придружното видео се појавиле неколку боречки ѕвезди. Песната се искачила 10-тото место на топ- листата Billboard Hot 100. [34]

1986–1988: True Colors и Вибрации[уреди | уреди извор]

Лопер била номинирана на Греми наградите во 1986 година за Најдобра женска рок вокална изведба за „What a Thrill“, уште еднаш во истата категорија следната година (за песната „911“) и уште еднаш во 1988 година за најдобро долгометражно музичко видео за Cyndi Lauper in Paris. [35]

Во 1986, Лопер го издала својот втор албум True Colors („Вистински бои“) со кој на Билборд 200 се искачила на 4 место.[36]

Лопер го имала своето филмско деби во август 1988 година во комедијата „Вибрации“, заедно со Џеф Голдблум, Питер Фалк и Џулијан Сендс. Лопер играла улога на јасновидец во потрага по град од злато во Јужна Америка. Филмот бил неуспешен и имал слаб преим од критичарите, но подоцна ќе се смета за култна класика.[37] [38]

Лопер го пее саундтракот за Вибрации „ Hole in My Heart (All the Way to China)“ за кој е објавено и музичко видео кое содржи шетање низ кинеска перална. Песната се искачила до 54 место на американските топ листи, [39] но поминала подобро во Австралија каде била 8-ма.[40]

1989–1992: A Night to Remember и брак[уреди | уреди извор]

A Night to Remember (Ноќ за паметење) е третиот албум на Лопер објавен пролетта 1989 година. Албумот имал еден хит, песната „ Возев цела ноќ“ ("I Drove All Night"), оригинално снимена од Рој Орбисон, три години пред неговата смрт на 6 декември 1988 година. Лопер добила номинација за Греми за најдобра женска рок вокална изведба на Греми наградите во 1990 година за „I Drove All Night", но вкупната продажба на албумот A Night to Remember“ била намалена. Музичкото видео за песната на албумот „ Мојата прва ноќ без тебе“ (My First Night Without You)“ било едно од првите кое било титловано за лицата со оштетен слух. [41]

На 24 ноември 1991 година, Лопер се омажила за актерот Дејвид Торнтон.[42]

1993–1995: Hat Full of Stars и Дванаесет смртоносни кинови[уреди | уреди извор]

Четвртиот албум на Лопер, Hat Full of Stars, бил објавен во јуни 1993 година и наишол на пофалби од критичарите, но не се продавал добро. Албумот, кој се занимава со теми како хомофобија, семејно насилство, расизам и абортус бил продаден во помалку од 120.000 копии во САД.[43] Во видеото за песната „Sally's Pigeons“ се појавува тогаш непознатата Џулија Стајлс како младата Синди.[44]

Во 1993 година, Лопер се вратила на глумата, и играла секретарка на Мајкл Џеј Фокс во Животот со Мајки . Таа, исто така, освоила награда Еми [45] за нејзината улога како Маријана Лугасо во ситкомот Луд по тебе.[46]

1996–2000: Мајчинството и Sisters of Avalon[уреди | уреди извор]

Лопер настапува во 2000 г

На 19 ноември 1997 година, Лопер го родила својот син Деклин Валас Лопер Торнтон.[47] Нејзиниот петти албум, Sisters of Avalon, бил објавен во Јапонија во 1996 година, а во 1997 година ширум светот. Повторно и покрај позитивните критики, албумот не се продавал добро.[48]

2001–2010[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, Sony го издал ЦД-то The Essential Cyndi Lauper кое ги содржи најдобрите песни на Синди Лопер објавени дотогаш. Лопер, исто така, објавила ковер албум под наслов At Last во 2003 година; со него добила една номинација на Греми наградите во 2005 година : Најдобар инструментален аранжман придружни вокалисти, за „Unchained Melody“. Албумот бил комерцијален хит, и биле продадени 4,5 милиони плочи. [49]

Во април 2004 година, Лопер настапила на добротворниот концерт на VH1 Divas Live 2004 заедно со Ашанти, Гледис Најт, Џесика Симпсон, Џос Стоун и Пети ЛаБел, како поддршка на Фондацијата Save the Music.[50]

Во 2006 година, дебитирала на Бродвеј во Опера од три пени (The Threepenny Opera) која била номинирана за Тони.

На 16 октомври 2006 година, Лопер била примен во Музичката куќа на славните од Лонг Ајленд.[51]

Шестиот студиски албум на Лопер, Bring Ya to the Brink бил издаден во Соединетите Држави на 27 мај 2008 година [52]

2010–Денес[уреди | уреди извор]

Во март 2010 година, Лопер се појавила во емисијата „<i id="mwAjI">The Celebrity Apprentice</i>“ на NBC, и завршила на шесто место. [53]

Мемфис Блуз — седмиот студиски албум на Лопер — бил издаден на 22 јуни 2010 година и дебитираше на листата на Билборд блуз албуми на прво место и на 26-то на Билборд Топ 200. Албумот останал на прво место на листата за блуз албуми 14 последователни недели; Мемфис Блуз бил номиниран за најдобар традиционален блуз албум на Греми наградите во 2011 година.[54]

Во септември 2012 година, Лопер ги објавила своите најпродавани мемоари на <i id="mwAlU">Њујорк Тајмс</i> <i id="mwAlU">во</i> кои е детално опишана нејзината борба со злоупотреба на деца и депресија.[55]

Лопер ја компонирала музиката и текстот за бродвејскиот мјузикл Kinky Boots, премиерно изведен во Чикаго во октомври 2012 година [56] и на Бродвеј на 4 април 2013 година [57]Мјузиклот имал 13 номинации за Тони наградите во 2013 година, а освоил шест награди, меѓу кои и за најдобар мјузикл и за најдобар актер. Синди ја освоила наградата за најдобра оригинална музика.[58] Лопер била прва жена што сама победила во оваа категорија. По шестгодишното прикажување и 2.507 претстави, „Kinky Boots“ престанала да се прикажува на Бродвеј на 7 април 2019 година. Тоа е 25-тиот најдолго прикажуван мјузикл на Бродвеј во неговата историја. На Бродвеј заработил 297 милиони долари.[59]

Летото 2013 година, за да ја прослави 30-годишнината од нејзиниот деби албум She's So Unusual, Лопер тргнала на меѓународна турнеја во Америка и Австралија.

На 1 април (1 март во Европа), Лопер го издала изданието за 30-годишнината од She's So Unusual преку Epic Records.[60] Во него имаше ремастерирана верзија на оригиналниот албум плус три нови ремикси. Делукс изданието содржи бонус песни, како што се демо снимки и снимање во живо, како и 3D исечок од спалната соба прикажана во музичкото видео „Girls Just Want to Have Fun“ со комплет налепници за повеќекратна употреба.[61]

Куќата на славните на текстописци ја вклучил Лопер во својата листа на номинации во октомври 2014 година.[62]

Во јануари 2016 г., Лопер објавила дека ќе издаде нов албум на 6 мај 2016 година. Албумот бил насловен Detour.[63]

Во февруари 2016 година, Лопер била номинирана за Оливие наградата за нејзиниот придонес во британската продукција на Kinky Boots заедно со Стивен Оремус, човекот одговорен за аранжманот.[64] Во јануари 2017 година, албумот на оваа продукција бил номиниран за наградата Греми за најдобар музички театарски албум.[65]

