Македонија Вечна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Македонија вечна)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонија Вечна (англиски: Macedonia Timeless) е насловот за серија од спотови за светската и туристичка промоција на Република Македонија.

Македонија вечна 1[уреди | уреди извор]

Снимањето на првото видео од серијата Македонија Вечна започнало во октомври 2008 година. Сценарист и режисер на спотот е Милчо Манчевски, со покровителство на Министерството за култура на Република Македонија со буџет од 190.000 €. Музиката е на Кирил Џајковски, како преработка од традиционалната македонска народна песна Учи ме мајко, карај ме. Спотот трае една минута.

Видеото раскажува за приказната на едно девојче кое преку волшебна сликовница патува во земјата на чудата - Македонија[1].. Со отварање на книгата од страна на нејзиниот татко, се монтирани различни македонски туристички атракции како Преспанското езеро, стариот град во Велес, манастирот Свети Јован Бигорски, Кокино, Стоби, Курбиново, Конопиште, главниот град Скопје и градот Охрид. Исто така, се покажени и археолошките откритија кои биле пронајдени во изминатите години, како и улогите на Александар Македонски и Крали Марко.

Оваа верзија била пуштена на девет јазици и тоа: македонски јазик, англиски јазик, руски јазик, италијански јазик, холандски јазик, германски јазик, француски јазик, шпански јазик и албански јазик. Премиерата на спотот била на 24 декември 2008 година на телевизија CNN[1].

Македонија вечна 2[уреди | уреди извор]

Продукцијата на вториот од серијата спотови наречени Македонија вечна започнала да работи во периодот од 1 април до 10 јуни[2], на познати и атрактивни туристички локации во Охрид, Скопје, Матка, Витачево, Галичник, Јован Бигорски, Струмица, Стоби. Спотот бил снимен на 35 милиметарска филмска лента, а користена била високо-професионална техника која вклучувала три филмски камери, специјална камера на хеликоптер, најсовремена сценска техника и осветлување. Пост-продукцијата се одвивала во Словенија, Австрија, Хрватска и Македонија. Финансиските средства за продукција на овој проект биле целосно обезбедени од Владата на Република Македонија.

Режисер на спотот е Игор Иванов-Изи, а сценарист е Игор Тошевски. Вкупниот буџет на проектот изнесува 200.000€.

Македонија вечна 3[уреди | уреди извор]

Третиот спот од серијата спотови наречени Македонија вечна сѐ уште не е официјално промовиран. Негов режисер е Ѓорче Ставревски[3].

Македонски храмови[уреди | уреди извор]

Четвртиот спот од серијата наречена „Македонија вечна“ е дело на Милчо Манчевски. Спотот насловен „Македонски храмови“ е првиот од овој циклус кој е специјализиран за одреден сегмент на туризмот, во овој случај сакралниот. Инаку, овој спот е промовиран како четврти од циклусот иако е претставен веднаш по првите два кои биле општи, а кои ги режирале Манчевски и Игор Иванов.

Во овој спот, Манчевски се обидува да го прикаже единството на природата и човекот во сакралните објекти на Македонија. Во контрапункт ноќните сцени се случуваат во хиперурбана средина. Како дел од циклусот повторно е употребена современа обработка на народната песна ‘Учи ме, мајко, карај ме’ во аранжман на Кирил Џајковски“[4].

Спотот е снимен на повеќе локации како Зрзе, Варош, Матка, Велјуса, Велес, Мустафа-пашината џамија и во Градскиот трговски центар[5].

Охрид -град на светлината[уреди | уреди извор]

Овој спот бил промовиран на 2 јуни 2009 година од страна на маркетинг-агенцијата „Њу момент“. Спотот се прикажува на телевизијата CNN. Во спотот се работи за видеоприказна за која инспирацијата за насловот е старото име на Охрид - Лихнид, т.е. град на светлината. Во шеесет секунди се претставени знаменитости на балканската лулка на културата, уметноста и религијата, цркви и манастири, добрата храна и и бисерите, а сето тоа раскажано низ визуелна игра на светлината и сенките[6].

Режисер и сценарист на спотот е Душан Дракалски, директор на фотографија е Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорѓи Клинчаров , а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е сниман пет дена и ги прикажува препознатливите локации на Охрид - Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци. Во креирањето е вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра[7]. Во спотот се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача.

Спот за промоција на македонското вино[уреди | уреди извор]

[8] Спот за промоција на македонското вино

Спот за промоција на Македонија како археолошки рај[уреди | уреди извор]

Спот за промоција на Македонија како археолошки рај [9]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Извори[уреди | уреди извор]