Луд по тебе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луд по тебе
Податотека:MAYlogo.jpg
Насловна шпица
Создадена од Пол Рајзер
Дени Џејкобсон
Улоги Пол Рајзер
Хелен Хант
Ен Ремзи
Лејла Кензл
Џон Панков
Ричард Кајнд
Земја на потекло  САД
Бр. на сезони 7
Бр. на епизоди 164
Продукција
Продуцент(и) Columbia Pictures Television
TriStar Television
Columbia TriStar Television
Sony Pictures Television
Времетраење 22 минути
Прикажување
Првична мрежа  САД: NBC
Македонија Македонија: А1 телевизија
Првично прикажување 23 септември 1992 – 24 мај 1999

Луд по тебе е американски ситком емитуван на NBC телевизија од 23 септември 1992 до 24 мај 1999, комплетирајќи 7 сезони и 164 епизоди. Во главните улоги настапуваат Пол Рајзер (Пол Бакмен) и Хелен Хант (Џејми Стемпл Бакмен), штотуку венчана двојка која живее во Њујорк.

Серијата го следи секојдневниот живот на парот, сите нивни мали и големи проблеми и караници. Хуморот и дијалогот можат да се споредат со Сајнфелд, исто серија емитувана на NBC, која на хумористичен начин го покажува животот на триесетгодишните луѓе во Њујорк.

Хелен Хант и Пол Рајзер добија по 1 милион долари за последната сезона, но гледаноста се намали. Серијата доби неколку награди, меѓу кои Златен Глобус, како и пет Еми номинации за најдобра хумористична серија. Хелен Хант доби Еми награда за најдобра глумица во хумористична серија четири пати по ред (19961999)

Насловната песна "Final Frontier" („Последна граница“) е компонирана од Рајзер и Дон Вас, а оригинално испеана од Ендру Голд.

Улоги[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]