Милчо Манчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милчо Манчевски
Роден(а) Милчо Манчевски
18 октомври 1959
Скопје, денешна Македонија Македонија
Занимање режисер, сценарист, писател, фотограф
Награди

Златен лав 1994 Пред дождот
Сребрен Кондор за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина
1995 Пред дождот
Independent Spirit Award for Best Foreign Film
1995 Пред дождот
МТВ музичка Награда за најдобро рап видео
1992 Тенеси
Billboard Награда за најдобро видео

1992 Тенеси
Страница
http://www.manchevski.com/
Пред дождот

Милчо Манчевски (р. 18 октомври 1959[1] во Скопје) — македонски филмски режисер, сценарист, писател, фотограф. "Њујорк тајмс" го вклучи неговиот филм "Пред дождот" (1994) во листата на 1000 Најдобри филмови некогаш направени. Манчевски е автор на две изложби на фотографии, дела на фикција, како и книги, есеи и уметнички перформанси, чии дела имаат повеќе од 250 фестивалски проекции (вклучувајќи Венеција, Берлин, Торонто, Сао Паоло, Истанбул, Токио, Ерусалим, Хонг Конг, Стокхолм итн.) Додека пак неговите филмови се дистрибуирани во повеќе од 50 земји. Творештвото на Манчевски е вклучено во студиските програми на бројни универзитети и е предмет на две академски конференции (во Фиренца и Лајпциг) и има почесен докторат од московскиот VGIK. Тој предава на Feirstein Graduate School at Brooklyn College of the City University of New York. Како дел од неговите претходни наставни позиции ги вклучуваат Шангајскиот универзитет во Кина, ВГИК во Москва, ЕИЦТВ во Куба, Универзитетот во Ваљадолид, Институтот за напредни студии Унгарија и Тиш Школата за уметности на Универзитетот во Њујорк.

Биографија[уреди | уреди извор]

Милчо Манчевски е роден на 18 октомври 1969 година во Скопје. Студира Историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Во 2007 година ја добива титулата Амбасадор на културата на Република Македонија, а во 2012 година е прогласен за Национален уметник на Република Македонија. Се стекнува со почесен докторат од московскиот VGIK во 2013 година. Тој е челн на Режисерската асоцијација на Америка, Европскиот филмски фестивал и PEN клубот; учествува како дел од фестивалското жири во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Вилнус, Пула, Минхен, Ростов на Дон и др.

Творештво[уреди | уреди извор]

Манчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видео-спотови, рекламни и играни филмски сценарија. Тој е сценарист и режисер на играните филмови: Пред дождот (1994), Прашина (2001), Сенки (2007), Мајки (2010), Бикини Мун (2017), краткиот филм Четврток (2013) и на преку 50 кратки филмови, документарци, реклами, музички спотови и др. Исто така, Манчевски се појавува и како актер во неколку кратки филмови, во два македонски играни филма и во една театарска претстава.
Летото 2015 година, Манчевски е претседател на жири-комисијата за доделување на наградата „Леопарди на утрешнината“, во категорија на кратки и средни филмови од млади автори во состав на фестивалот Локарно, еден од најстарите филмски фестивали.[2]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Премиера: Филмски Фестивал во Сао Пауло (Бразил), 21 Октомври 2017;

Премиера: Меѓународен Филмски Фестивал во Торонто, 12 Септември 2010; Европска премиера: Берлински Филмски фестивал 2011;

Премиера: Меѓународен Филмски Фестивал во Торонто (Канада), 9 Септември 2001;

Премиера: Отварање на Филмскиот Фестивал во Венеција, 29 Август 2001;

Прв македонски филм кој е номиниран за престижната награда „Оскар“, премиерно прикажан на Венецијанскиот Филмски фестивал, 1 Септември 1994;

Краток Филм[уреди | уреди извор]

  • Крајот на Времето (2017)
  • Четврток (2013) На 28 август 2013 година, на отворањето на седумдесеттото издание на филмскиот фестивал во Венеција, во рамки на специјалниот проект „Future Reloaded“ за првпат е прикажан краткиот филм на Манчевски под наслов „Четврток“, кој по премиерата е поставен на интернет-страницата на Манчевски, како и на „Јутјуб“, каде во првите три дена го видоа дури 15 000 гледачи. Исто така, по завршувањето на фестивалот во Венеција, филмот е поставен и на официјалната интернет-страница на овoј фестивал. Најпосле, филмот е прикажан на италијанската радиотелевизијаРАИ“, на каналот посветен на кинематографијата, и тоа во рамки на емисијата за седумдесеттиот јубилеј на фестивалот во Венеција.[3] Инаку, филмот „Четврток“ е снимен според сценариото на Манчевски, а продуцент е Арон Левин. Во главната улога настапува Лора Ласи, директор на фотографијата е Уна Ли, монтажата е дело на Питер Мостерт, а музиката ја компонирал Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и претставува американска продукција.[4]

Останати дела[уреди | уреди извор]

Тој е автор на рекламниот спот за убавините на Македонија, под наслов „Македонија вечна.“

Манчевски е автор на книгата „Духот на мајка ми“, куси раскази „Слики, Зборови и Лаги“ (2015), есеи „Вистина и проза:Белешки за (исклучителната) верба во уметноста" (2012) како и три книги со фотографии „Улица“ (1999), „Улица“ (2003) и „Пет капки сон“(2010.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Манчевски е добитник на повеќе награди и признанија, и тоа: за филмот Пред дождот наградата „Златен лав“ за најдобар филм на Фестивалот во Венеција (1994), номинација за наградата „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје (1995), наградата „Сребрен кондор“ за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина (1996); за 1.73 награда за најдобар експериментален филм; спотот Тенеси прогласен е за најдобар видео запис според американската музичка телевизија и вброен меѓу стоте најдобри видео записи од магазинот „Ролинг Стоун“.
Манчевски е добитник и на неколку државни признанија: 11 Октомври (1995), Мајка Тереза за хуманитарна работа и Амбасадор на културата на Република Македонија (2007), што ја доделува Владата на Република Македонија.
На 11 март 2014 година, на универзитетот „Браун“ во Роуд Ајланд, САД, започна ретроспектива на филмското творештво на Манчевски, под наслов: „Денови на Манчевски: Мајчин дожд“. Во рамките на ретроспективата се прикажани филмовите: „Прашина“, „Мајки“ и „Пред дождот.“[5]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.maccinema.com/Person.aspx?p=399
  2. „Милчо Манчевски претседател на жирито на фестивалот во Локарно“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 19.
  3. Краткиот "Четврток" од Милчо Манчевски на телевизија РАИ, Дневник, петок, 6 септември 2013, стр. 25.
  4. Краткиот „Четврток“ од Милчо Манчевски на телевизија РАИ, Дневник, петок, 6 септември 2013, стр. 25.
  5. „Денови на Манчевски во САД“, Дневник, година XVIII, број 5415, петок, 14 март 2014, стр. 22.