Национален уметник на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Претседателот Ѓорге Иванов му ја врачува титулата „Национален уметник“ на пијанистот Симон Трпчески

Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник.

Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.

Критериуми[уреди | уреди извор]

Титулата претставува е највисоко признание од областа на културата во земјата и се доделува на уметник кој исполнува општи и поединечни критериуми:[1]

Општи критериуми[уреди | уреди извор]

  • Наградениот треба да им исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија, како и за нејзина афирмација во светот; или

Поединечни критериуми[уреди | уреди извор]

Покрај општите критериуми, уметникот од областа на ликовната уметност треба да исполнува поединечни критериуми за остварувања во земјата и странство, кои се разликуваат во зависност од дејноста и творештвото на уметникот. Тие се наведени во Член 3 од Закон за националниот уметник на Република Македонија.

Носители[уреди | уреди извор]

Име Дејност Слика Година
Симон Трпчески пијанист Simon Trpceski.jpg 2011 [2]
Милчо Манчевски режисер Milcho Manchevski.JPG 2012 [3]
Есма Реџепова пејачка на ромска и македонска народна музика Esma.jpg 2013 [4]
Борис Трајанов оперски пејач 2014 [5]
Ана Дурловски оперска певица 2015 [6]
Никола Маџиров поет 2016[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Закон за националниот уметник на Република Македонија" (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.47. Скопје. 8 април 2011. Посетено на 28 јули 2014.
  2. "Симон Трпчески ја доби титулата национален уметник на Македонија". Утрински весник. 1 септември 2011. Посетено на 28 јули 2014. Занемарен непознатиот параметар |access date= (се препорачува |access-date=) (help)
  3. "1.000 евра месечно за Милчо Манчевски". Вечер. 22 мај 2012. Посетено на 28 јули 2014. Занемарен непознатиот параметар |access date= (се препорачува |access-date=) (help)
  4. "Есма Реџепова ја прими титулата национален уметник на Македонија". Утрински Весник. 13 септември 2013. Посетено на 28 јули 2014.
  5. "Борис Трајанов, национален уметник за 2014". Вест. 25 јули 2014. Посетено на 28 јули 2014.
  6. "Ана Дурловски е национален уметник за 2015 година". Cooltura. 08 септември 2015. Посетено на 08 септември 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. http://sitel.com.mk/nikola-madzhirov-nacionalen-umetnik-za-2016

Надворешни врски[уреди | уреди извор]