Витачево
Витачево — висорамнина во Тиквешијата, во јужниот дел на Македонија. Се протега во правец југозапад-североисток, во должина од 15 км, меѓу реките Бошава на југ и исток, Тиквешкото Езеро на р. Црна на запад и Тиквешката Котлина на север. Зафаќа површина од 122 км2, со средна надморска височина од 800-1.000 м, издигајќи се 500-600 м над околните предели.[1]
Висорамнината настанала со напластување на вулкански материјал (обично туфови) од избувите на вулканизмот на Кожуф.
Жариштето на поранешниот вулканизам се наоѓало од западната страна на Кожуф, долж денешната граница со Грција, кајшто се зачувани повеќе вулкански купи. Подрачјето се одликувало со кисел и избувен вулканизам со поголем обем на исфрлени андезитско-дацитски лави и пирокластичен материјал. Значителен дел од наталожениот материјал е однесен во поново време, а површината на некогаш многу попространата висорамнина е значително намалена. Поради неотпорноста на туфовите и оголеноста, Витачево е под многу силна ерозија, со бројни долчиња, долови, свлечишта (на пр. Градот) и други.[1]
Тврдини и археолошки наоѓалишта
[уреди | уреди извор]На подрачјето на Витачево се среќаваат повеќе остатоци од доцноантички тврдини и други наоѓалишта:[2]
Наречено по висорамнината
[уреди | уреди извор]- На висорамнината е сместен земјоделскиот аеродром „Витачево“, кој има тревна подлога.[3]
- Аероклуб „Витачево“ — клуб за спортско воздухопловство од Кавадарци.[4]
Цркви
[уреди | уреди извор]На самата висорамнини се сместени неколку параклиси, цркви во изградба и изградени цркви.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Висорамнини: Витачево“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 133–134. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Лилчиќ, Виктор (1988–89). „Доцнежноантичките тврдини во Тиквеш и Витачево“. Годишен зборник. Скопје: Филозофски факултет на универзитетот - Скопје. 15-16 (41-42): 115–129. ISSN 0350-1892.CS1-одржување: датумски формат (link)[мртва врска]
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аеродроми во Република Македонија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 23. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Аероклуб Кавадарци“. Македонска авијација. Архивирано од изворникот на 2017-10-04. Посетено на 15 November 2017.