Во мај 2022 година било објавено дека Алисон Елвуд ќе режира ретроспективен документарен филм за кариерата за Лопер насловен како Нека запее канаринецот во продукција на Sony Music Entertainment.[66] [67] [68]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cyndi Lauper Biography (1953–)“. Filmreference.com. Посетено на April 19, 2014.
  2. 2,0 2,1 „Cyndi Lauper Biography“. Biography.com. Посетено на April 19, 2014.
  3. Gladstone, Brooke. „Interview With Cyndi Lauper“. On the Media.
  4. 4,0 4,1 Jerome, Jim.
  5. „Cyndi Lauper Biography“. Monsters and Critics. Архивирано од изворникот на August 29, 2009.
  6. „Cyndi Lauper's Mother Catrine, Who Appeared in the 'Girls Just Wanna Have Fun' Music Video, Dead at 91“.
  7. McDonnell, Evelyn (December 1, 2003). „Cyndi Lauper: two decades after blazing the way for a generation of female pop singers, the original day-glo diva is reigniting her career with a collection of songs as colorful as she is.(Interview)“. Brant Publications, Inc.
  8. „50 interesting facts about singer Cyndi Lauper“. BOOMSbeat. August 4, 2015. Посетено на February 28, 2016.
  9. „Sunday Book Review – Cyndi Lauper: A Memoir“. The New York Times. November 30, 2012.
  10. „Celebrity Dropouts Who Earned a GED, List No. 2“. About.com Education. Посетено на February 28, 2016.
  11. „Cyndi Lauper Biography“. Lyrics.songonlyrics.net. January 12, 2012. Посетено на February 28, 2016.
  12. 12,0 12,1 „10 Things You Didn't Know About Cyndi Lauper“. WETV. November 19, 2012. Архивирано од изворникот на September 24, 2014.
  13. Празен навод (help)
  14. „Cyndi Lauper – Bornrich“. Bornrich.com (англиски). September 17, 2013. Посетено на February 28, 2016.
  15. 15,0 15,1 „Cyndi Lauper to give commencement address at Northern Vermont University-Johnson“. VT Digger. Montpelier, Vermont. March 25, 2019.
  16. „50 interesting facts about singer Cyndi Lauper“. Boomsbeat.com. August 4, 2015. Посетено на February 28, 2016.
  17. „Biography | Cyndi Lauper – Photos, Videos, Music, Biography“. Cyndilaupersite.com. Посетено на April 19, 2014.
  18. Anderson, Porter. „Steve Massarsky: Starting small with BIG“. cnn.com. Cable News Network. Посетено на September 24, 2014.
  19. Празен навод (help)
  20. „Cyndi Lauper“. MTV. Посетено на March 1, 2010.
  21. Празен навод (help)
  22. „Cyndi Lauper“. Lifetime.co.uk/. AETN UK. Архивирано од изворникот на September 4, 2014. Посетено на September 24, 2014.
  23. Rourke, Mary (February 8, 1985). „Capturing Head-to-Toe Look of the '80s“. Los Angeles Times. Посетено на October 15, 2011.
  24. Elan, Priya (September 27, 2008). „Music: Priya Elan pays tribute to the man who wrote Girls Just Want To Have Fun“. The Guardian. London. Посетено на October 15, 2011.
  25. „Cyndi Lauper is back, and the girl still wants to have fun“. The Times. Архивирано од изворникот на December 5, 2008. Посетено на September 15, 2011.
  26. Varga, George (June 7, 2013). „Cyndi Lauper still proudly 'unusual'. U-T San Diego. Посетено на August 2, 2014.
  27. „The GRAMMYs' Trailblazing Women, Part One“. Grammy.com. December 2, 2014. Посетено на February 20, 2016.
  28. „Classic Album covers : She's So Unusual – Cyndi Lauper“. Nevermindthebuspass.com (англиски). Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на February 20, 2016.
  29. Paglia, Camille (December 14, 1990). „Madonna – Finally, a Real Feminist“. The New York Times. Посетено на May 4, 2013.
  30. Matera, Joe.
  31. „Cyndi Lauper Wrestler Biography“. Icelebritieshub.tumblr.com. Архивирано од изворникот на March 9, 2016. Посетено на February 21, 2016.
  32. „Cyndi Lauper – Online World of Wrestling“. Onlineworldofwrestling.com. Архивирано од изворникот на February 21, 2016. Посетено на February 21, 2016.
  33. Ellison, Lillian (2003). The Fabulous Moolah: First Goddess of the Squared Circle. ReaganBooks. стр. 170. ISBN 978-0-06-001258-8.
  34. „Cyndi Lauper – Chart history | Billboard“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на February 28, 2016.
  35. Grammy Awards 1986, Awards & Shows.
  36. Празен навод (help)
  37. „Cyndi Lauper – Filmbug“. Filmbug.com. Посетено на February 28, 2016.
  38. „Cyndi Lauper Biography“. Lyrics.songonlyrics.net. January 12, 2012. Посетено на February 28, 2016.
  39. Празен навод (help)
  40. Australian Charts (1988). „Australian Charts“. ARIA Charts. Посетено на February 5, 2012.
  41. „Videos Closed-captioned – Sun Sentinel“. Articles.sun-sentinel.com. August 10, 1989. Архивирано од изворникот на December 20, 2013. Посетено на April 19, 2014.
  42. Neustatter, Angela (July 5, 1992). „How We Met: 41. David Thornton and Cyndi Lauper“. The Independent. Архивирано од изворникот на March 28, 2019. Посетено на December 14, 2012.
  43. Празен навод (help)
  44. Pringle, Gill (September 17, 2007). „A Stiles of her own“. The New Zealand Herald. Посетено на March 10, 2014.
  45. „Cyndi Lauper | Television Academy“. Emmys.com. Посетено на April 19, 2014.
  46. „Cyndi Lauper“. IMDb. Посетено на January 21, 2017.
  47. Barron, James; Phoebe Hoban (January 28, 1998). „Public Lives; In Their Words“. The New York Times. Посетено на May 9, 2010.
  48. „Cyndi Lauper – Front and Center Entertainment“. Архивирано од изворникот на 2022-05-21. Посетено на April 7, 2020.
  49. „Biography: Cyndi Lauper Lifetime“. Thebiographychannel.co.uk. Архивирано од изворникот на March 29, 2014. Посетено на April 19, 2014.
  50. „Live 2004“. IMDb.com. Посетено на September 19, 2014.
  51. „Long Island Music Hall of Fame | Preserving & Celebrating the Long Island musical heritage“. Limusichalloffame.org. Посетено на April 19, 2014.
  52. „Cyndi Lauper“. Lifetime UK (англиски). January 23, 2017. Посетено на January 31, 2018.
  53. 'The Celebrity Apprentice' Recap: Cyndi Lauper's True Colors Catch Up With Her“. Newsroom.mtv.com. May 10, 2010. Архивирано од изворникот на June 28, 2013. Посетено на April 19, 2014.
  54. „Front & Center with Cyndi Lauper – Highline Ballroom“. Highline Ballroom. Архивирано од изворникот на September 9, 2014. Посетено на September 19, 2014.
  55. „Cyndi Lauper Wins Tony for Best Original Score“. Архивирано од изворникот на June 13, 2013. Посетено на June 13, 2013.
  56. Entertainment Weekly, May 18, 2012.
  57. „Kinky Boots – Official Broadway Site“. Kinkybootsthemusical.com. Посетено на April 19, 2014.
  58. „Cyndi Lauper wins Tony for Best Original Score“. UPI. June 13, 2013. Посетено на June 9, 2013.
  59. Healy, Patrick (April 30, 2013). 'Kinky Boots' Leads With 13 Tony Nominations; Tom Hanks Gets Nod for 'Lucky Guy'. The New York Times.
  60. „Cyndi Lauper interview: She's still having fun“. The Independent. April 4, 2014. Посетено на September 19, 2014.
  61. „News – Cyndi Lauper“. Cyndilauper.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-01. Посетено на September 19, 2014.
  62. „SongHall – Songwriters Hall Of Fame 2014 Nominees For Induction Announced“. Songhall.org.
  63. Празен навод (help)
  64. „Olivier Awards 2016: 'Gypsy' and 'Kinky Boots' lead nominations“. Newsweek Europe. March 2016.
  65. „Waitress and Bright Star Cast Albums Among Grammy Award Nominees“. Playbill. December 6, 2016.
  66. pitchfork.com/news/cyndi-lauper-documentary-let-the-canary-sing-in-the-works/
  67. nypost.com/2022/05/03/cyndi-lauper-documentary-will-reveal-hard-knocks-of-defiant-punk-life/
  68. nme.com/news/music/cyndi-lauper-documentary-let-the-canary-sing-is-in-the-works-3218568