Ролинг Стоун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ролинг Стоун

Џон Ленон и Јоко Оно на насловната на изданието од 22 јануари, 1981 на Ролинг Стоун
Уредник Џен Венер
Вил Дана (главен уредник)
Фреквенција Bi-weekly
Циркулација 1.4 милиони[1][2]
Издавач Џен Венер
Прво издание ноември 9 1967 (1967-11-09)
Компанија Wenner Media LLC
Држава САД
Базиран во Њујорк Сити
Јазик Англиски
Вебсајт rollingstone.com

Ролинг Стоун (англиски: Rolling Stone) е списание со седиште во САД, посветено на музиката, политиката и популарната култура. Излегува на секои две седмици. Ролинг Стоун бил основан во Сан Франциско во 1967 година од страна на Џан Венер (кој сѐ уште е уредник и издавач) и музичкиот критичар Ралф Ј. Глисон.

За да го основа весникот, Венер позајмил $7,500 од членовите на неговата фамилија и од фамилијата на неговата тогаш идна жена Џејн Шинделхејм.[3] Првото издание било објавено на 9 ноември, 1967 година.[4]

Списанието е познато по неговите насловни почнувајќи од 1970-тите, со енигматскиот и контроверзниот гонзо новинар Хантер С. Томпсон. Магазинот Ролинг Стоун го сменил форматот во 1990-тите како обид да допре до помладите читатели,[5] кои најчесто биле фокусирани на телевизијата или на филмските актери и поп музиката. Ова довело до критики дека магазинот го нагласува стилот пред статистиките.[6] Магазинот продолжил со традиционалните содржини, вклучувајќи и политички приказни и неговиот промет е доста зголемен.

Извори[уреди]

  • Баше, Патрисија Р.; Џорџ-Варен, Холи; Парелес, Џон, уред-ци (2005). „The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll“. Њујоек: Fireside. ISBN 0743292014. 
  • Бракет, Натан; Хоард, Кристијан, уред-ци (2004). „The New Rolling Stone Album Guide“. Њујоек: Simon & Schuster. ISBN 0743201698. 
  • Милер, Џим (1980) [1976]. „The Rolling Stone Illustrated History of Rock & Roll“. Њујорк: Random House. ISBN 0394513223. 
  • „Rolling Stone Cover to Cover -- the First 40 Years: Searchable Digital Archive-Every Page, Every Issue“. Рентон, WA: Bondi Digital Pub. 2007. ISBN 978-0979526107. 
  • Свенсон, Џон (1985). „The Rolling Stone Jazz Record Guide“. Њујорк: Роулонг Стоун. ISBN 039472643X. 

Наводи[уреди]

  1. How to Pitch: Rolling Stone - mediabistro.com Content
  2. Bauderap, David. „Rolling Stone celebrates 1,000 issues“, „The Topeka Capital-Journal“.
  3. Weir, David (20 април 1999). „The evolution of Jann Wenner: How the ultimate '60s rock groupie built his fantasy into a media empire“. „Wenner's world“. People magazine. http://www.salon.com/people/bc/1999/04/20/wenner/print.html. конс. 12 февруари 2009. 
  4. "Pable Pawncasso". Pawn Stars. April 4, 2011. No. 18, season 4.
  5. Citizen News Services (13 август 2008). „Rolling Stone magazine goes down a size“. „Ottawa Citizen“. Canwest Publishing Inc.. http://www.canada.com/ottawacitizen/news/artslife/story.html?id=ef35bad8-882d-4e55-860a-7bdfeeae4f27. конс. 12 февруари 2009. 
  6. Freedman, Samuel G. (Date TK, 2002). „Literary 'Rolling Stone' sells out to male titillation“. USA Today. http://www.samuelfreedman.com/articles/culture/ust_rolling.html. конс. 12 февруари 2009. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: