23 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Септември 2016

23 септември е 266-иот ден во годината според григоријанскиот календар (267-и во престапна година). Остануваат 99 денови до крајот на годината.

Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Северната Хемисфера, односно пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Јужната Хемисфера.

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак вага.

Настани:

1903  Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
2011  Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“.

Родени:

1158  Џефри IIгроф од Бретања.
1392  Филипо Марија Висконтивојвода на Милано.
1865  Сузан Валадон — француска сликарка.
1883  Чудомир Кантарџиев — бугарски револуционер.
1883  Григори Зиновјев — руски револуционер и советски политичар.
1885  Иван Илиев Ајдински — македонски револуционер.
1889  Волтер Липман — американски новинар и писател.
1914  Јован Трифуноски — македонски антрополог.
1920  Мики Руни — американски глумец.
1926  Џон Колтрејн — американски џез-музичар.
1928  Томе Арсовски — македонски поет.
1930  Реј Чарлс — американски музичар.
1943  Хулио Иглесијас — шпански пејач.
1946  Даворин Поповиќ — југословенски и босански пејач, член на групата „Индекси“.
1949  Брус Спрингстин — американски пејач.
1956  Паоло Роси — италијански фудбалер.
1958  Љубинка Јанковиќ — југословенска ракометарка.
1972  Карл Пилкингтон — англиски водител и комичар.
1975  Сергеј Тетјукин — руски одбојкар.
1978  Мартин Елмигер — швајцарски велосипедист.
1988  Хуан Мартин дел Потро — аргентински тенисер.

Починале:

877  Игнатиј I Константинополски — Патријарх на Константинопол.
1241  Снори Стурлусон — истакнат исландски скалд, историчар и политичар.
1463  Џовани ди Козимо де Медичи — италијански банкар.
1885  Карл Шпицвег — германски сликар.
1923  Георги Казепов — македонски револуционер.
1939  Сигмунд Фројд — австриски научник, основач на психоанализата.
1968  Свети Пио — католички свештеник.
1973  Пабло Неруда — чилеански писател.
1984  Владо Малески — македонски револуционер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември