VH1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


VH1
VH1 logonew.svg
Отпочнатајануари 1, 1985; пред 35 години (1985-01-01)
СопственикViacomCBS Domestic Media Networks
Формат на слика1080i HDTV
(downscaled to letterboxed 480i for the SDTV feed)
СлоганWe complete you
ДржаваСАД
ЈазикАнглиски
Област на емитувањеНа национално ниво
СедиштеЊујорк, САД
Претходно имеVH-1/VH-1: Video Hits One
ЗаменетаCable Music Channel
Сестрински канал(и)
Веб-странаvh1.com
Достапност
Сателитска телевизија
Orby TVChannel 287
Dish NetworkChannel 162
DirecTVChannel 335
DirecTV CaribbeanChannel 262
IPTV
Verizon FiOSChannel 217 (SD)
Channel 717 (HD)
AT&T U-verseКанал 518 (SD)
Канал 1518 (HD)
Семрежно емитување
Sling TVInternet Protocol television
Philo (company)Internet Protocol television

VH1 (Видео Хитови Еден) е американска платена телевизиска мрежа со седиште во Њујорк, во сопственост на ViacomCBS. Првично создадена од страна на Warner-Amex Satellite Entertainment, во времето на поделбата на Warner Communications и оригиналниот сопственик на MTV. Била пуштена во етер на 1 јануари 1985 година, на фреквенцијата на Cable Music Channel, на Тurner Broadcasting System.

Каналот првично бил замислен со цел да го постигне успехот на сестринскиот канал MTV со емитирање музички видеа, но наменети за повозрасна публика од онаа на MTV. Фокусот требал да се стави на полеснa популарна музика.[1] Слично на MTV, и VH1 на крајот сепак од музички видеа се преориентира на риеилити програми, со фокусирање на славни личности и музички ѕвезди, наменета за женска целна публика.

Во јануари 2016 година, речиси 90,2 милиони домаќинства во САД биле приклучени на VH1.

Историја[уреди | уреди извор]

Формат и VJs (1985-89)[уреди | уреди извор]

Првото лого VH1 користено од 1985 до 1988 година во САД; помеѓу 1995-2002 година во Германија и 1993-1999 година во Велика Британија и Ирска. Дизајниранo од LPG/Pon, Dale Pon and George Lois.
Второто лого VH1 користено од 1988 до 1994 година. Дизајнирано од Скот Милер. За време на Божиќната сезона, „V“ се превртува наопаку за да личи на новогодишна елка.

Првичната идеја за VH1 била пласирање на лесна поп музика, вклучувајќи музичари како Оливија Њутн-Џон, Кени Роџерс, Карли Сајмон, Тина Тарнер, Елтон Џон, Били Џоел, Ерик Клептон, Стинг, Дона Самер, Род Стјуарт, Кени Џи, Мајкл Болтон, Анита Бејкер, Чикаго и Флитвуд Мек. Каналот требал да привлече публика на возраст од 18 до 35 години, па дури и постари. На почетокот често биле емитирани видеа од концертите и снимените изведби од Мотаун и други музички нумери од 1960-тите. На 1 јануари 1985, каналот дебатирал со снимката на The Star-Spangled Banner на Марвин Геј, кој умрел една година пред каналот да биде пуштен во етер.

Од самиот почеток, VH1 бил брендиран како урбана верзија на својот сестрински/родителски канал. На каналот повеќе била пуштана џез и Р&Б музика отколку на MTV.

Првите водители биле радио ветераните: Дон Имус (од WNBC), Френки Крокер (од WHTZ), Џон Бауман (од Sha Na Na), Боби Риверс и Рита Кулиџ.

VH1 во раните денови емитувал програма насловена "Нови Визии", серија на студиски настапи на smooth jazz, класични и new-age бендови и изведувачи, вклучувајќи ги Спирогира, Енди Нарел, Марк Ишам, Филип Глас, и Џани. На почеток програмата ја воделе повеќе различни музичари, но на крајот музичарот и кант-авторот Бен Сидран станал постојан водител.

"New Age" музичките видеа продолжиле да се емитуваат на каналот и во 1990-тите години, со термин во неделата наутро, во музички блок од два часа со наслов "Sunday Brunch."

Почетоци (1989-1994)[уреди | уреди извор]

VH1 по неколку години од основањето главен фокус ставал врз класичниот рок и поп нумерите од 1980-тите години. Во еден период се емитирале и музички видеа со кантри музика во едночасовен блок во попладневните часови.

Во тој период се емитувала и друга програма. Освен музичката, имало и емисија со комичарката Рози О'Донел, во која учествувале и други комичари, аматери и ветерани, под име "Stand Up Spotlight ".

Во тој период најпопуларни биле долгите тематски музички блокови, распределни според изведувачите, годината кога се изведувани, или видот на музиката. Една од најпопуларните викенд програми од овој серијал била "Премотај ја лентата", во која се пуштале блокови со музички нумери од 1980-те години.

Исто така, во 1991 година, голема популарност стекнала утринската програма наречена "Хитови, вести & времето" што се давала од 7 до 9 часот наутро (подоцна била продолжена до 10 часот). Таа била составена од емитување на стари и нови музички видеа, заедно со 90 секунди вести и временска прогноза. Оваа идеја згаснала во пролетта 1994 година, една недела пред каналот да се ребрендира.

VH1 Наградна игра - Шевролет корвети за гледачите[уреди | уреди извор]

За да стигнат до поширока и помлада публика, VH1 во 1990 година организирал голема наградна игра. Премија биле 36 автомобили од колекцијата „Chevrolet Corvettes“, сите модели почнувајќи од 1953 година. Колекцијата во тоа време била проценета на над 1 милион американски долари. Гледачите се квалификувале за учество со јавување на телефон, по цена од 2 долари по повик. Во натпреварот учествувале над 4 милиони гледачи. Наградата ја добил маж од Лонг Ајленд, Њујорк, кој веднаш ја продал целата колекција на уметникот Питер Макс за 500.000 долари. Макс имал намера да ги искористи автомобилите за уметнички проект, но тоа никогаш не се случило и целата колекција завршила заборавена на подземен паркинг во Њујорк, повеќе од 20 години, речиси целосно уништена.

VH1: Прво музика (1994-2003)[уреди | уреди извор]

Третото лого на VH1 користено од 1994 до 2003 година. Кружниот прстен околу логото е додаден во 1998 година. Се користел на VH1 Classic (Велика Британија и Ирска) во 1999 до 2010 година и VH1 Classic САД во 2000 до 2007 година и сè уште се користи на VH1 Classic Европа во 2004 година до денес.

Во Мај 1994 година, поради опаѓање на рејтингот, VH1 се ребрендирал во VH1: Музика Прво (англ. VH1: Music First). Во периодот од 1994-1998 година стартувал серијалот „Историја на музички видеа од А до Ш“. Во овој блок се емитирале мини маратони на видеа поделени според изведувачите. Во 1996 година, VH1 почнал се повеќе да наликува на сестринскиот канал MTV. На плејлистата се повеќе се вклучувале рок нумери. Полека, но сигурно, рејтингот повторно почнал да опаѓа.

Видео Одбројување[уреди | уреди извор]

Како дел од ребрендирањето на VH-1 во 1994 година, каналот започнал нова серија, "VH1 Топ 10 Одбројување". На топ листата се наоѓаат 10 музички видеа одбрани во текот на една недела. Изборот се прави според: продажбата на плочите, радио емитирањата, барањата на гледачите. Шоуто, во 2015 година, било преименувано во "Топ 20 Одбројување", а кон крајот на истата година било откажано.

Pop-Up Видео[уреди | уреди извор]

Есента 1996 година, VH1 премиерно ја емитувал емисијата Pop-Up Видео, во кое музички видеа се илутрирани со "pop-ups" (познати како "меурчиња") во кои се појавувале информации и интересни факти за групите и пејачите, нивните кариери, цитати и анегдоти. Во тој период ова било најгледано шоу на VH1 .

VH1 Storytellers[уреди | уреди извор]

Во февруари 1996 година, VH1 повторно имал голем пробив со емисијата, VH1 Storytellers. Шоуто почнало со приказната на Реј Дејвис. Во секоја од епизодите кои траеле по еден час, уметниците се појавувале пред публика (главно мала и интимна), и во живо ги коментирале музичките изведби, кажувајќи анегдоти за песните, како тие настанале, како биле напишани, како реагирала на нив публиката. Заедно со Дејвис, во серијата емисија зеле учество голем број музичари меѓу кои: Калчр Клаб, Вили Нелсон, Џони Кеш, Кени Вест, Том Вејтс, Деф Лепард и Мит Лоф.

Зад Музиката[уреди | уреди извор]

Во август 1997 година, VH1 направил уште една хит емисија насловена Зад Музиката (Behind the Music).

Во ова шоу биле емитувани интервјуа и биографии на некои од најголемите музички ѕвезди..Премиерната епизода била посветена на Milli Vanilli. Во наредниот период биле прикажани интервјуа и биографии на Queen, Meat Loaf, Тори Ејмос, MC Hammer, Шер, Оасис, Steppenwolf, Флитвуд Мек, TLC, "Weird Al" Yankovic, Megadeth, Бритни Спирс, Селена, Petra, Pantera, Еминем и други.

При крајот на 1990-тите години, шоуто почнало да згаснува.

Легенди[уреди | уреди извор]

Набргу потоа, VH1 создал слична серија, "Легенди " (првично спонзорирана од страна на AT&T), во која се профилирале музичари со значителен придонес за музичката историја, кои можеле да се оквалификуваат како вистински легенди.

Ова шоу ги опфатило: Aerosmith, Bee Gees, Дејвид Боуви, Џони Кеш, Ерик Клептон, The Clash, Џорџ Клинтон, Сем Кук; Crosby, Stills, Nash & Young; The Doors, Џон Фогерти; Арета Френклин; Марвин Геј; The Grateful Dead; Guns N' Roses; Џими Хендрикс; Мајкл Џексон; Еминем; Елтон Џон; Џенис Џоплин; Би Би Кинг; Лед Цепелин; Џон Ленон; Куртис Мејфилд; Нирвана; Пинк Флојд; The Pretenders; Red Hot Chili Peppers; Queen; Брус Спрингстин; Тина Тарнер; U2; Stevie Ray Vaughan; The Who и Нил Јанг.

VH1 Дива концерти[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, VH1 започнал со емитување на првиот годишен VH1 Дива концерт, со "дивите": Арета Френклин, Мараја Кери, Шанаја Твејн, Глорија Естефан, Селин Дион[2] и специјалната гостинка Керол Кинг. Втората серија на шоуто на "Дивите" била продуцирана во 1999 година со: Витни Хјустон, Тина Тарнер, Шер, LeAnn Rimes, Mary J. Blige, Billy Joel, Chaka Khan, Brandy, и специјалната "дива" Елтон Џон.[3]

Тоа беше огромен успех. Наредните години следеа: Дајана Рос, Дона Самер, Destiny's Child, Kelly Clarkson, Jordin Sparks, Мајли Сајрус, Џенифер Хадсон, Шакира, Дебора Хери, Anastacia, Dixie Chicks, Gladys Knight, Patti LaBelle, Џесика Симпсон.

Метал, алтернативен рок, латино, рап[уреди | уреди извор]

Во доцните 1990-ти години, VH1 продолжил со трендот на разновидни музички правци, со емисии посветени на алтернативниот рок и метал. Меѓу нив се најдоа и: Red Hot Chili Peppers, Foo Fighters, Stone Temple Pilots, Metallica и други.

На крајот на 2002 година, VH1 на своите топ листи ги стави и раперите.[4] Најновите видеа на Еминем, Nelly, Jay-Z, Snoop Dogg, Busta Rhymes, Missy Elliott и Eve се најдоа на Топ 20.

Каналот им даде простор и на латино-музичарите: Рики Мартин, Марк Ентони, Енрике Иглезиас, Thalía, Шакира.

Ново лого- кутивче (2003-2013)[уреди | уреди извор]

Во август 2003 година, телевизиската мрежа повторно го смени фокусот, наместо "Музика прво" стави box лого. Настрана се ставија риелити програмите, а фокусот се стави врз поп-носталгијата.

Сакам... серии (2002-2014)[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, VH1 емитувал серијал од десет делови насловен "Ги сакам 80-тите". Серијата била адаптација на серија која во 2000 година се емитувала на Би-би-си. Успехот на овој носталгичен серијал ја поттикнал мрежата да создаде цела серија слични тематски програми, поделени по музички декади.

Најголемите[уреди | уреди извор]

Серијалот насловен "Најголемите" е стара идеја на топ листи, но oвојпат VH1 ги прави тематски. Најпознати се: "100-те најголеми бендови на рок музиката", "50-те најсекси видео моменти", "100 најдобри песни во последниве 25 години" и др. Во декември 2009 година, истиот серијал продолжил со "100 најшокантни музички моменти".

40 Најлоши[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, VH1 почнал мини-серија насловена "50 најлоши песни, кога и да е". Потоа следуваа: "40 најлоши љубовни песни, кога и да е", "40 најлоши метал песни, кога и да е" итн.

Celebreality[уреди | уреди извор]

Во јануари 2005 година, VH1 го промовираше својот блок од риелити шоуа под име Celebreality.

Серијалот траел до 2010, со завршното шоу на Џесика Симпсон.

Сегашност (2013 година–денес)[уреди | уреди извор]

На 5-ти јануари 2013, VH1 воведе ново лого кое наликува на првото. Логото има знак "плус" во него, со кое се сугерираат дополнителните содржини во програмата.

Од 2014 година, VH1 се фокусира на афро-американските музичари.

Во првиот квартал на 2016 година, VH1 објави дека бележи највисок рејтинг во претходниот период од шест години, а во исто време рапидно се зголемува и бројот на претплатници. За тоа се залужни емисиите: Love & Hip Hop, Stevie J & Joseline Go Hollywood, K. Michelle: My Life, Mob Wives.

Исто така, во 2016 година, VH1 ja вратил и поранешната риелити серија America's Next Top Model.

VH1 продолжува со менување на програмата, во согласност со реструктурирање на програмската шема на ViacomCBS од 2017 година.

Сестрински канали во САД[уреди | уреди извор]

  • VH1 Classic: Музички спотови првенствено од 1970-те и 1980-тите години, но исто така и 1960-тите и 1990-тите, концертни снимки, програма фокусирана на класични хитови и класична рок музика. Ребрендирана како MTV Classic на 01.08. 2016 година во чест на 35-тата годишнина на MTV.
  • VH1 MegaHits: Музички спотови од 1980-тите до почетокот на 2000-тите. Поради малата публика, програмата била прекината. Сателитскиот простор го презеде MTV мрежата за емитување на ЛГБТ каналот Лого.
  • VH1 Soul: Соул музика, од минатото и денес. Ребрендиран е каналот во Bet Soul на 28 декември 2015 година.
  • VH1 UNO: Канал на шпански јазик, со музички видеа на латино поп, рок и класични балади, салса музика.
  • VH1 Country: Кантри музика

Интернет[уреди | уреди извор]

Мрежното место на VH1 е поставен на крајот на 1990-тите години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sherwood, Rick (October 5, 1984). „VH-1 wants adult video viewers“. Spokane Chronicle. (Washington). (New York Times). стр. 11.
  2. Pareles, Jon (16 April 1998). „There Are Divas, and There Are Divas“. The New York Times. Посетено на 3 May 2008.
  3. Freydkin, Donna (16 April 1999). „VH1's dueling divas belt it out for a good cause“. CNN.com. Посетено на 3 May 2008.
  4. Becker, Anne (May 3, 2009). „VH1 Hits a New High Note“. Broadcasting & Cable. Посетено на May 3, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]