Национален уметник на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседателот Ѓорге Иванов му ја врачува титулата „Национален уметник“ на пијанистот Симон Трпчески

Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник.

Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.

Наградата за последен пат била доделена во 2016-та година, кога била укината.

Со законот со кој истата била укината, на националните уметници кои веќе се стекнале со титулата им се гарантирала натамошна исплата на вклучената сума.[1]

Критериуми[уреди | уреди извор]

Титулата претставува е највисоко признание од областа на културата во земјата и се доделува на уметник кој исполнува општи и поединечни критериуми:[2]

Општи критериуми[уреди | уреди извор]

  • Наградениот треба да им исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија, како и за нејзина афирмација во светот; или
  • Да е добитник на една од следниве државни награди: „11 октомври“ за животно дело, „11 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста или „23 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата.

Поединечни критериуми[уреди | уреди извор]

Покрај општите критериуми, уметникот од областа на ликовната уметност треба да исполнува поединечни критериуми за остварувања во земјата и странство, кои се разликуваат во зависност од дејноста и творештвото на уметникот. Тие се наведени во Член 3 од Закон за националниот уметник на Република Македонија.

Носители[уреди | уреди извор]

Име Дејност Слика Година
Симон Трпчески пијанист Simon Trpceski.jpg 2011 [3]
Милчо Манчевски режисер Milcho Manchevski.JPG 2012 [4]
Есма Реџепова пејачка на ромска и македонска народна музика Esma.jpg 2013 [5]
Борис Трајанов оперски пејач 2014 [6]
Ана Дурловски оперска певица 2015 [7]
Никола Маџиров поет 2016[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ваљакова, Гордана Милошевска (2017-09-14). „Се укинува наградата Национален уметник“. NetPress. Посетено на 2022-06-18.
  2. „Закон за националниот уметник на Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.47. Скопје. 8 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-07. Посетено на 28 јули 2014.
  3. „Симон Трпчески ја доби титулата национален уметник на Македонија“. Утрински весник. 1 септември 2011. Посетено на 28 јули 2014. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)[мртва врска]
  4. „1.000 евра месечно за Милчо Манчевски“. Вечер. 22 мај 2012. Посетено на 28 јули 2014. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)[мртва врска]
  5. „Есма Реџепова ја прими титулата национален уметник на Македонија“. Утрински Весник. 13 септември 2013. Посетено на 28 јули 2014.[мртва врска]
  6. „Борис Трајанов, национален уметник за 2014“. Вест. 25 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 јули 2014.
  7. „Ана Дурловски е национален уметник за 2015 година“. Cooltura. 8 септември 2015. Посетено на 8 септември 2015.[мртва врска]
  8. http://sitel.com.mk/nikola-madzhirov-nacionalen-umetnik-za-2016

Надворешни врски[уреди | уреди извор]